Тоа што ќе ја расчистиш темата,не значи дека ќе го решиш проблемот,тој ќе си остане,само ќе го снема привидно запишаното а проблемот и понатаму ќе постои,само ќе се правиме дека не го гледаме.Од друга страна ќе докажеш дека е твој форумов и ќе можеш да правиш што сакаш.
Гоце,темата ќе ја расчистам од мислења кои немаат врска со НАСЛОВОТ,за било кој ПРОБЛЕМ може да се отвори слободно нова тема на правилно место и да се дискутира до бескрај за тој ПРОБЛЕМ.
Јас лично гледам РЕЗОН во многу твои размислувања ,но би коментирал само кога ќе се пишат во правилна тема,а не овде.Затоа не викај дека нешто ќе докажам со бришење-едноставно ќе ја оставам темата доследна на насловот.
П.С Еве наслов кој ќе одговара на дискусијата ,која се наметна
Разлика меѓу дива вода и комерцијално езеро(или нешто слично)Отвори тема и ке цепаме со таа дискусија.
Јас мислев дека барем ти ќе ме разбереш меѓутоа гледам дека ти воопшто не си ја разбрал пораката и многу ми е жал поради тоа,јас не говорам за разлика помеѓу диви и комерцијални води,говорам за тоа дека не сме воопшто организирани како риболовци,на форумот не има 500 души,да земеме по една безбол палка па каде што има потреба да дејствуваме,тоа ми беше зборот,да ги очистиме водите од ПРЕДАТОРИ во човечки облик,да можеме да си ловиме на најблискиот терен а не да одиме 1000 км за да ловиме на комерцијални води,тоа беше мојата порака која гледам повеќето не сте ја разбрале за жал.Во краен случај не мора со безбол палки него со фотографии да се регистрираат овие ПРЕДАТОРИ на дело ,јас само сакав да ја размрдам тињата во која сме сите ние,но гледам дека на некој му одговара да биде во тиња до гуша,да прикажува дека се е убаво си фаќаат риба се сликаат со нив се е убаво,браво мајсторе,врие од риба и тн.меѓутоа стварноста е сосем поинаква а за тоа сме криви сите ние,се разбира и јас се бројам во сите.За тоа дека темата е промашена,јас мислам дека не е ,за ова може да се зборува во секоја тема и на секое место а тоа го покажуваат полемиките.Гледам дека совеста се уште не е пробудена кај некој риболовци а без совест или дух поблиску сме до животни него до човекот бидејќи совеста не ограничува да не правиме лоши работи,не е важно колку риба сме уловиле туку колку сме и помогнале на мајката природата да го зачува живиот свет во неа за тоа ќе бидеме благословени со убаво чувство на благодарност од творецот,бидејќи го чуваме неговото дело,ова го пишувам малку духовно да ве воздигнам,да сте сите благословени и господ бог да ни го покаже патот кон бесконечноста.