Колеги,ќе сторам уште еден напор да ја објаснам суштината на проблемот,иако предходните постови тоа го објаснуваат,меѓутоа или не се чита или не се разбира или се уште сме заспани,не разбудени.Изворот за проблемите да не го бараме во другите туку во самите себе,мораме да признаеме дека риболовот е зависност кај повеќето од нас ако не и кај сите.Зависноста е иста со болеста,кои се како замена за некоја потисната емоција во нас,т.е. како еден вид само излекување.Ова зависност како и сите други, е еден вид на вентил за испуштање на внатршниот притисок од оваа потисната емоција за која не сме ни свесни т.е. ја изразуваме во несвесна состојба.Зависноста ако сакате и болеста , ќе се дружи со нас и ќе не потсетува на потиснатата емоција,се до оној момент кога ќе ја осознаеме оваа емоција и ќе ја ослободиме од нас,со тоа ќе си замине и зависноста или болеста.Кога ќе се разбудиме,ќе почнеме да го живееме сегашниот момент,во кој ,умот и егото нема да можат да функционираат,едноставно ќе ги снема.Со умот ќе си заминат сите мисли,зборови, прашања,тогаш ќе ги имаме сите одговори.Сакам да кажам,со себе промена,ни се менува погледот на светот а со тоа го менуваме светот,значи тоа е единствениот начин да се промени светот со само промена,никакви казни,никакви забрани,не можат да го променат светот ако ние самите не се промениме.Ова може да се разбере со отворен ум или ако сакате свесно,ако се уште спиеме т.е. му служиме на умот и на егото,ова излагање нема да се разбере како и предходното со што ќе покажеме дека се уште сме во длабок сон во животот.Овие текстови се напишани со цел секој да види до каде е во духовниот развој,меѓутоа од вашите излагања приметувам дека се уште сме во длабок сон,се уште не сме го направиле првиот чекор,но никогаш не се знае кога ќе го започнеме.Првиот чекор во духовноста е најтежок,после тоа работите се одвиваат многу брзо.Со својата само промена ќе ги потикнеме и другите да се менуваат околу нас а со тоа ќе почнеме да ја менуваме и околината.Поздрав,не се плашете од духовноста,тоа е единствен начин да го направиме светот поубаво место за живеење.
|