Периодов ми беше премногу зафатен. Пет свадби, кумство, мекици, момачки вечери, многу пиење, јадење и останати убави работи. Се е убаво ама ти фали она што најмногу ти фали. Со оглед на тоа дека вчерашниот ден бев на свадба повторно, а и за ден пауза во недела сум повторно на свадба мораше да се направи излет некаде.
Се решив за Лепенец. Првпат одам годинава и стварно не знаев како е ситуацијата. Таму жива срека е да ти се погоди водата
. Доволно е еден да прави куќа, зграда, што и да е каде што нешто се копа земја. Ја кипаат со камиони во реката па цел ден не се бистри. Отидов накај границата со Косово скоро, па се спуштав надоле. Малку разочарувачки е фактот колку ѓубре се фрла и колку не се пази. Ти ја уништува идилата за којашто си дојден
.
Нема врска, ке ловам. Реката сеуште големка, и не е ни бистра ни матна. Пробував наразлични мушички што макотрпно ги правев зимата, сечи, делкај, врзувај, лепи... Гамаруси, лептири, тврдокрилци... Видов во кутијата една што ја имав на ум и ја правев баш за Лепенец и Пчиња за клен. Не е класична мушица позната, туку некоја комбинација. Глава првин ситна зелено-жолта перла, па материјал сличен на сунгер кој убаво плови, тело хакел кафен и опаш од фазан. И ловна е и тоа како
. Дента извадив 10-15 парчиња клен од кој поголемиот дел на неа. За жал остана на едно дрво високо и друга таква немав ама ке направам. Продолжив на нешто слично, мислам дека се вика бибио, самошто кај мене наместо главата црвена, телото и е црвено и обратно, опаш хакел и нозе хакел. На неа и при крајот ми удри и најголемото парче дента 300-500 грама.
Отидов по најжешкото сонце во два саат, за да ги избегнам овчарите со стадата и огромните кучиња со нив кои седат во реката и се ладат. Па оди мушичари покрај нив
Има некои комарци мутанти мали зелени кои ми оставија големи пликови а немав никаков инсект репелент.
Се на се неочекувано убав ден со добар улов. Сите риби што беа уловени беа вратени назад.