Ја бев индиспониран во натпреваров, ми се идеше некаде било каде колку да гледам вода и да се пролуфтирам од оваа концесииве што више ми се преку ... и во време на мрест, Гогомонд беше добра опција, им се убацив во екипа на спаива баитс и поминавме убав ден
Не да не се надевав на некое лудо крапче, ама не ме сакаше дента, не бев спан, глава ме скина, нешто утнав во предвезите, па менував неколку пати, форсирав сквид што можеби беше грешка, можеби одбрав и лоша позиција, како и да е единствениот ран кај мене беше еден кумановец од мојата лева страна кој така добро завлече, од патики ме извади, а и ја добра контра му дадов....на општо задоволство на публиката која го гледаше тој смешен момент
тоа му е и мааана на езерово кога ќе се убацат едно 8-10 екипи, не се знае кој пие кој јаде.....и кој преку кој фрла
а што се однесува до натпреварот еве дел од атмосферата во мојот табор
едно од првите крапчиња
и додека другата екипа правеше миксови и торти, ние спиевме
чисто колку фора да им дадеме
иначе дечково како стана од спиење, мислам дека му беше прво погледнување накај трската одма удар и тоа каков, тоа малото крапче-црнец така повлече мислиш некоја 20-ка удрила, подобро нешто за расонување неможеше да му приреди, на сликава е уште збунет, не знаеше што му се деси
еве го и тавтабит кој извлече еден убав крап, додека ја и диме бркавме една штука која јако добро на 3 пати ми нападна една вештачка жаба која и ја пласирав, ама не успеав да ја закачам. Иначе веќе на оваа слика се гледа дека другата екипа од спротива веќе е замината, го напуштија натпреварот во 60 минута во најубавиот дел од денот
, а иначе натпреварот се игра до последниот свиреж на судијата, до 93 минута
еве го и Владо во второто полувреме имаше еден скор со што го затворивме натпреварот