Поради многу работни и фамилијарни обавези риболовната сезона 2011 ја почнавме дури февруари.По консултации на форумов и со еикапата падна одлика,одиме Тиквешко.Недела сабајле тргнавме кај 4 сабајлината екипа во состав јас,Баже и Мики.Полека полека кај 5 стасавме на местолокацијата за паркинг.Појадовме и почнавме да се спуштаме на пикираното место.Нестрпливи да ги бањаме тапите,пуштивме прачките и удривме на правење на прихрана по една многу добра рецепта.Храна Ван дер енде 1/4 кг,1кг презла,2 суви леба,2 ванили др еткер и 2 кутичиња белки.Нафрлавме храна и поцнавме со рибарењето,во почеток приметивме дека водата почна да се повлекува,а нешто подоцна се зголеми за 50 цм,знаци цел ден водата варираше и стараше мали проблеми со фиксирање на дубината.Од опрема киристев 5м прачка,12 влакно,16 јадиче со краток врат и 5 грамска подвижна тапа.Како за прв пат во сезонава решивме да експериментираме со се затоа и ефектот на улов ни беше помал,но реално рибата јадеше одлично.Првиот удар го имавме на 14 м длабочина и тоа убави црвеноперки(не многу јадри ама не и ситни)за векје кога качувавме на 12 м длабочина почна и белвица.Во меѓувреме дојдоа и чуварите,како наближуваа видовме дека се велешани па и одозгора пријателчиња.И со нив малку муабети абре убре помина повеќе од час и половина во муабети.Ајде после тоа фанавме малку викендашки скариче,пивце,ракииче и се пуштивме во втора тура пец.Додека се пуштивме дојде и време да се пакуваме и да тргаме накај Велес,ама како за прв рибарски викенд малку улов повеќе смеа ни помина перфектно,и си се вративме насмеани до уши,со договор следниот викенд повторно да сме таму а овој викенд ке го жртвуваме на езеро младост во Велес.Еве во прилог и неколку фотки,бидејќи занесени од прв излет после подолго време немаше кој да пека за да се прават повеќе слики хехех сите бевме стилени во рибарлакот
ке ставам слики накнадно бидејќи се преголеми треба да ги средам