Изминатиот викенд имав некоја работа накај Битола и Демир Хисар и секако уз пат проверив на google map да не случајно има некое езерце во близина и навистина имаше. Имав доста работа, но некако успеав едниот ден да тргнам и да видам барем некое езерце во близина на Демир Хисар. Велам некое затоа што околу Демир Хисар има неколку езерца, ама од локалните жители добив информација дека две езерца се испустени од риба, а оваа Струготното, како они што го викаат имало риба. Додека барав некој да прашам како да стигнам до езерцето, налетав на еден стар рибар, ама се гледаше дека е изгорен за риба, го прашувам за езерцата, ми вика тоа струготното има штука, крап, клен. Ајде качувај се во кола да ми го покажеш му викам, го качив во кола и со мене да ми го покаже езерото. Ме заака по едни калови трактори кај што оделе, уште малку, уште малку, еве го, ене го, колата ми смени боја од калови. Арно не заглавив по патот, ама стигнавме.
Вака изгледаше езерото
Прекрасна околина се гледаше. За риболов душа дало. Пофрлав со некој воблер едно пола сат (зашто немав време), нефатив ништо, ама битно открив ново езерце кое во иднина ќе му дојдам со време. А дали има риба, можеби битолчани ќе знаат повеќе