Синојка утепан до даска од Дојран,после тоа чистење риба до касно,ми се јави другарот,не му се седело дома другиот ден и по кратко размислување паднадоговор,каде ако не на златниот ни Козјак...
Ама да одиме преку Јасен,повеќе како излет и проштека и да маркираме некое место за понатака...
Во пет часот стигнавме пред Јасен и го чекавме успаниот чувар да ни ја отвори портата за влез во рајот(Козјак)....
Како мали деца нестрпливо чекавме да ни отвори и да си ја бркаме работата за која појдовме..
Откако не пуштија нас и други три коли тргнавме преку Јасен,патот го знаете тесен,кривини,одрони...
А новиот пат,асфалтиран,со две ленти...милина
Или не...
Одрони на секоја кривина,некои и по 3-4 метри високи и на цела лента испопаѓани.Језиво до немај каде..
Се возевме покрај езерото,зјапаме,разгледуваме,застанавме негде пред улив 2-3 километра и оп одозгора гледаме рипна едно убаво парче.За брзо време друго...И толку требаше,ни го запали фитилот...
Земавме трските и надоле ко диви кози(во случајов прчови)
А Треска носи ѓубре по езерото,за сите пари...дрва,гранки,шишиња пластични,и што ли уште не...
Фрлавме саат ипол,де на џигер,де на чаирски црви,на калифорниски,на бели плашката си играше к...т
Видовме дека рибата што скокаше само не поздравувала,се собравме и назад накај мостот(рано е за црнецот)..
Поглед лево
Поглед десно
Се спуштивме доле под мостот во едно заливче и тука да пробаме.И овде иста песна едно два саата,се додека нешто не ми го зема чаирскиот црв...Успеав да ја задржам едно триесетина секунди,и ко од шала ми го скина 0,25 конецот.Претпоставувам дека беше пастрмка,јака и борбена....клен да беше и да е покрупен,на влечење е млитав,тек на површина дава отпор и контра..И тоа беше цел ден,пцуев цел пат навака од мака и нервоза...
Црнецот ни мавташе од мостот и се оштреше за уште едни муштерии кои ке го папаат..
Меѓутоа искочи фер црнецот,па ни понуди вип картици,да бидеме негови стални гости,кои секако ги одбивме...
И на крај,кога нема да фатиш риба,што друго ке пишеш,освен:Битно си поминав убав ден во природа покрај вода,мезенце,ракииче и сите салтанати исполнети
Ке заборавев,маткајки се по гранките околу брегот,си го најдов ова воблерче..мало пастрмче
Доколку некој си го препознае,може само да ми посака со здравје да си го служам и да ја закачам вујнaта на малово пастрмче
Бистро.
_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite.