Ви благодарам за конструктивноста, не сум експерт, и затоа сакав да се консултирам и со вас и си други лица, поискусни, јас сум рибар ентузијаст кој ете стигна до фаза децата да си ги носи и да ги учи на риболов.
Како што пишав и претходно тоа се само појдовни точки, концепти, од кои после би се развил некој конкретен, издржан предлог.
Секое ваше размислување и коментар се добредојдени. Конкретно за неколку точки сакав нечто да се дообјаснам.
Контрола на концесионерите при порибување и некои други активности, кои им се обврска која произлегуваат од концесијата, не само да имаат контрола од државата туку и од некоја комисија составена од риболовните друштва и некои здруженија за животна средина. Така да сите имаат евиденција, како и што се работи, и кога се инволвирани поголем број луѓе не е така лесно да се помине со некое евро под рака.
За годишните дозволи, зависи од тоа во колкав процент се издаваат годишни дозволи а во колкав се дневни итн. дозволи. Како и да е, не се евтини, 7000 ден не се малку пари, а ако се намали цената за на пример 50% а се зголеми продажбата на истите, ќе ја добиеме иста сума во буџетот.
Миле уште еднаш ќе ти потенцирам
80-90 % од концесионерите се самите риболовни здруженија како сами на себе да си прават контрола, од друга страна незнам па која е поентата некое здружение за заштита на белите орли да контролира друго здружени кое пример е концесионер на велешко езеро.
Ова со дозволите пак не ти е јасно. Еве ќе пробам со пример и со некои бројки кои секако дека не се точни, ама приближноо ќе ти го долови соодносот и акција и реакција. Со моменталната сума на годишна државна дозвола, бројчано таквите дозволи се можеби 5% од вкупно издадените дневни, неделни и годишни дозволи за одреден ревир. Значи овие последниве 3 се 95%. Овие последниве три вида на дозволи, за разлика од државната, се слеваат во буџетот на концесионерите (кој колку си сработил и колку му вреди ревирот тој има и повеќе дозволи-пазарен принцип). Од друга страна државната дозвола парите во најголем дел се слеваат во државниот буџет и затоа концесионерите се против овие дозволи, затоа што некој плаќа на друго место, а доаѓа лови кај мене.
Е сега, ако речеме произволно дека за дозволи во Македонија годишно се трошат по 100.000 евра, ако државните дозволи се 5% тоа значи 5000 евра одат во Буџет на Р.М, а 95.000 евра кај концесионерите. Ако цената на државната дозвола ја намалиш за 50% тогаш многу рибари ќе извадат ваква дозвола затоа што за помали пари ќе можат да ловат секаде и во Буџет на Р.М ќе се слеат пример 40.000 евра, а кај концесинерите 60.000 евра. Прво прашање е зошто толкава сума од дозволи да насочиш во Буџет на Р.М кога државните органи ниту организираат риболов, ниту плаќаат чувари, ниту порибување. Од друга страна тоа е директен удар врз концесионерите и автоматски ќе значи откажување на дел од концесиите и доста реки и езера ќе останат без концесија, читај анархија и краде кој стигне, а пак другите кои ќе ги задржат ќе скратат на плати за чувари и порибување, читај полуанархија.