www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Пак за штука
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1196
Страна 110

АвторCOLON  Poliz [Пон Ное 14, 2011 5:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Пак за штука

После една непроспиена недела,за време на која умот ни беше само во штуките,време беше за повторна посета на местото на злочинот :) Јас и Мики тргнавме од Струмица,Аце Максим од Скопје.Опремени со секакви железарии за спининг :mrgreen: на разденување,веќе бевме покрај вода.Немаше ни пет минути ,мораше да го топиме кепот во вода.Првата штука беше наша ;)
Убава риба од 3.500 кг. :arrow:
[ img ]
Потоа мало затишје,и можност да го зирнам Аце,кој беше стотина метри над мене.Му отидов у право време,да му направам едно видео со еден прекрасен борец-штука од 5,800.

Малку проблеми со кепот,ама ја совладаа мајсторите :D
За брзо време кај Аце уште две убави риби по 3-4 кила кај нас три помали и во меѓувреме по некој залутан клен.
Аце да не му остане дужен на бојникот му писна за 2-3 саати ;) додека ние сите форсиравме само спининг.
[ img ]
уште една убава штука до крајот на денот и време беше за софрата ;)
Двајцата Ацевци во договор,што да се напијат пред тргнување :arrow:
[ img ]
Во меѓувреме дојде и Сакис-нашиот добар пријател од Грција,кој донесе домашно узо Ципуро и домашни ребра и колбаси.Се навестуваше тешка утакмица :lol:
[ img ]
[ img ]
Подготовка на fire :lol:
[ img ]
[ img ]
Се налапавме,се напивме ги испративме Скопјаните,хахаха нема кондиција за тешки утакмици хаха и верувале или не во 6-30 бевме под јамболија :lol:
Си станавме како луѓе другото сабајле и се зафативме со работа.Инаку надвор беше сигурно минус 4-5.На секое фрлање-заледени окца ;) Рибата не беше активна воопшто.Одвреме навреме нешто ќе не извадеше од ритам :lol:
Утрински поглед на реката,баш таму замалку пак ке се избањав овојпат со цела ратна зимска опрема :mrgreen:
[ img ]
Проба и на една нова варијанта.Сакис со малото чамче кое досега го имав гледано само на кабелска ;) влезе со пераите и проба да им фрла на рибите директно во уста ;) Но кога не сака-не сака.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Да напоменам дека и ЛИСЈАТА ПАЃААТ и многу го отежнуваат риболовот :lol:
Во меѓувреме црно скопско Мицубиши свиреше од над реката.Отидов да видам што се случува,а тоа модераторот наш и колега Сашо го познале Витото и се паркирале. :D Оделе накај Струма решиле прво да направат еден круг и по другите реки и канали.Испивме по кафе,си помуабетивме и отидоа да пробаат на Струма.И админот ни беше у близина,но поради сплет околности не успеавме да се видиме.
Еве како Сакис ми спасува еден блинкер со се клен ;)

Откако ги испративме Сашо и компанија,го пречекав Сакис да излезе и тргнавме да направиве последен круг по реката со спинингот.Во меѓувреме Мики тргна да проба за бојник.
Добивме два удара со Саки,еден јас,еден тој и една од штуките беше овековечена на видео ;)

[ img ]
Кога се вративме,што да видиме-Мики удрил по бојниците .Беше фатил 8 кила за 2 саати.

Направивме по некоја слика со рибите
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
,и време беше за тргнување.Поздрав со стариот пријател...договор за во скоро време да одиме на некоја друга локација...и тоа беше се.

АвторCOLON  Krki [Пон Ное 14, 2011 5:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Sve ubavo ubavi stuki ali so adminot ste se propustile ali ne i so moderatorot.

АвторCOLON  CASPERSKY [Пон Ное 14, 2011 5:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Car si za tie vodi be Polizce,ja gledam reportazata i mi zvaka za site pari narocito za tie bojnicite i klenovi.Super drusko se gledame pa ke raspravas.Miki si ima kef napraveno za cel mesec saa i da go vikam na nasta reka nema da dojde.

АвторCOLON  Dzeko [Пон Ное 14, 2011 5:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Машааала.....кој си знае си вади....ахахаха....браво другарчиња,убав помин секоја ви чест.
Полиз другарче слободно можеш до презимето Полизовски да го додадеш и ова(Полизовски-Штука)...хахах.
ЕЕЕ Аки...Аки...вака се вади штука.... :lol: хахахаха.....позз и бистро!
П.с....ех како би и ја малку до Грчка ......

АвторCOLON  Spaiva [Пон Ное 14, 2011 6:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Ништо, слабо стоите со социјални способности...
Сте требале или да се пуштите накај Полиз, или Полиз да ја пушти штуката накај вас...нема друго :D

АвторCOLON  Boris [Пон Ное 14, 2011 6:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Тоа е тоа, теренот е ист како и повеќето места кај што бевме и ние, секој може да си најде место, некогаш ќе те послужи среќа, некогаш не, но затоа секогаш си побогат за искуство повеќе и поспремен за друг пат

АвторCOLON  akiribar [Пон Ное 14, 2011 6:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Тоа е тоа, теренот е ист како и повеќето места кај што бевме и ние, секој може да си најде место, некогаш ќе те послужи среќа, некогаш не, но затоа секогаш си побогат за искуство повеќе и поспремен за друг пат
gospodine administratore terenot ne e ist ocigledni se mestata vidi na slika kaj nas i ovdeka.ova se ubavi shiroki dlaboki mesta so celi drva vo voda a kaj nas lisjata se gledaa dolu na dno hihihiii kako sporedba ja za dva dena fativ 6-7 kg bojnik a on za dva saati a toj pod nas na 5km imashe 3 bojnici samo ahahah shto ti kazuva toa deka ribata e nagore ;)

АвторCOLON  Филип [Пон Ное 14, 2011 6:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

Епа Аки, кој ви е крив што не сте се качиле 2-3-4-5 км нагоре :) Цела река сте ја имале на располагање. Следниот пат си знаеш како ;)

АвторCOLON  akiribar [Пон Ное 14, 2011 6:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

da da barem mislam deka za nareden pat si znam :D a kriv ni e petko :lol:

АвторCOLON  Poliz [Пон Ное 14, 2011 7:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Пак за штука

[quote="akiribar"gospodine administratore terenot ne e ist ocigledni se mestata vidi na slika kaj nas i ovdeka.ova se ubavi shiroki dlaboki mesta so celi drva vo voda a kaj nas lisjata se gledaa dolu na dno hihihiii kako sporedba ja za dva dena fativ 6-7 kg bojnik a on za dva saati a toj pod nas na 5km imashe 3 bojnici samo ahahah shto ti kazuva toa deka ribata e nagore ;)[/quote]
Мики ги фати бојниците на 40 см дубина,и тоа пази пред него си фрлаше од брегот кај шо стоеше на 3-4 метра внатре без чизми.Ако не го мрзеше да изврти од другата страна и пак да мава на истото место ќе фатеше повеќе.Така ем им висеше над глава ем си ги ловеше.А на вашето место у сред каскади(ти кажав за тоа порано) минатата недела се извади бојник и бојник.
Али нема веза,лош ден беше и тоа е....За друг пат здравје да има....

Страна 110 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/