Гледам дека се отворила дискусија и тука , бидејќи за ова дискутиравме на страната на групата од КСР ЦрнДрим - Лабуништа на Фејсбук
и се надевав дека Аки прво ќе проба да се воздржи од возбуда па да навредува и условува со зборови кои како на спортски риболовец не му доликуваат пред да ја сознае вистината , крајно некоректно и неферски е од негова страна да изјавува дека рибочуварите кои се навистина единствени во нашава држава со нивната решителност по секоја цена да го сочуваат езерото од рибокрадци да му се стави етикета од типот дека се лопови.
Во цело ова време додека се тие активни не се десило ни влакно да му фали на биуло кој спортски риболовец , а камоли да му украдат на некого крап од 3 кила , навистина е смешна констатацијата на Аки.
Аки се надевам дека пак ќе дојде да лови во ова езеро , како што гледате и сами по репортажата што ја има направено ова е рај за секој риболовец , па сигурно ќе треба да се сретне со тие луѓе кои се навистина прекрасни особи и ќе треба ова тврдење да им го каже во очи , а замислете колку е тоа тешко кога тие тврдења се неосновани и плус ги брукаш пред сите нас тука.
Аки мислам дека им должиш извинување пред сите тука.
Се надевам дека секој кој после оваа дискусија кој има бар малце сомнеж ќе дојде кај нас и ќе се увери во спротивното и ќе дознае колку тие луѓе се гостопримливи.
Поздрав и секое добро ви посакувам