Засега е радост во рибарската фела дека има нешто доста поразлично и мислам дека како за почеток добро проаѓа.
Се друго е класичен бизнис план. Се зависи од тоа.
1. Секоа Бранд има flagship артикал и на истиот го прави обртот и за другите артикли од истиот бренд кој се споро движечки во трговијата. Потребата да имаш целсона програма е начелно маркетинг од типот....Абе, во Рибоцентар имаш се од PROLOGIC!
2. Мора да се цели кон потрошните работи кој исто така сочинуваат солиден дел од обртот се со цел да имаш константен cash flow.
3. Секој тип на риболов има своја таргет група. Треба микро планирање и добра анализа на пазарот. Пр. Колку риболовци се Крапџии, Спинерџии, Пливкари, мушичари итн. Потоа кој се најголеми потрошувачи од истите...1. Крапџии, 2. Спинерџии, 3 Пливкари, 4. Мушичари итн.
Сите риболовци поделни под вакви категории имаат потрошувака моќ. Тоа лесно се прави со аналитика!
4. Ако се подели по категории, исто така може да се дојде до успешен бизнис план. Пр. Трски, Машинки, потрошен материјал, прихрана, аксесоари итн.
Не сакам да се правам паметен, ама сето ова мора да биде добро изанализирано. Не ми се допаѓа изговорот - тоа ни пратија! Јок, мора според потребите на пазарот да имаш право да донесеш што истиот тој пазар бара. Во спротивно Филип е во право - Ќе остане непродадено како кај Пројан!
Паретово правило, 20% од производите, го прават 80% од прометот.