Korenot na problemot e siromastijata i nevrabotenosta vie kolku sakate mozete tuka da filozofirate ama toa e toa.Kako sto gledam na vas nekoi raboti ne vi se jasni.
Каква сиромаштија,каква невработеност.Ти или не знаеш или си од тие што изловуваат колку можат.Тие две причини се само алиби.
МЕНТАЛИТЕТ!
Тоа е коренот на проблемот.
А што е со законските норми на уловена риба.Повеке од две парчиња крупна или 1-2кг бела риба?
Ниту јас не сум против тоа да семам нешто од уловот.Ке потенцирам НЕШТО. За следниот ден тоа веднаш се изеде.
И тоа да биде во граници на дозволеното,а да не говорам за тоа дека смрзната риба повеке од неколку недели не е за во уста да ја ставиш. "Сиромаштијата' што полни по дваесет замрзнувачиа,половина и повеке од таа риба ја фрлаат.
Алиби бараат баш тие што ги полнат замрзнувачите со риба,за профит.
Добро се знае колку може и колку е дозволено да се земе,ако баш мора да се земе риба од секое излегувањње на вода.
Одлична тема за размислување што прави секој од нас кога оди на спортски риболов.
Бидејќи на крапски риболов одам нај често еве прилог-слика колку му треба на едно крапче да стане капитален крап.
Верувам за некој и знам дека оваа табела ја знаат.Но има голем број што ја гледаат по прв пат.
И да се земе крап,два ама да не биде под 1,5кг и над 6-7 кг.
Само на тој начин на размуслување и делување ке имаме иднина и нема да се грижиме дали мрестот ке биде успешен.
Од мое,а и од видување на мој пријатели спортски риболовци и од присутните на форумот последниве две години има неверојатно успешен мрест на сите видови риби во Македонија.И шо да праиме сега да ги потаманиме дека се размножуваат?
И на крај колку што сме сиромашни и невработени и колку таа "категорија" на луге изловува риба,во земјава треба да се јаде риба повеќе од Норвешка и Јапонија заедно.
И да завршам со поентата на дното на сликата.
П О Ш Т Е Н О Н А В О Д А!
_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.