www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 11:29 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Грчка речна идила
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 26, 2010 10:39 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Кoга неможевме да одиме минатиот викенд во Грција, поради кое што останав како болен пред компјутерот цела недела, бевме цврсто решени овој викенд да не го пропуштиме за ништо на светот.
Екипата ни се растури во последен момент, затоа што кој бил на службен пат, кој останал без кола, кој сакал на друго место :D , за да на крај останеме само јас и колегата Мики.
Полни со емоции но и со карашчиња за мамец :D кинисавме уште во мракот кон реката.
Ете на каква глетка наидовме -
[ img ]
[ img ]
Саботно дождовно утро. Расположението остана на ниво, ги фрливме трските за штука и се започна со чекање .
Да,ама не :o , немаше чекање. Заблата чекала некој да ја фати .
Првата убавица беше во кепот, коешто означуваше еден убав почеток на еден уште по убав викенд .
[ img ]
Еве ја заблата од друга перспектива.....
[ img ]
Не мина многу и излезе еден вистински боздоган од водата Surprised
[ img ]
Ете како лежи до чизма бр 46
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Дигиталната вага се колебаше меѓу 4.600 и 4.800 и си направивме еден компромис со неа :mrgreen: рибата да е 4.700
Дождот не престана се до вечерта до десет часот, но си наоѓавме занимации и на вака дождлив ден, на здравје ;)
[ img ]
А и по некоја рипка не подигаше од под чадорот
[ img ]
Имаше и ситни, за коешто се радувам
[ img ]
и ајде дома да ја викне мајка и :)
[ img ]
Со мракот ,веќе бевме во Витото
[ img ]
Ете како не пресретна неделното утро
[ img ]
[ img ]
Мики ги започнува --
[ img ]
Излегуваа попадики, и чат пат бојник,клен,па дури и еден залутан караш :roll:
[ img ]
Не им направивме општа фотографија , оти штуките ниго поматија умот :D
[ img ]
Како краен резултат,имавме седум штуки, и неколко изгубени од коишто за две ми е мака.
Првата го голтна целиот метален подвез(сајла) и одгриза конец бр 40 на 10 см над сајлата, а втората скокна во воздух еден метар, кога веќе ја видовме во кепот ,и си замина во мајчината и :(
[ img ]
Останавме многу задоволни, и со нетрпение го очакуваме следниот излет,но појачани со целата екипа.
Ете како малиот мој Гоце се мери со "големата либа" хехе
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Грчка речна идила
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 20, 2011 9:22 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Bravo decki odlicni ste.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Грчка речна идила
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 22, 2011 11:34 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Феб 20, 2011 11:22 am
МислењаCOLON10
ЛокацијаCOLONBulgaria
Браво, страхотни щуки сте уловили! ;) :P


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 16 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum