www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Кец у два Гогомонд
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2101
Страна 19

АвторCOLON  kircask [Нед Maј 20, 2012 11:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Кец у два Гогомонд

-Како што се договоривме на форум тоа и го исполнивме, сабајлето се товаривме комплет кај Мартин во кола и правец Гого. Тамо стасавме во рани зори јас Мартин и Максим, и на нашата позиција поставивме трските. Времето беше многу променливо притисокот паѓаше , растеше но езерото да ти е милина да го гледаш утринска магла падната на него, роса насекаде и ние на брзина да се распакуваме, параболиците на позиција. И се почна со прихраната Мартин исфрли добри 10 ракети спод микс, све беше на позиција спремно. За половина час почнаа да доаѓаат луѓе, кога од тамо гледаме ни идат колегите од форумот Спаива баитс :D, гледам идат со појачање иде и Борис со нив, се видовме си поприкажавме и повторно падна договорот за натпревар меѓу нас кој ке извади повеке риба така и беше.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
И они не губа многу време се стационираа спроти нас од езерото, се наместија за брзо време фрлија параболиците они поведоа со 1-0 удри крапчо кај нив. Да напоменам не беше крапот расположен како прошлата недела слабо се хранеше просто не сакаше да чепне.
-За половина час го даде и кај мене ударот на крапчо го имав до донесов до обала, но немав срека да го извадам само ме поздрави и си замина :D. На езерото почна да иде доста народ скоро сите позиции се пополнија за еден час, и почна со прихрана од сите страни.
Сите седиме милиме тактики ПВА кеси сме се разврзувале, кога од тамо доага и нашиот колега Сергеј, се видовме упознавме има богами многу да се учи од него беше расположен за соработка дружба.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Еве ни го Хемичарот со неговата дип маса дипови колку сакаш системи чуда надмудрувања се вртеа на масата. Све беше накрмено скоцкано и за 40 минути ете го вториот удар кај Максим со убав крап од 2-3 кг.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Секако слика со рибата и рикверц назад, резултатот беше израмнет 1-1 со Спаива баитс :D.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Рибата како што казав не беше расположена тешко искачасе по некој крап од променливото време.
За половина час ете го ударот кај хемичарот Мартин еден ран викаме ова нешто големо :D. Тоа да било мало крапче боцнато и од паника зима ли зима конец.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Веке резултатот се сврте во наша корист 2-1 за нас, почнаа да извикуваат од тамо Сергеј ни помагал :D , ние си кутиме си чекаме.
Максим монтираше некои системи чуда па и тоа даде резултат со едно крапче од црнецот :D.

[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Беше веке 3-1 и престанавме да броиме немаше смисла, но колегите се држеа гледам и они вадат крап на пченака-чоколадо.
Ние овој пат го форсиравме Squidot 10mm bojla, го сакаше па и не баш. Јас бев уште за овошната на Мартин што ја имаше прошлиот викенд работеше одлично.
Мартин спие крапови се нижат, беше изморен од патот и си одмори едно два часа.
Кај него почна да пипка па пауза, тоа беше веке крап од 5кг кој се закачил и си дремел, никаков дрил ништо.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Повторно удар кај Максим крап од 2-3 кг сите бевме задоволни со убавите риби што излагаа.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Почна веке да припекува јако сонце , и рибата не работеше. Никој од никаде не вадеше езерото влезе во тишак добри 3 часа, секој бега под сенка си ладно пиво. Кај нас на позиција муабети сто, се вртевме околу колегата Сергеј околу новата опрема што ја зел , навистина беше све така одбрано скоцкано, параболиците му беа врв нема што, свингери , бипери. Убавина за очи , сите му посакавме со здравје да си ја користи а богами ги пробавме параболиците како работат. Јас и колегите бевме многу задоволни од него , затоа што човекот буквално за секое наше прашање имаше убав одговор кој држеше вода од неговото долгогодишно искуство во крапскиот риболов.
На Мартин и Максим им излезе нешто па околу 3 часот почнавме да се пакуваме и на една од трските имаше еден добар ран, просто биперот полуде, ете ја дојде и втората 5ка убав едар крап за крај кој не поздрави.
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
[ img ]
By kircas at 2012-05-20
Тоа беа рибите извадени од 06 часот до 14 часот.
Дружбата беше одлична па поздрав до следната репортажа на вода БИСТРО.

АвторCOLON  kircask [Нед Maј 20, 2012 11:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

Една работа видовме неубава тамо од некои колеги рибари, дали беа татко и син не знам стварно. Дечкото е сигурно на форум , но другиот човек кога си одеше во чуварката носеше 2-3 крапчинња кој ги фатил во околните дупки околу Гого беа со грамажа од 100 до 150 грама . :oops:

АвторCOLON  MaximJaki [Нед Maј 20, 2012 11:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

штета само што Спаива & Борис Бајтс не си останаа на ветенето и не частеа пиво :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  Spaiva [Нед Maј 20, 2012 11:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

Абе бајтси низаедни, со 1 параболик ви такмичев тамо. 8-)
Имавте 12 трски пуштени, запоседнавте. Башка на црв фаќавте струшки, ви видов у бокс. :lol:
Згора на се со Фабио Капело тамо појачање имавте. ;)
Ке се видиме првиот викенд после 15-ти јуни коа ке се комплетираме со опремата, мислете му ја.
Инаку извадивме уште 3 крапа (3.460, 4.820, 2.650) :mrgreen: сликите се кај Борис ке ги качи утре.
Да потсетам дека имавме неверојатни 4-5 откачувања до нос.
Сума сумарум имавме 7 крапа извадени, 5 откачувања...така да не сте тепале баш.
Пред нас бевте 2 саата, и среќа што ви купив батерии за сигнализаторите, ке беше дебакл. 8-)
Ке потврди Борис, кај него е се документирано. ;)

АвторCOLON  MaximJaki [Нед Maј 20, 2012 11:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

откачените не се бројат, ако ги броиме и нив тогаш "Капело" имаше преку 100 откачувања :lol: :lol:
иначе 8 комада извадени...

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Maј 20, 2012 11:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

MaximJaki НапишиCOLON
штета само што Спаива & Борис Бајтс не си останаа на ветенето и не частеа пиво :lol: :lol: :lol:

штета што избегавте од езерото на полувреме :lol: :lol: :lol: ние од ветеното не бегаме

прошлата недела частевме пиво иако победата беше јалова , но поради уловот на денот што го имаше Мартин , пивото го плативме ние ;)

АвторCOLON  Krki [Нед Maј 20, 2012 11:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

Ve rasturile sega i ti odma ne e do tebe do Boris e hahahhahaha............

АвторCOLON  kircask [Нед Maј 20, 2012 11:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

Da sedevme vtoro poluvreme ke ve dotepavme :D na kraj koga si odevme imavme 5 ka taman pocna ribata da raboti...... :D imame dva ne slikani krapovi po kilce :D

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Maј 20, 2012 11:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

Крсте , собери трските па бујрум да частиш пиво ... доста дремеш дома дојди малце на дружба :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  Krki [Нед Maј 20, 2012 11:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кец у два Гогомонд

Nekanet gostin ne odi nigde na divo brat na divo ke odime ne na jezovir sto vika Ico a za pivo nema problem i gajba ako sakas.

Страна 19 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/