www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 7:57 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1314151617
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: fati-pusti Catch & Release
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 19, 2013 2:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Од корените на риболовот до филозофијата Фати и Пушти

Човекот риболови уште од каменото време. Во тој период се користела прирачна опрема. Првите рибари фаќале риба за преживување, мамците ги закачувале на јадици направени од коски, дрва или камен, кои ги фиксирале на конец, да можат да го поместуваат со раце. Со време почнале да прават појаки и поостри јадици кога почнале да користат и метали како што се бакар, бронза и други

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us

Еволуција на јадиците

Првите рибари дошле до заклучок дека со стап ќе имаат поголема снага за подигање на рибата од водата. Прво како трска користеле обични гранки, а подоцна тоа биле творби од фино обработено дрво. Првата слика на човек кој лови риба се појавила во Египет околу 2000-та година и грчките филозофи Платон и Аристотел во своите дела го споменуваат рибарењето како вежба.

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us

Риболовачката еволуција почнува од 15-тиот век пред новата ера, кога станува и посебна спортска дисциплина. Пред тоа риболовот бил начин на преживување. Во 1496 англиската бароница Даме Јулијана Бернер во своето дело “Техника на риболовот” пишувала за техниката на изработка на трските за риболов и јадиците. Оваа книга е основата на риболовните вештини. После еден ипол век делото на Изак Валтон – “ Совршениот Риболовец“ е дало со уште значајни сознанија за риболовниот прибор и развој на риболовниот спорт, за биологијата на рибите, за навиките на земање на храна на одредени врсти на риби и филозофија на спортот

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us

Изак Валкон

Евидентно е тврдењето дека првата машинка за риболов настанала во Англија во XVII век но на основи на некој извори Кинезите уште во третиот век проектила машинка , нормално поедноставна варијанта. После тоа развојот и унапредувањето на риболовната опрема бил многу брз, заблагодарувајќи се на ширење на риболовот и се поголема популарност на овој спорт.

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us

Како риболовот станувал се популарен се повеќе риболовци , како Ли Вулфа и Еј Џеј Меклејн, увидувале за значајот на заштите на рибната популација. Во 1939-та година основано е “Меѓународното Здружение на Спортски Риболовци” за заштита на рибните врсти и подводниот животински свет. Основната работа им била да истражат дали е стабилен рибnиот фонд да спортот успее да се одржи и во иднина. Оваа непрофитна организација ја дефинирала риболовната основата со цел да пропагира Риболов со потполна одговорност. Благодарејќи на прогласот, познавачите на природата и денес голем број на риболовци се применува принципот “Фати и Пушти”, чија цел е рибата после закачување на јадицата и вадењето од водата повторно да се вратаи назад во своето природно живеалиште, за де се намали траумата на рибата закачена на јадицата. Така да спортскиот риболов повеќе не го загрозувал одредените врсти на кои им претело истребување. Ова сознание нормално се базира на тоа да најголем број на риби вратени во вода продолжуваат да живеат, така да принципот “ Фати и Пушти “ ја задржува стабилизација на рибната популација.

[ img ]

Uploaded with ImageShack.us

Биолозите сеуште немале одредено во која мера рибата ја осеќа болката, но оваа техника сепак кај рибата може да предизвика “Психолошка Траума “, и постепено се повредува. Меѓународната управа за водена и воздушна атмосвера исто така го нагласувала овој проблем и почнала да подржува ловење на риби со округла јадица. Таквата јадица ја сведува можноста на повредување на минимум. Оваа едноставна измена на приборот може да го намали умирањето на рибите после враќањето назад во водата и така го подржува одржувањето на некои врсти. Кај ловење на слатководни врсти на риби исто така може да смали овој процент на со употреба на јадица без “контра”. Денес многу риболовци се трудат да го сочуваат рибниот фонд. Тие риболопват само за доживување на замарање на рибата и затоа го сакаат овој спорт. Но има и онакви риболовци на кој ова не им е доволно. Многу друштва за заштита на животните водат полемики за тоа дали риболовот е нехуман спорт. Друштвата за науки често не се согласуваат околу тоа дали рибата има осет за бол, но се сложуваат да се избегнувааат стресни ситуации. Останаа уште неколку отворени прашања, но сигурно е дека се прават напори за зачувување на рибните врсти и биолошките сознанија играат клучна улога во риболовната гранка и во формирање на риболовното воспитување.
И на крај Риболовците највише ги интересира реживувањето и опстанокот на рибниот фонд отколку било кој


[ img ]

Uploaded with ImageShack.us


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ФаТи - ПуШтИ (Catch & Release)
ТемаИспратеноCOLONНед Ное 10, 2013 9:03 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
леле за страмота сега ја разгледвав темата која е наменета за слики и видеа а е со слична тематика на оваја
и што да видам
- неколку слики и клипови за скоро цела 2013та год ( http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php ... 50#p134650 )

ајде сите кој има таков клип или слика од 2013та а го неам ставено нека се обиде да го постави таму во соодветната тема, знам дека по репортажите има доста такви па затоа и ве активирам - малку да ве размрдам :D

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ФаТи - ПуШтИ (Catch & Release)
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 12, 2013 8:19 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Јас ја појачав темата, арно потсетивте


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ФаТи - ПуШтИ (Catch & Release)
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 02, 2014 8:24 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
колеги малку ги разделив темите кои се за слики и видеа со фати и пушти така да за секоја година ке правиме нова тема посветена на ова риболовна етика

а оваа тема ке остане како општа за разговори и полемики околу оваа етика

- би сакал да видам повеке членови во таа тема кој на свој начин ке придонесат за повеке риба во нашите води

колеги ви посакувам бистри води

повелете новата тема :arrow: http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=104&t=4530

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 09, 2014 7:10 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Spiro pobedi so ribata,a Emil so muzikata :lol: :~~ :~~
Shala na strana sekoja cest za vratenata riba :lepi:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ФаТи - ПуШтИ (Catch & Release)- ОПШТО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 09, 2014 7:26 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
таа тема е за слики и видеа, а победници ке се сите оние кој ке ги има во неа, се другото ке е гола вода. Сега за сега тепачка е таму за ред ама полека полека ке стигнат сите :jane:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS1314151617

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum