www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Monster fish на Козјак
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=238
Страна 16

АвторCOLON  Boris [Вто Феб 15, 2011 1:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Monster fish на Козјак

Немојте да очекувате нешто којзнае какво чудовиште од репортажава, ама сепак, ако ги земеме емисиине на National Geographic, мислам дека имаме и ние што да покажеме, .......но.......да тргнеме со ред..... ;)

Веќе две три недели се токмевме да одиме на Козјак, да зачистиме едно место за бркање крап кога ќе се дигне водата. Де оваа недела, де другата, никако да отидеме. Но дојде на ред овој викенд. Во саботата дел од екипата работеше, падна одлука да се оди некаде во Недела.

Првично паметот не однесе на уливот на Козјак од кај Македонски брод, демек ќе бркавме клен на дренка......ама некако многу далеку ни дојде, кога се избројавме некако многу пари фаќаше патов до таму, имавме не многу сигурни информации дека јадело, еден од екипава болен падна и ни откажа љубов за во Недела и некако плановите се изменија.

Се мислевме, се мислевме и некаде накај 23 вечерта, падна одлука, идеме на Козјак од страната на Скопје, ќе бркаме клен, ќе го зачистиме местото кое оддамна сакавме да го зачистиме и ако ништо друго, ќе уживаме на убавото време. Влијаеше и репортажата на AkiRibar искрено баш ме копкаше што видел по заливите.

Бргу се растрчавме накај 12 вечерта, спремање на колата, багажник, чамец на багажник, врзување, пустење, подмачкување пента, средување свеќици.....и трк на спање некој сат.

И еве сме доле на езеро, нашиот џип со поткровје :D
[ img ]
[ img ]
Брзо распакување......опремата во чамец и таман да влеземе во чамецот не поздрави со скок една пастрмка тука во заливот.....бргу се накрцавме и секако одма воблерите......пофрлавме некои 10-тина минути, ама ништо од пастрмката што скокна.

Запаливме пентата и тргнавме, ред со ред.......
[ img ]
[ img ]
Дел од трските ги отежнавме и баравме подоле, а дел ги теравме со нормално влечење........

Времето беше кочан, ветре у коски ти влага, ама сепак сонцето огреа и направи неверојатна убавина. Езерото мирно, сонце грее, абе уживанција. Од риболовот не очекувавме многу, ама сепак се надевавме на некој кленко.

Околу 3-4 сата возење немавме никаков удар, по што една од трските нешто закачи.......тегни, мкни, излезе во кепче оваа лепотица.
[ img ]
Опаааа ПАСТРМКА, добар знак си рековме, ајде ако нејќе клен, можеби пастрмка ќе сака.

Расположението беше уште поголемо.....продолживме да влечеме. Не пројдоа 15 минути, повторно удар,...... таман почнав да влечам, на некои 30-40 метри од чамецот, каде и беше блинкерот....... во воздухот се изви прекрасна пастрмка со величествен скок. Скокот и беше како ајкула да рипна, неверојатно,..... можеби повеќе од метро во воздух, гневна на воблерот кој и беше закачен....после првиот скок уште еден ист таков, мислиш сака да го растргне воблерот......и успеа. Беше убава пастрмка околу 2 кила....ни пружи неверојатна борба и заслужи да се откачи. Ние, од кога се соземавме, почнавме да се гриземе од мука за пропуштената шанса, не престанувајќи да коментираме за величествените скокови што ги видовме. Сепак, риболовот продолжи во уште поубаво расположение. Влечевме уште некој сат, но немавме удари.

Дел од опремата
[ img ]
Поминавме доста терен, часот беше околу 12. Стигнавме до местото што го планиравме да го подзачистиме за некој иден крапски риболов. Се фативме за работа. Работевме еден час и назад во чамец.

Трските во вода и време беше за мезе, салатичка и троа ракиичка.
[ img ]
[ img ]
Мењавме воблери и блинкери, бцкавме салата и уживавме во сонцето – убајни невидени. Поминавме уште едно сат време влечење, но немаше удар. Излеговме и на копно на местото каде што ни се откачи пастрмката и тука фрлавме едно пола сат, ама немаше никаков сигнал, ниту од некоја братучетка на таа што се откачи, ниту пак некој кленко. Се вративме во чамец и повторно со влечење.

Времето се зафркна, надојдоа облаци, почна ветер по малку, а часот се наближување накај 16. Време беше да си одиме.

Таман зборнавме за идење и се онерасположивме дека ниту еден клен дента не ни удри, бап удар. Колегата Мишо-Кременадла, мкнеше нешто што даваше добар отпор. Немаше скокови во вода, се надевавме на клен и тоа и искочи. За брзо овој лепотан беше во кепче. Го подрековме кленко.
[ img ]
Кленов некако како да ни ја оддплжи одлуката да се собереме и да одиме. Продолживме да влечеме и да го шетаме теренот. Времето не газеше, за скоро ќе почнеше да се стемнува, а ние имавме доста додека се вратиме до колата.

Таман повторно запрајвме моабет за идење и повторно удар, повторно кај Мишо. Овој пат беше далеку посериозно.

Како што почна да тегне го видовме величествениот скок, што ни беше добро познат дента., од пастрмката што ни се одкачи сабајлето. И сега имаше загризано голема Пастрмката и ни го качи адреналинот до бесвест. Втор скок, трет скок, четврт скок, пастрмката беше како родео-бико. Немавме време ниту да снимиме дел од борбата и скоковите. Кој да мисли на снимање во таква ситуација. Невидена борба, невиден мерак. Пастрмката скокна можеби 15 пати додека не ја домкнавме до чамецот. Конечно ја собравме со кепчето. Толку беше дива, што половина уста ја имаше искинато при скоковите. На Мишо му се тресеа раце од возбуда. Започна песна, ....убавицата попушти на нашиот шарм.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Мишо видно расположен, ги собра неговите трски, со зборовите, “Доста ми е за денес, оваа ми направи мерак каков што одамна не сум осетил“. :lol:

Почна да се стемнува, бевме сами на езерото дефинитивно. Моравме да си одиме.

Сепак, Мишо ја фати мојата пастрмка, која јас ја откачив сабајлето :? и резултатот беше 2-1 за него. Ми направи пресврт во последни 10 минути. Сепак, што би рекол Полиз, утакмицата се игра до последното свирче......додека Мишо се совземаше од возбудата, моите воблери беа во вода.

Во последна минута од продолжетци, удар и кај мене......започна борбата, ......немаше скокови......бев уверен дека е клен,.... сепак не идеше лесно...... нешто добро се држеше под вода. Полека, полека, почнав да го приближувам до чамец. На 2 метри од нас здиве и почна да се плеска по водата. Свативме дека се работи за сериозна риба и дека не е клен. На трска имав Пастрмка капиталец која евидентно беше поголема од претходната. Продолжи борбата и наскоро госпожата беше во кепче. Едвај ја собра. Се работеше за вистинска госпожа-Пастрмка, бидејќи беше постара. Нејзината големина и нејзиниот кљун ја правea вистински Monster fish на Козјак.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Израмнив во последна минута Laughing.

Се стемни и беше редно да се враќаме. Се враќавме по темница, но со песна.

Ова беше прекрасен рибарски ден со сите нишани. Тргнавме без посебно спремање, без посебни надежи, а се вративме полни со возбуда и висински трофеи.

Поздрав до некои следни возбуди, со уште неколку слики од госпожата.

Ова беше болниот кој не дојде со нас и кој ќе си казнеше од газот Laughing
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

АвторCOLON  Филип [Вто Феб 15, 2011 2:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

Одличен провод, подобро што не отидовме на улив :)

АвторCOLON  kire [Вто Феб 15, 2011 2:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

АУУУУ,БРАВО МАЈСТОРИ па ова имало риба кај нас. :mrgreen: :D

АвторCOLON  Poliz [Вто Феб 15, 2011 2:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

Немам зборови :shock: :shock: :shock: секоја чест момци,ова се вика риба на годината.Ме попаливте за тролинг-влечење :mrgreen: :mrgreen: Сега пак на Пчиња да одите будали :lol: :lol: Да не мрднете од Козјак...ќе има и други трофеи ;) Браво и очекувам оваа тема да се развие до даска 8-)

АвторCOLON  Филип [Вто Феб 15, 2011 2:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

Poliz НапишиCOLON
Сега пак на Пчиња да одите будали
Фала.

АвторCOLON  kompir99 [Вто Феб 15, 2011 2:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

:shock: :shock: :shock: Respekt decki....Barem ke bideme nekoe vreme raat od Strumicani... :mrgreen:
Za drug pat ako vi fali covek za Kozjak slobodno vikajte,mene me vikaa kade i ti ne i ne otidov ama za kozjak sekogas sum normalno ako imam vreme.Neznam dali probave so srebremi kasiki ova vreme klenot i pastramkata ja lovat ne niv ali i bez toa ste pominale super....Kremenadla taa masta sto se mackas ja potrosi cela ili ti ostana uste malku i jas da se namackam.. :lol:

АвторCOLON  Boris [Вто Феб 15, 2011 3:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

Пробавме на све, пастрмките удрија една на блинкер и се останато на воблер. Мислам дека тешкотијата е на толкаво езеро да ја најдеш каде е, т.е она што го имаш ставено да помине близу нејзе. Нас ни удираа на различни воблери, така што неможе да се каже брка на ова, или на она, проблемот е да се најде.

АвторCOLON  CASPERSKY [Вто Феб 15, 2011 6:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

BRAVO MOMCI SEGA VEKE I NE MI SE PISE ZA STRUMICKITE BOJNICI!
SEKOJA CEST!

АвторCOLON  jupi [Вто Феб 15, 2011 7:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

:!:
No coment

АвторCOLON  vlade [Вто Феб 15, 2011 8:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Monster fish на Козјак

RESPECT :!: :?:

Страна 16 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/