Секој со своите сваќања и убедувања...Го поздравувам мислењето на Гоце,само што овде нема никој одговорен за осиромашувањето на нашите води,дури сите се трудиме да ги заштитиме и зачуваме колку што тоа е во нашата моќ..или немоќ....!!!За жал сеуште се нема ни пријавено барем еден од МРФ или од Министерствата надлежни за овој проблем,од кој што би можеле да побараме барем тронка одговорност....да се надеваме дека наскоро работите ќе почнат да се средуваат....
Не мора толку прашина да дигаме околу тоа кој како ги нарекува комерцијалните води...мислам дека тоа е лично право...!Не би сакал да го навредам Гоце,ама со неговиот израз(базени)само потврди дека човекот ниту има искуство со комерцијала ниту пак сака да има...се изјасни дека повеќе е по Вардар....а со тоа верувам дека не ни знаел дека некој од Нас ќе се најде навреден....човекот само апелираше за заштита на рибниот фонд....а и треба дека со неговото 30год. искуство верувајте дека многу повеќе знае каква е била ситуацијата пред и потоа....!!!Треба да го испочитуваме мислењето,човечно е да простиме за гафовите....а наше е да објасниме,како што некои колеги веќе и направија,дека времето кога господ одеше по земјата,и кога со една рака пченка се фаќаа и по десет крапа за жал ЗАВРШИ.......!!!!
Заврши и уште една епизода од Македонскиот крапски риболов и со уништувањето на единсвеното комерцијално езеро Аквариум кое што барем по малку прилегаше на крапско према одредени пропозиции...греота...иако голем дел од Нас таму го стекнаа првото и право искуство околу оваа гранка на риболовот,па и ден денес со убави спомени ги разлистуваме сликите дома и ги прераскажуваме добрите спомени и за улов а и за добри дружби.......
Ситуацијата е толку жална,што сега за таква дружба треба да патуваме по илјадници километри(во два правца),во соседните земји,каде барем комерцијалните води имаат риба за да може човек да си направи ќеиф....прво реков дружба,зашто како што и претходно колегите веќе кажаа дека таму и се мери мајсторијата...во БАЗЕНИТЕ каде што крапот,се и сешто има пробано,издресиран до крајни граници...и ако останеш со прстот во уста...останува добрата дружба....не еднаш се има случено и повеќе екипи да останат без улов,и тоа момци со многугодишно искуство во крапскиот риболов,со многу часови поминати на вода,било дива или комерцијална....
Во секој случај....секој си има право на свое мислење,додека не проба не може ни да знае...
п.с....МРФ веќе не организира ни такмичења,години наназад...за жал и за тоа не се способни,ама знаат да бројат парички од нашите чланарини и добро да ги искортистат,за свое добро....