www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Селемлијската Брана http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=1897 |
Страна 1 oд 5 |
АвторCOLON | Илчо [Вто Maр 27, 2012 11:16 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Селемлијската Брана |
Селемлиската брана се наоѓа во близина на селото Селемли коа се наоѓа на неполн километар од грчката граница.Ова брана е направена за наводнување на околината во истата се полни од бунари кои се ископани најдлабоката точка во езерото е 25 метри.Водата е со зеленкаста боја добиена од тревите и алгите што се наоѓаат во нејзе.Многу се ретки местата каде што водата постепено станува се по длабока и по длабока обично каде што е брегот одма почнува со длабина од негде 1м.Како секое езеро оваа си има свои предност и недостатоци еве јас ќе почнам прво со недостатоците,а тоа се има голем број на корморани,сунчици има многу малку места со сенка 95% е на отворено и на сонце исто така ја има една од нај досадните риби сунчицата која се постепено се намалува али во тоа да не навлегувам подоцна ќе објаснам.Предности се тоа што има изобилие од рибе и тоа караш,златен караш,крап,сом,црвеноперка,белвица,косреж кој е главно пуштен да ја изеде поситна риба како сунчицата и белвицата и фантастично си ја врши својата работа бројто на ситните досади е драстично намален во последните 3 години исто така има минимален број на штука пуштени се 30 парчиња пред 5 години од кои сега за сега ниедна не е уловена али оптимисти сме дека ќе живне малку водата и со нејзе. Сега ќе направам мала листа најголемата риба фатена од секој вид посебно ова од се информации што ги имам слушнано можда има поголеми али помали никако. -сом 25кг -караш 1,135 кг -златен караш 850гр -крап 8кг -црвеноперка 500гр -костреж 1.1кг фатен од мене лично имам фото доказ ! За сунчицата и белвицата никој се нема пофалено колку голема има фатено Али интересно нешто белвиците доста големи растат една ја имам измерено негде 15цм дури се зачудив толку голема немам видено. Рибите тука големи растат бидејќи езерцето е забравено од светот повеќето рибари тука што доаѓаат практикуваат лов на тапа со стандрадни мамци од пченка,пченица,леб и црвен црв ретки се луѓето што фаќаат на боили,фидер,а да не почнам за спин техника јас сум вероватно единствен што се занимава сериозно со спин техника некои од нив имаат некој воблер од ружно паче го имат избањато 1-2 пати и толку.Ретко доаѓаат луѓе од страна да рибарат јас дали 2-3 пати имам видено некој од по настрана да дојде еднаш начекав автобус со скопјани пензионери не беа некои професионалци,а вториот пат имаше некаков натпревар и имаше рибарски друштва од цела Македонија.Убаво се сеќавам ништо не јадеше тој ден многу жешко беше али нашиот Маце од Пчиња поштено си ги зачеша сунчиците додека другите чекаа да им удри крапот или карашот,а изгледа затоа Пчиња победи на тој надпревар.Искрено се надевам дека оваа лето кога ќе сум јас на југ во Гевгелија некој од форумот ќе дојде да се прошета до мојот мал рај само пред тоа да контактираме да ве информирам за состојба на водата што јаде како јаде и минимално ако јаде фантастично ќе си поминеме лош ден на браната за мене е кога се вратам со 1кг риба помалку од тоа се немам вратено па и на нај баксузните денови,а кога работи можеш дома да се вратиш со капитални примероци и со повеќе од 10-15кг риба.Јас лично ја знам секоај дупка секоја педа од водата запознаен сум на кој дел која риба доминира кога е актива на што се храни и колкави примероци има Сега ќе поставам слика од браната и координати од истата да ја најдете на гоогл мапс.Подоцна ќе се обидам на слика да означам кои места што се фаќа информативно и на кратко. Корднати---------------> 41.142742,22.614713 |
АвторCOLON | PERUN [Вто Maр 27, 2012 11:21 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
interesno mesto prv pat slusam za branava |
АвторCOLON | Илчо [Вто Maр 27, 2012 11:24 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
Колега тоа ми беше целта да го направам местото малце по познато бидејќи местото има огромен потенциал плус сега со новиот закон дека секоја вода треба да има концесионер ќе го земе некој ќе го пази и чува сигурен сум дека рај ќе го напрват бидејќи чат пат локалнците од селото Селемлии знаат да пуштат по некоја мрежичка |
АвторCOLON | limun75 [Вто Maр 27, 2012 11:28 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
Убаво објаснето... Пушти некоја слика ако имаш,да го доловиме амбиентот од езерото. |
АвторCOLON | Илчо [Вто Maр 27, 2012 11:47 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
Пронајдов 1 слика ова изгресонце сум сликал друго ништо неможев да пронајдам сега за велигден ќе одам да се прошетам натаќа обавезно ќе удрам некоја слика,а исто така и репортажа ќе направам.Сликата покажува како дува ветар обично водата е мирна на оваа конкретно место тука карашот јаде знае и по некоја залутана црвеноперка да излезе тука зафрлуваме на некои незнам 10м од обалата некогаш и подалеку за по длабоко тука на пченица,пченка и леб за на тапа за дубинско пченка и дебел црвен црв немам испробано тука спин техника како ќе се покаже. |
АвторCOLON | PERUN [Сре Maр 28, 2012 12:01 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
nemoguce do sega da ne sum znael,vaka top izgleda ekstra,a klen zasto nema |
АвторCOLON | Илчо [Сре Maр 28, 2012 12:27 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
Ни мене не ми е јасно зашто кога го порибувале местото не пуштиле клен али мислам дека добро е стабилизирано езерото со овој вид на риба незнам како ќе влијае кленот во екосистемот бидејќи сега за сега има 7-8 видови на риба сега за сега добитна комбинација рибите си растат во склад не доминира една врста незнам какво влијание би имал кленот и дали воопшто ќе успее во таква вода бидејќи водата е нешто како дојранско матна зелена дали ќе има доволно кислород во водата бидејќи на карашот,крапот... не им е потребно многу кислород одпорна риба се. |
АвторCOLON | Rade [Сре Maр 28, 2012 8:32 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
Убавина ама нема ни една сенка како што гледам а? |
АвторCOLON | ribarce [Сре Maр 28, 2012 9:12 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана |
браната е вистинска убавина,вистински предизвик е исто и за локалните крапџии,се надмудруваат со водената лисица али тешко им оди,тоа со локалните мрежари и не е некој проблем голем бидејки освен караш друго и неможат да фатат |
АвторCOLON | Илчо [Сре Maр 28, 2012 11:38 am ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Селемлијската Брана | |
Убавина ама нема ни една сенка како што гледам а?
Сенка има само на дали 4 дали 5 места Али доста се скриени треба да ја знаеш целата брана за да ги пронајдеш и исто така треба рано да отидеш бидејќи тие места први се зафаќаат али немора да значи дека ти се нај ловни
|
Страна 1 oд 5 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |