Многу ми се сакаше на ова убаво време да му ја летнам за Грција
но во последен момент откажа друштвото ,а јас решен да го искористам топлото време што го даваа на прогнозата,се упатив кон блиската река, којашто тече на 7-8 километри од градот.
Покрај прогнозата за топло време
се беше под лед и слана
За мамец користев леб,а ловев со петметровата болоњеза,тапа 3 грама,конец 14 со подвез 12 и јадица OWNER FUNA бр.12
Водата беше многу брза и беше тешко да се контролира системот,на место кадешто се околу тебе е потенцијална закачка.
Најсреќен денеска ,сигурно беше сопственикот на риболовниот дуќан во Струмица,затоа што скинав сигурно 15 јадици
Дното беше полно со гранки,трски,капини и какви ле не гадости што ги довлечкала надојдената вода пред десетина дена.
Излезе и по некој бојник,да не е без ич
Како и да е,тоа ми беше прв излет во оваа година,и најважно е времето поминато покрај вода денес
На терен денес беше и Caspersky
,кој исто така помина многу убаво,па го очекуваме и него да се јави
Можеби оваа мала рекичка не е Пчиња
,ама еве кога нема друга варијанта-знае да направи кеф