www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Микро кампања на Росоман http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2055 |
Страна 1 oд 5 |
АвторCOLON | Spaiva [Пон Maј 07, 2012 1:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Микро кампања на Росоман |
Јас, Тафтабит и ВладоМКД изгорени за на вода и после скоро 1 месец обврски и турбуленции кои ми го забавија процесот на уживање скроивме еден екстра брз договор за мало опуштање на езерцето во Росоман кој пред неколку години вроди со екстра улов. Тамо се ваделе крапови на 5+ и амури кои давале борби невидени, секако караш во изобилие и по нешто клен и костреж. Тргнавме рано кај 4ч. за да се наместиме со време и со надеж дека ке направиме супер инстант риболов, со спремен спод микс за прихрана и неколку ароми на поп-ап (цц). Пуштени подолги предвези знаејќи дека езерото е доста затревено но тоа што го видов просто ме фрапираше. Еве како изгледаше одкога се наместивме и едвај најдовме мал простор за да фрлиме. Трева, алга, некои 300 отпадни растенија одозгора, но тоа е тоа моравме да почнеме во моментот со поинтересниот дел. После утринската терапија со мезе и ракија , малку разочарани, Владо и Тафтабит си наместија тапчињата. Cи направија простор да фаќаат караш за да биде нормално интересно и да не го потрошиме денот жалејќи го езерото како лошо изгледа и фаќајќи се за глава кога на 15 мин ке имаше по некој скок како да се фрлил човек во вода. МНОГУ РИБА!! КРАП!! Толстлобици отвараа усти низ цело езеро помеѓу тревите...НЕВЕРОЈАТНИ ГЛЕТКИ. Но, од прав слободен крапски риболов ни тронка! Еве што добивме од резултат: Мали лани измрестени крапчиња до 150-200гр. Извадивме на црв преку 30-40, и жал ми беше да ги вратам назад од тоа што го гледав каде треба да растат. Сакавме да ги собереме во кофа и да ги пуштиме на Велешко, но сепак тие не се наши и останаа тамо каде што се со надеж дека ке доживеат да пораснат како роднините негови што рипаа наоколу. Позитивната енергија продолжи со изненадувачки гест од Владо. Извади еден воблер кој го направил за мене како подарок за роденден (иако е рано) и истиот изгледа неверојатно добро. Неможел да дочека до крајов на месецов па го прифатив подарокот со задоволство. Едвај чекам да го пробам... Дојде веќе 3 часот и се спакувавме зошто немаше логика повеќе да се остане и пак ќе напоменам дека го напуштивме езерцето со разочарување не поради рибниот фонд, туку поради негрижата од концесионерот извесен С.Р. кој се надевам ке проба да ја санира состојбата на истото. Така разочарани и по платени дневни карти , видов и една слика што навистина ме фрли во таква иритантна состојба, но за тоа друг пат.... Тргнавме назад и сакавме да пивнеме по некое пиво на Велешко и го побаравме Зајакот од Велес каде наидовме на доста конструктивен муабет и екстра поминато време со мнооогу пиво. Еве го Зајакот со презентација на лице место. Kaj 8 часот вечерта спраштивме накај дома и колку толку освежени бевме задоволни од дружбата и позитивната енергија што сами си ја направивме. Поздрав до сите и Бистро. |
АвторCOLON | VladoMKD [Пон Maј 07, 2012 2:10 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
Сега уште да акнеш еден капиталец на жапчево и да баталиш крапски риболов |
АвторCOLON | Филип [Пон Maј 07, 2012 2:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
Не е С.Р, туку е С.К И сте требале да отидете на полуостровот, кај што бев јас со татко ми, кога се погодивме во исто време таму |
АвторCOLON | Krki [Пон Maј 07, 2012 2:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
Ke bapne Dime kapitalec ako ne na ezero vo krevet sigurno.....hhahahhahaha Da se nadovrzam za ezeroto covekot ne saka namerno da go sredi sega za sega e orentiran za nesto drugo i posle toa mozebi i ke go dotera kako sto lici. |
АвторCOLON | Spaiva [Пон Maј 07, 2012 2:31 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
Ма и на полуостровот беше обраснато бар 5 метри, а инаку за капиталецот ке си дојде кај да е. Нема вечно да бега...сеа да се комплетираме ко што треба од јуни месец...ке дојде кај да е. Само морам прво крап капиталец да се појави, инвестирам у него. А тој за у кревет, ехехехехе крки крки... |
АвторCOLON | Филип [Пон Maј 07, 2012 2:35 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
Диме, ќе отидеме заедно на тоа езерце, ќе ти кажам кога и како, и ќе фатиш капиталец |
АвторCOLON | VladoMKD [Пон Maј 07, 2012 2:36 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман | |
Не е С.Р, туку е С.К И сте требале да отидете на полуостровот, кај што бев јас со татко ми, кога се погодивме во исто време таму
Имаше луѓе таму, баш на вашето место, ништо не извадија. Крапот се мрести, нејке да чепне, има поважна работа Интересно е што односот Крап/Караш - (Крапчиња од ланскиот мрест) кои случајно ги ловевме бркајки караш беше 10 спрема 1 во корист на крапот. Од прилика на 10 крапчиња едно карашче излагаше, што навистина ме изненади позитивно. |
АвторCOLON | spiro_jas [Пон Maј 07, 2012 2:36 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
ајде има и нареден пат инаку интересно езерце , можда требало да пробате да нараните едно место за на тапа и да ловите на шечерац можи да дадеше некое поголемко крапче -инаку зајакот опасен е одма со заби кини врзва хаххаа нема застој кај него - поздрав |
АвторCOLON | Филип [Пон Maј 07, 2012 2:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
Владо, така би било насекаде, кога би биле водите заштитени |
АвторCOLON | Fiksna [Пон Maј 07, 2012 2:38 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Микро кампања на Росоман |
А бе Диме... Си требал да ги собереш крапчињата. 40 парчиња x 200 грама = 8kg крап, што не е за потценување! (НАПОМЕНА: мала шала пред да ме утепате со коментари) |
Страна 1 oд 5 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |