www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 6:24 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 12:18 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
Четврток, досадно по дома, а сонце огреало како да седиш дома. Кафенце со другарче и што да праиме да утепаме некој саат - трските, некој црв од бавча, крма и пченка што останало од претходен пат, некоја ракиичка за ние да се накрмиме :D палење моторчето, па бидејќи живееме во населба Ченто, прекутрупа правец Смилковско езеро.
[ img ]
Доколку некој не знае кај се наоѓа ова езеро, одозгора е обиколницата а тоа лево е комплексот Железара.
Кога стигнавме на терен, за работен ден рибари куп. Најдовме едно место помеѓу другите рибари, закачивме црвите и пуштивме. Немав од дете идено на ова езеро, па ме интересираше што риба држи езерото. Одговор стандард: караш, сунчица, амерички сомчиња, костреж и крап. Старите рибари викаа дека имало многу риба, и тоа и крупни парчиња ама не е сеуште доволно затоплено па не јаде како што треба. Прашав и за чувари, и за мрежари. Рекоа дека некој го имал земено под концесија ама уште не го работел. Тоа ми беше малку нејасно како некој зима под концесија, дава пари, а не го работи. Тука нешто смрди! :D Ми рекоа дека чувари немало, а мрежари стандард како и секаде во државава.
Еве неколку фотки од лице место :)
[ img ]
[ img ]
Една фотка од "колегата" на "дело" :D
[ img ]
И да нешто за нашиот улов: Фативме две карашчиња, кои не ја ни мрднаа тапата, еден на бел црв, еден на црн црв. Колегите околу нас и тие извадија по некој караш, по некој костреш и 2-3 амерички сомчиња. А сите партал ги направивме сунчиците - фрли вади фрли во нивата позади нас :lol: :lol: :lol:
Еве и една фотка од едното карашче.
[ img ]
Не сум некој искусен и успешен рибар, и ова е прва моја репортажа на форумов, целта ми беше да дадам некоја информација за езеро кое мислам дека до сега не е споменато на форумов.

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 1:44 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON409
ЛокацијаCOLONAERODROM
..другар баш ме потсети :) на ова езеро прв пат имам отидено на некој 6 годишна возраст сам со трската и точакот под мишка тоа ти е негде 1983/84 год.(после тоа ќутек цел ден :lol: :lol: :lol: ) памтам дека тие мештаните од таму вадеа преку десет крапа на ден и еден не беше помал од десет кила (магариња),колку мене беа!!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 1:59 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
И ние како деца идевме таму со точаците, ама одавна немам отидено, и сеа ни текна ај да отидеме да видиме што и како, и ме изненади колку рибари имаше. Би отишол пак некој ден ама одсабајлечки рано, да се закрми убаво на позиција па да се види што може да даде.

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 2:24 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Јас да ви кажам, крап таму одамна нема, последните крапови ги имало пред 5-6 години, кога целото езеро било пресушено, па потоа пак наполнето. Инаку да, пред да се испразни, на еден пријател му отиде цела трска во езеро и никогаш не ја најде :lol:

Таму одев пред неколку години во забрана, вадевме по некое карашче... Има(ше) и крупен костреж, посебно во лето скокаа како будали по мушички на површина..

Инаку, колку што памтам, Смилковско е одличен пример за нашата некултура и фрлање ѓубре на секој чекор.

Сликиве се од мобилен од постара генерација, така да не замерајте :)

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Ѓубрето...
[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 2:35 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON720
ЛокацијаCOLONSkopje
Едно прашање
Од автопат може некако да се исклучи на езерцето или мора со кола да се кружи преку преку црешево, смилковци па на езерце. Дали има пат преку сингелич за со кола.
Пред 10 години имам одено на тоа езерце преку бутел покрај трафостаницата па на езерце.
Летоска ме однесоа на камник и никогаш повеке немам намера да одам таму. Позагадена вода немам видено.
На Гоогле се гледа и едно езерце измегу како е таму.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 4:23 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
За со кола ја би ги препорачал овие два пата.
[ img ]
Другите се мнооооогу лоши земјени патишта, особено во овој период. Или ке заглавите во кал, или ке искршите колата од исушени насипи на трактори што идат по нивите. Да не речеш дека не сакам да кажам еве ја по кој пат одев, ама со моторче, и со идење лево десно која лента е подобра, па дури и во нива :D
[ img ]

Инаку да тие кај камник се големо и мало железарско езеро, и мислам дека нема потреба да коментираме за нив. Од десна страна на смилковско езеро е т.н. Стајковско езеро и тоа мислам дека летен период пресушува, и од самава слика од гугл се гледа колку е длабоко "езерото". Во секој случај не сум бил на тоа, така да не би коментирал.
Во секој случај друг пат нема, односно се како што кажав тракторски патчиња.

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 8:23 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON720
ЛокацијаCOLONSkopje
Izgleda od kaj Butel mi e najdobro sepak ako resam nekogas da otidam pak
Na Zelezarskoto vo krugot do glavna kapija kaj Avtokomanda da ne bil nekoj skoro, uste li e 150 denari dnevna dozvola i dali vredi da se poseti za pravenje keif


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 08, 2011 8:29 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
samo so camec i pred trskite, karashi po pola kilo iskacaat,bar do pred nekoe vreme sea ne sum bil nekolku godini a razbrav i krap deka fatile sega vo brzo vreme 5kg :mrgreen: ova za na smilkovci a za zelezarsko i mene nesto mi se vrtkashe vo glava da go posetam ubav teren e shumicka,interesni pozicii,bi trebalo da ima crvenoperka sum vadel
ZELEZARSKO 2004
[ img ]
eve edno ezerce koe se naoga pomegu naselba novo lisice i vardar. sum vadel dosta riba: karash i americko somce a imashe i krap! neznam kakva e sega situacija dali postoi...
[ img ]

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 09, 2011 2:10 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Вадат караш на последново, кај Н.Лисиче

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Смилковско езеро
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 10, 2011 12:11 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Поздрави Боби,за излетот покрај вода ;) а Аки тоа езеро во Н.Лисиче нели е потрупано и со детско игралиште одозгора :roll: или тоа од сликите е некое друго.Памтам како дете дека ловев караши на едно слично езеро кое сега е потрупано во Н.Лисиче спроти кафана Цуцла.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 18 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum