www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1171
Страна 15

АвторCOLON  kire [Пон Ное 07, 2011 9:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

Ние одново на Вардар,а не пишманеа многу,водата многу варирала,рибата не јадела...дрн,дрн јариња :lol:
Ама ние знаевме дека јаде,и тоа и каде ;) само рибари многу,вриело, и нема друго тргнување во многу ситни часови :)
Околу 3h,веќе бевме на автопатот Александар Велики кај црквичето свети Јован,се замивме,го замоливме дедо боже и св.Јован за добар пат :D
[ img ]
Часовникот на апаратот ми е по старо,не е вратен еден час назад :!:
Бевме две екипи или коли,во едната јас,Даре-Бабуш и Миланезе во другата Трајче,Дарко и Гоце, се поздравивме и фативме патот под нозе :D
Се најдовме со Дејан на закажаното место и набрзина со батериите фаќање позиции 8-)
Деко не распореди сите на време бидејќи по патот по кој дојдовме почнаа да светат фарови :D
[ img ]
[ img ]
Мавнавме понекоја ракија онака на нога,сабајлечки против студот и маглата,малку рибарски муабети,совети како што...и ајде да ја видам другата екипа која беше сместена малку подоле на спадот,а таму :o :shock: :lol:
[ img ]
[ img ]
Не јаделе другарчињава цела ноќ :lol: :lol: :D
Бапнав и таму малку антифриз и назад на позиција,бидејќи рибари почна да врие а и речиси се раздени :)
Вардар како Вардар,сабајлето качуваше,ама рибата добро работеше бојник и попадика.Околу 10h се стабилизира и беше стабилен околу еден час а потоа почна да паѓа и тоа многу ама тоа не и сметаше на рибата која беше активна,особено додека растеше водата :!:
Миланезе во акција :D
[ img ]
Колеги рибари од спротива ;)
[ img ]
Мајстор Деко :D
[ img ]
Трајче со екипата,токму тогаш имаа затепано една каменоперка :lol: :lol:
[ img ]
Малку си пецкавме,а и помалку си одмаравме 8-)
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Денот ни помина додека да трепнеш :D и следеше нај досадниот дел собирање на работите и товарање во колите :oops:
[ img ]
А сега и поубавата страна,фативме и понекое рипче,знаете како е кога работи рибата тешко се фаќа апаратат :D
[ img ]
Ловевме на леб и на бели црви,со тоа и крмевме,тапи 2 грама :D
А еве го и мајсторот на денот :D
[ img ]
[ img ]
Дома вагата покажа малку под 8кг :D
И една групна за крај :D
[ img ]
Епа другарчиња рибарчиња тоа беше тоа,до следниот риболов поздрав И БИСТРО :D

АвторCOLON  Krki [Пон Ное 07, 2011 9:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

Ste napravile terapija za dusa meraci od meze do rakija do riba e taka se faka.

АвторCOLON  Филип [Пон Ное 07, 2011 9:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

Добро е друже Кире, барем ти да ја спасиш честа на скопјани во наездава од струмичани :D

АвторCOLON  Poliz [Пон Ное 07, 2011 9:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

Кире,Вардарец ;) нема што ;) Теренот како на дланка...рибите те знаат и идат сами :mrgreen: :mrgreen: Респект за групата и поздрав до следна репортажа ;)

АвторCOLON  dmozzart [Пон Ное 07, 2011 9:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

Sekoja chest za Kirca i kompanija. Bravo majstori ! DObro sraboteno.

АвторCOLON  tapa [Пон Ное 07, 2011 10:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

kire ..da si ja smenite tecnosta ovaa ve tera da razvikuvate :D :D
nie bevme karsi vas !!

АвторCOLON  Atanasovski [Пон Ное 07, 2011 11:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

Филип НапишиCOLON
Добро е друже Кире, барем ти да ја спасиш честа на скопјани во наездава од струмичани :D
Strumicka naezda :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:

Odlicen provod i ulov. Oni vas ribata ne jadela :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  darko [Вто Ное 08, 2011 3:01 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

ubav den imavme.sekoja cest za domakinot Deko,bistro do sledniot pat!

АвторCOLON  kire [Вто Ное 08, 2011 8:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

tapa НапишиCOLON
kire ..da si ja smenite tecnosta ovaa ve tera da razvikuvate :D :D
nie bevme karsi vas !!
Вие како поминавте од таа страна :D

АвторCOLON  Филип [Вто Ное 08, 2011 9:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ред бојник,ред попадика па одново бојник...МЕРАЦИ

tapa НапишиCOLON
kire ..da si ja smenite tecnosta ovaa ve tera da razvikuvate :D :D
nie bevme karsi vas !!
Камо репортажа?

Страна 15 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/