www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Дружба на Козјак http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1170 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | Филип [Пон Ное 07, 2011 2:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Дружба на Козјак |
По кратко договарање, јас, Борис, Илија и Крсте решивме да отидеме до Козјак, да видиме дали почнала пастрмката да брка или не. Сите освен Илија опремени со воблери, за фрлање и тролинг, освен Илија, кој си ја пробуваше среќата со стримери по заливите. Голема благодарност до Илија за тоа што ни овозможи да не ги имитираме Дар, Компир, Кирца и останатите (5-ца во маестралче) и несебично донесе два прекрасни гумењаци од 3,6 и 3,8 метри Се поделивме во 2 тима, јас и Борис почнавме со влечење кај Гургурница, а Илија и Крсте ги чешлаа заливите. Активност на рибата речиси и да немаше, освен по 1 уловен примерок од Борис и Крсте (на воблери), и еден уловен крап (Борис) на трокука На сред риболов, откако Борис закачи еден добар клен и после хаосот во чамец (4 пуштени трски), го собравме во кепче, мирниот клен на вадење од кепче се раскока и му ја закачи на Борис трокуката во прст. Не знам како му беше на Борис, ама не ни сакам да знам Пробавме да направиме нешто со едни мали цвикцангли, ама неуспешно. Го повикавме на помош Др. Илија кој стручно ја извади трокуката од прстот на Борис (видеото е подолу, а едукативната содржина на случајот ја имате во разделот “Опасности при риболовот“ Др. Крсте носеше гел за дезинфекција, раната беше брзо санирана и продолживме со риболовот. Го поминавме пола Козјак, риба не видовме. Борис имаше некое откачување, јас имав 2-3 нереализирани удари и тоа беше се. На другата страна, Крсте закачи еден добар клен во некој од заливите на отежнат воблер и толку и од другиот тим. Од друга страна, ракијата на Крсте беше одлична, па после ми текна дека и јас носам, па го почастив Борис да му помине болката после операцијата и така убаво ни помина денот За Козјак очигледно е уште рано, Борис ко за беља го имаше заборавено и сонарот и не знаевме дали ловиме на правите места. Инаку и езерото е паднато од претходниот месец барем 5-6 метри во висина. Сабајлето над Козјак имаше магла, ама полека се појавуваше сонцето, а чамецот си возеше сам Јас се уште не бев свесен дека на враќање ќе ме чека црнецот Крапот што го уловивме на трокука... Видеото со вадењето на трокуката И конечно, поубавите слики Борис со другар му... Крсте со неговиот клен И за крај, легендарното возило на Илија со 2 чамци позади |
АвторCOLON | dmozzart [Пон Ное 07, 2011 2:09 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Bravo za site. Mozda izletov vi bil kako i sekoj drug, ama Boris sigurno ke go pamti. P.S. Ubavi klenovi, shteta shto nemalo i nekoe pastrmche. Pozdrav do site ! |
АвторCOLON | DEAN [Пон Ное 07, 2011 2:10 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Поздрав за неизмерната храброст на Борис! |
АвторCOLON | howitz [Пон Ное 07, 2011 2:13 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Супер сте поминале, освен оној убод од кленот за кој бев информиран вчера колку беше болно и зезнато, плус, со повратна! брр |
АвторCOLON | Poliz [Пон Ное 07, 2011 2:53 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Борис ти фали шишето во рака за дезинфекција 200 грама на екс и готов си. |
АвторCOLON | kompir99 [Пон Ное 07, 2011 2:55 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Golem plus za elecite za spasuvanje...jebiga ednas vo zivot ke pritrebaat a neznaes koga.... |
АвторCOLON | $DARE$ [Пон Ное 07, 2011 3:44 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Ахххх Козјак................ незнаеш што. каде. кога и зошто ке ти се случи...........неисцрпна инспирација која без ракиинска поткрепа не е комплетна |
АвторCOLON | Млад Риболовец [Пон Ное 07, 2011 3:52 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
vi rekov da se prefrlite vo fider klasot,na vobleri samo saso znae da faka drugite se utka,a so fider sekogas ribi fakas crnecot i barak obama da e nema da te fati |
АвторCOLON | Филип [Пон Ное 07, 2011 4:24 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак |
Борис, еве едно видео од Даре од прошлиот викенд ваљда, да видиш како се откачува воблер од клен во кепче |
АвторCOLON | Krki [Пон Ное 07, 2011 5:32 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дружба на Козјак | |
Борис ти фали шишето во рака за дезинфекција 200 грама на екс и готов си.
Pred vadenjeto imase antifriz uste vo rani zori.
|
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |