Риболовот во Македонија...
Певаљката е концесионерот, тој со бундата ко макро е Јане, тој со белите панталони и белата крагња е Ицо, тој у црно шо незнае да игра е чуварот, тој најдесно шо тапша со рацете е Кире електрон а тој со белата чалма е кинез...Јас сум позади некаде си ѕенѕам...
Смирете се бре малце...и да земеме сеа да плукаме и урламе по концесионерот, пак ќе му се навртат сите како на певаљката.
Сакам да пецкаме и не ме интересира кој што прави.
Јас не ловам во мрест, не земам и не сум земал риба никогаш, практикувам Фати & Пушти и се трудам на сите мои блиски да им го наметнам тој стил и поглед кон риболовот. Јас последниве 5 год овде на форум, на вода, во лига, на купови, по улица имам влезено во конфликт со сите кој не го почитувале ова...но немам намера повеќе да се докажувам, сам ништо нема да сменам.
Сватив едно...
До менталитетот е, ништо повеќе.
Колку побрзо го сфатите ова, толку подобро...ве уверувам.
Менталитетот не се менува на форум, не се менува со конфликт, не се менува со слогани и пораки.
Менталитетот се менува со практукување на законите и правилата!
Проблемот е што нема кој да ги спроведе и применува....за тоа ќе почекаме некоја нова генерција.