www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Промашен ден на Пчиња 2 http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=140 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | kire [Пон Дек 13, 2010 8:45 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Промашен ден на Пчиња 2 |
Со надеж дека реката е стабилизирана од големите води се упативме на Пчиња,Горно Коњари.Реката навистина стабилизирана,водата добра за риболов времето одлично за зимски риболов. На крајот со празни чуварки се собравме и назад,без ниту еден единствен удар.Двапати кога огреа сонцето рипна од спротивната страна и тоа големи парчиња во самите гранки и тоа беше се.Водата навистина паѓаше-се повлече 5-6см од сабајлето до нашето заминување,можеби тоа е причината незнам има многу можеби... Ја гледав во саботата емисијата за риболов на тв КЦН која е од 19-19,30 часот,ловеа на Јужна Морава во околината на Ниш,мрена и бојник вадеа и тоа парчиња за мерак на оние тапи што ги викаат лижавчиња кај нас,реката голема како Пчиња а преполна со риба.Навистина се прашувам дали некогаш ке правиме и ние таков кејф но тоа е тоа. |
АвторCOLON | Филип [Пон Дек 13, 2010 9:27 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Промашен ден на Пчиња 2 |
Кире, како се промашивме бе? Ние бевме над мостот едно 500-600 метри, 100-200 метри пред малото клисурче кај неколкуте викендици. Отидовме и под мостот, ама не сме се виделе А кои ти се тие тапи “лижавчиња“? Дај линк/слика? |
АвторCOLON | VladoMKD [Пон Дек 13, 2010 11:56 am ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Промашен ден на Пчиња 2 | |
А кои ти се тие тапи “лижавчиња“? Дај линк/слика? http://www.cralusso.com/angol/torpedotuning.php |
АвторCOLON | kire [Пон Дек 13, 2010 1:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Промашен ден на Пчиња 2 |
Токму такви тапи,и тоа ловеше со 8 грама тапа,кај нас не сум видел такви.Имаше порано едни слични на црв пазар,имам дома сум пробувал порано на тие.Инаку им препорачувам на сите да ја гледате таа емисија се вика СВЕТ РИБОЛОВА,презентерот е Драган инаку има продавница за риболовна опрема во Ниш се вика Бистро.Не е ова никаква реклама,едноставно вреди да се види,нешто да се научи а пред се водите или терените кои се полни со риба.Оди на ТВ КЦН секоја сабота од 19,00 до 19,30 часот. |
АвторCOLON | kire [Пон Дек 13, 2010 1:59 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Промашен ден на Пчиња 2 | |
Кире, како се промашивме бе?
Ние бевме над мостот едно 500-600 метри, 100-200 метри пред малото клисурче кај неколкуте викендици. Отидовме и под мостот, ама не сме се виделе А кои ти се тие тапи “лижавчиња“? Дај линк/слика? Ние сме биле малку погоре,на враќање застанавме кај мостот во Горно Коњаре но немаше никој.Што се однесува до тапите,мислам дека е пред се важно богатството на рибниот фонд во нашите реки, а тоа е мизерија,несамо на Пчиња туку секаде. |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |