www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Fly fishing between weddings
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2250
Страна 11

АвторCOLON  Dragan [Нед Jун 24, 2012 3:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Fly fishing between weddings

Периодов ми беше премногу зафатен. Пет свадби, кумство, мекици, момачки вечери, многу пиење, јадење и останати убави работи. Се е убаво ама ти фали она што најмногу ти фали. Со оглед на тоа дека вчерашниот ден бев на свадба повторно, а и за ден пауза во недела сум повторно на свадба мораше да се направи излет некаде.
Се решив за Лепенец. Првпат одам годинава и стварно не знаев како е ситуацијата. Таму жива срека е да ти се погоди водата :? . Доволно е еден да прави куќа, зграда, што и да е каде што нешто се копа земја. Ја кипаат со камиони во реката па цел ден не се бистри. Отидов накај границата со Косово скоро, па се спуштав надоле. Малку разочарувачки е фактот колку ѓубре се фрла и колку не се пази. Ти ја уништува идилата за којашто си дојден :evil: .
Нема врска, ке ловам. Реката сеуште големка, и не е ни бистра ни матна. Пробував наразлични мушички што макотрпно ги правев зимата, сечи, делкај, врзувај, лепи... Гамаруси, лептири, тврдокрилци... Видов во кутијата една што ја имав на ум и ја правев баш за Лепенец и Пчиња за клен. Не е класична мушица позната, туку некоја комбинација. Глава првин ситна зелено-жолта перла, па материјал сличен на сунгер кој убаво плови, тело хакел кафен и опаш од фазан. И ловна е и тоа како :D . Дента извадив 10-15 парчиња клен од кој поголемиот дел на неа. За жал остана на едно дрво високо и друга таква немав ама ке направам. Продолжив на нешто слично, мислам дека се вика бибио, самошто кај мене наместо главата црвена, телото и е црвено и обратно, опаш хакел и нозе хакел. На неа и при крајот ми удри и најголемото парче дента 300-500 грама.
Отидов по најжешкото сонце во два саат, за да ги избегнам овчарите со стадата и огромните кучиња со нив кои седат во реката и се ладат. Па оди мушичари покрај нив ;) :lol: Има некои комарци мутанти мали зелени кои ми оставија големи пликови а немав никаков инсект репелент.
Се на се неочекувано убав ден со добар улов. Сите риби што беа уловени беа вратени назад.



[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Gonny [Нед Jун 24, 2012 8:05 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Aaa drugar, pa ti si napravil mnogu kejf za "malku pari" :D :D . Ups i golemo bravo za C&R, sekoja cest...

АвторCOLON  spiro_jas [Нед Jун 24, 2012 9:15 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

браво драган одлична репортажа, браво за гестот со фати пушти и баш од лепенец мислам дека оваа е прва репортажа.
поздрав до тебе

АвторCOLON  howitz [Нед Jун 24, 2012 10:55 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Браво Драганчо, секоја чест, многу убав помин си имал, многу удари и убави кленчиња! :)
Си бил упорен и се исплатило, плус повеќе ќе ти се врати нареден пат со catch&release :)

АвторCOLON  kire [Нед Jун 24, 2012 12:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Браво другарче за репортажата и за фати пушти :D

АвторCOLON  Atanasovski [Нед Jун 24, 2012 2:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Odlicen provod i dobar ulov.

АвторCOLON  Boris [Пон Jун 25, 2012 10:34 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Браво и од мене, камо сите рибари да имаат ваква почит кон природата, одличен провод

АвторCOLON  Spaiva [Пон Jун 25, 2012 11:07 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Dragan, се на место и одлично презентирано.
Мушичарењево e вистински royal sport. ;)

АвторCOLON  ilija [Пон Jун 25, 2012 7:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Dagane moj,kad odes tiiiii......
Javi se,docicu i jaaaaa.......
Abe na 200 m mi e lepenec od rabotata
Super luftiracija.bravo za C&R

АвторCOLON  Dragan [Пон Jун 25, 2012 11:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Fly fishing between weddings

Местото е одлично. За мушишарење измислено,вирчиња и брзаци, реката ретко на кои места преминува преку метар - метар и пол и е добра за газење. Може да се лови на спин, тапа... Единствен проблем што мене ми пречи е градежниот шут и фрлено ѓубре на некои места. Како што ловев дојде мал камион и си искипа онака стар бетон и цигли ко ништо да не е. Незнам што да правам, нареден пат сликање и пријава по регистрација. Прекрасно е местото за да се уништува така.

Илија

Викендов што иде, во недела, или другиот викенд спремај се. Блиску е, одиме, и не треба џип :D

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/