www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Се во знакот на СЕФТЕТО :)) http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1866 |
Страна 1 oд 7 |
АвторCOLON | Poliz [Чет Maр 22, 2012 1:04 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
20 март-одамна заокружен ден.Пресметано по календарот оти нема Лига Шампиони,оти ракометот Металург-Загреб ќе биде завршен,оти новите нарачани работи ќе се стигнати и спремни за сефтосување...времето веќе се гледаше дека ќе биде супер,обврските подредени за токму од 20 март да нема што да ме спречи за по риба.... И така 20 март дојде,јас останав без колега од тука,но и тоа не ме спречи да му запалам гумите на Витото и да му ја спраштам сам во туѓина Румен од Сандански беше отиден ден пред мене,е он секаде планира да оди ден пред мене за да ми го фати местото Мала шала на негова сметка И така и бидна.Не можејќи да дочекам некое разумно време за тргнување,тргнав по полноќ,рачунајќи да стасам таму околи три сабајле,да го најдам Румен и додека да се раздени да се распакувам,да ги наредам трските за сабајле да не губам време,за да ми остане кога ке се развидели само да ги намамчам трските на тапа и веднаш да почнам на спининг...Но планот се растури како меур од сапуница.Стигнав во три,но магла прст пред очи не се гледам.Знаев во периметар од 500 метри каде ќе е Румен,но калта темницата и маглата не ми дозволуваа да го најдам.Телефонот го исклучил кога спие,исто како мене и немаше што да се лутам освен да ја пцујам маглата.Над два часа преседев во Витото,и кога побеле малку надвор го видов Румен на 50 метри од мене,хахахаха-Баксуз ,хаха а не ја слушнал ни свирката на Витото-се убив од свирење. Да споменам дека тргнавме на грабливки и од мамец носев црвеноперки и караши живи во полна кондиција и плус чаирски црви од Аце Максим и секако арсеналот од железа за спининг. Само што почнав да се распакувам,веќе бев разочаран-водата беше надојдена и местата кадешто требаше да се наместиме беа убаво поплавени и кал до колена.Мизерија.За пет минути веќе бев мокар до колена,чизми немав затоа што пред три недели поминав од таму и теренот беше писта. Ги измавав така мокар тапите ,се пресоблеков и очаен легнав во Витото.Спиев до 11-00.Инаку кај Румен немаше риба од претходниот ден до сега.Се навестуваше полно промашување. Кога станав,веќе беше над 20 степени.Се соблеков на шорц и влечки и решив нагазен во кал да пробам на спининг,без ниту грам надеж. Форсирав кашики за штука-но од неа ни трага ни глас.Започнав и со поголемите....Сменив се,и пак ништо ,за пак да се вратам на оние 22-24 грамските.На ред дојде новиот модел на ДАМ ЕФЗЕТ ПРО,ако не се лажам,по урнек на оние старите дамови кашики. Прво фрлање и уште се потсеќам...следеше најневеројатната борба во мојата рибо-кариера Акцијата започна со благ удар-типично штукарски (на штука од кило мислам )Но мислев дека е мала штука само првите20-30 секунди.Веднаш потоа гласно се извикав.Кееееп-сом е ,а не штука И овде веќе кога бев сигурен дека е сом,набивајќи тапо кон дно и лепејќи се доле-веќе се поставуваше прашање... колкав е? Набрзо заклучивме дека е крајно сериозна и убава риба.Не се даваше....Нон стоп се лепеше за дното и легнуваше.Успеав да го извадам на површина на некои 20 метри од брег и кога се преврте со опашката,кажав дека мора да околу 20 кила.Вистинската борба само што започна,колку јас го приближував до обала,толку тој дрско и шарлатански само ќе ја подигнеше опашката,ќеја превртеше и за секунди пак по дното бегаше кон средината.Корморанот 20-60 акција,2,70 см се виткаше како кифла.Машинката го испушташе најблажениот звук што постои Колку и да му стегав по малце,тој и натами зимаше како луд.Во тој жар-кога би ме прашале колку траеше борбата-појма немам.Ми помина како секунда а саатот викаше дека биле околу 25 минути Вадењето т.е црпнувањето беше исклучиетелно тешко,поради појасот од 1,50 метар пред мене со пресно кастрени трски.Румен пропадна во водата цел...па ќепот му падна и со голема среќа го најде под вода(сето тоа додека сомот беше донесен пред мене и додека се борев да не му дадам да ми се заплете околу густиот шавар. Епилогот беше ни повеќе ни помалку туку 30 килограми сом рекордна риба за мене и риба живота што би се кажало. Честитки со Румен,и прва тура фотографии Виновникот Одлична кашика со многу јака фабричка трокука. Еве од каде излезе сомот надвор па проценете ,какво лошо место за вадење беше... А и сите места беа налик на ова Потоп невиден Опремата,што ќеја памтам секогаш Корморан трска 2,70 метри акција 20-60 нов конец Berkley Whiplash CAMO,ако не се лажам точното име(пуштав и тема за него да се распрашам)0,15 мм(и тој сефтосан сега ) Риоби Екусима машинка ,и секако кашиката на Дам-DAM EFFZETT PRO SPOON 23 gr PERCH-SILVER. На тапа немавме ниту еден удар Еве ја монтажата што лани ми ја покажа Румен Монтажа за чекање сом одма под површина на тапа. Доле трокука со рипка,на десет см над неа голема сомска јадица со убав грозд црви и малку над подвезот 100 грама тапа.Над тапата со закачалка оди конец тенок (долг колку што е длабока водата таму) до шише врзано пак со тенок конец за мал камен или олово.(сето тоа ја држи тапата со мамецот на 30 см под вода,стабилно на едно место)Ако удри риба на системот,шишето со каменот ќе отпадне при првиот посериозен отпор од страна на рибата. Интересен систем-ама овојпат не даде риба. Вечерта, сефте и на мојата нова тава за по риба која ми ја правеше еден ковач во Струмица.Огромна калајдисана бакарна тава смукни -голтни ги прави и рибите и месото Во меѓувреме сефте и на новата челна лампа од Васил Многу добра ,со јак сноп светлина и лесна како пердув На здравје од Румен и ребрата и колбасите ја добиваат посакуваната боја После добра порција и убаво сефтосаната тава,на ред уште едно сефте-новата вреќа за спиење Фокус Карп Полар 5 сезони,спиев гол внатре и се ширев сам Утрото изгледаше вака преку замаглениот прозорец А надвор истата мизерија од вчера-кал до уши сега,не само до колена Снеговите уште си играат к.р ташак со нас. Румен чепка нешто по кутиите Јас-веќе собран и готов за тргнување (секако пробував цело утро на спининг)Имав уште еден удар на дупла дамова 45 грамска кашика,но се беше краткотрајно,во период од 7-8 секунди,два пати благо ми ја наби трската и го/ја снема.Не дешифрирав за толку кусо време дали беше сом или штука. И секако сега следуваше продолжена фотосесија со мојата риба живота Уште само да напоменам дека ноќта сомот беше исфрлил од себе неколку големи караши И сега малку РЕД РИБА,РЕД МУСКУЛИ од карабатакот Румен И тоа беше се По пат назад малку пролет малку зима Сега ќе си легнам со пожолтени гаќи и од срце му посакувам на секој да го искуси ова што вчера јас го доживеав П.С Главното сефте беше сом на спининг |
АвторCOLON | Илчо [Чет Maр 22, 2012 1:09 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
Ииии види го сомот Ццц море тоа стварно е риба што ќе се памти цел живот.Репортажата е супер али како капак на све беше сомот Секоја чест за сомот уште многу такви па и поголем да фатиш |
АвторCOLON | acemaksim [Чет Maр 22, 2012 1:15 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
bravo druze epten keif napravi neka se mnozat somovite godinava syper reportaza i preubav som mene toj mi kidna vo sabotata i ti odma go fati ahhahahaha pozdrav |
АвторCOLON | Poliz [Чет Maр 22, 2012 1:17 am ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) | |
bravo druze epten keif napravi neka se mnozat somovite godinava syper reportaza i preubav som mene toj mi kidna vo sabotata i ti odma go fati ahhahahaha pozdrav
Румен полуде остана и вечерва...па утре ќе видиме како поминал
|
АвторCOLON | vice [Чет Maр 22, 2012 1:22 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
cestitki poliz , iskreno sekoj koj odi zasluzuva da dozivee barem ednas vakva borba so som |
АвторCOLON | limun75 [Чет Maр 22, 2012 1:26 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
То бре мајсторе,го извлече мугарето... Честитки за уловот,можам да замислам како е да се има таков противник на јадица....Екстрим фишинг.. |
АвторCOLON | akiribar [Чет Maр 22, 2012 1:27 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
AAAAAAAAAAAAAAAAAAAA BRAVOOOOOOO BRATUUU MNOGU ME IZRADUVA SO TVOJATA RIBA ZIVOTA )))) CHESTITKI NAJJ NAJJ ISKRENI OD MENE KON TEBE I USHTE MNOGU GOLEMI SOMOVI BRATUUU LUDILOOOOOO POZZZZZZZZ |
АвторCOLON | howitz [Чет Maр 22, 2012 1:28 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
Браво, каква бомбастична риба, само човек да посака вакво нешто да му удри. Дефинитивно сом е среќа да ти удри. |
АвторCOLON | kircask [Чет Maр 22, 2012 1:30 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
Ehhh Poliz adrenalin za site pari da go drzis ova cudo na 20-60 trska da se nizat mnogu vakvi. |
АвторCOLON | Spaiva [Чет Maр 22, 2012 1:33 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Се во знакот на СЕФТЕТО :)) |
Што да кажам ... Алал вера и no comment!! Се си кажал сам и сликите се со милјарда зборови! |
Страна 1 oд 7 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |