Иако не се сметам во поискусните воопшто, најдобронамерно сакам еден предлог да ти дадам...
Според цениве на ликовиве оваа комбинација би чинела некаде околу 16 600 денари според цените каде што ги најдов (машинката на твојот линк, а трската тука
http://www.riboloventer.rs/index.php?op ... gory_id=30 ) иако нешто ми е сомнително кај трската затоа што на официјалната страна на Трабуко стои дека е тешка 310 грама, а на Српскава 220
...
16 600 денари = 270 е.
Еве една комбинација која според мене е една од најнајдобрите што може да се состави во моментов, а би чинела само 1000 денари повеќе од горенаведената:
1. Трска Shimano Technium CX TE GT 5-600 - 5950 денари
http://www.topfish.rs/oprema-za-ribolov ... m-cx-te-5-
Тешка е 263 грама...
2. Машинка Shimano STRADIC C14 2500 F - 11450 денари
http://www.topfish.rs/oprema-za-ribolov ... c14-2500-f
Новиот Страдик, според мене и според критиките што ги читам е страшна машинка, го рангираат веднаш под Стела и Сустаин...
Само мое мислење, секако на тебе е да си одбереш но кога јас би трошел 270 и кусур евра дефинитивно ова би била комбинацијата !
П.С.
Качи се до ПроСпорт во Трговски го има Страдикот и заврти го да видиш за што ти зборувам.
П.П.С.
И ве молам воздржете се од коментари од типот „ Оки прашува за друга комбинација, а ти тропаш за друга“, комбинацијата од Оки не сум ја ни видел а камо ли да сум ја користел и затоа неможам да коментирам ништо...