www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:13 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS23»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 23, 2011 12:59 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Ја отворив темава колку да не заборавиме што сме имале некогаш, што губиме и што можи да изгубиме.Факт е дека (мислам до пред 10 години) важеше за најбогата риболовна река со исто така најразновиден риболовен фонд, вклучувајки ја тука и Кечигата која порано ја имаше во Црна а во разговор со стари рибари ја имало во изобилство кога било Пелагониското Блато. Но што е тука е и нема бегање од реалноста.Загадувањето е проблем број еден за оваа вода - цела отпадна вода од Битола, Прилеп, Демир хисар, Крушево и многу многу околни села се слива каде? токму во Црна Река ! Меѓу моите први риболовни излети беше секако оваа река и со гордост можам да се пофалам дека сум рибарел на неа пред 20 години и верувајте имаше што да се раскажува после секој ден помината на риболов на оваа река. Порано не се одеше по брзаци за лов на клен и скобал, не се бараше мрена под секој камен, туку се седеше на едно место и се молиш да не ти удри голема риба за да можеш да ја извадиш ! :lol: Неверојатно но вистинито и тоа само црвено црвче за мамец, каква прихрана, каква палета на мамци и др.... Само црвецот братче и тоа ти беше доволно за денес да си заминиш со одличен улов, а во кој спаѓаа кленови до 5 кгр, мрени до 8 кгр. ... не не не претерувам ! Прашајте некој постар рибар и сето ова ке го потврди.А да не ви кажувам за стариот Црнски Крап (како што го нарекуваат битолчани) ВРЕТЕНО ! Ловиш крап со тело на клен ! Борба? - колку ти душа и тело сака и можи да издржи.
И сето ова ви го раскажувам за потегот на Црна од местата викани Чебрен до Скочивир ! За долниот-Прилепски тек (ВРПСКО) и да не ви кажувам оти нема да ми верувате :lol: :lol: :lol:
Е сега реалноста: Црна кај Скочивир нема никаков жив организам во својата вода, подолу малце - влив на Бела река во црна (местото каде што се извадени најголемите пастрмки на Црна) е исто така пусто како Сахара, Рашеш-едно од најомилените места на 90% од рибарите во Битолско е добар со риба, ама само Цимуска-Вардарка и по некоја залутана бела мрена.Сомот и Крапот изгледа заминале на печалба па сега чекаат подобри времиња за да се вратат.
Пред две години последно бев Врпско и се вративме со 2 кгр. риби за дводневен лов.
Што да пишувам повеќе.... дали е ова за пишување, ама којзнае можи некој, некогаш, некаде ќе го прошита ова и ќе превземи нешто оти ниту јас ниту било кој рибар не можи да ја исправи Црна Река.Можеме само името да му го смениме од Црна да биде ПУСТА РЕКА !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 24, 2011 1:50 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
salam TABU TEMA

nikoj vo drzavata nema sluh nesto da napraj za ovaa reka koja PORANO
BESE RAJ NA RIBOLOVOT
a sega e do posledniot stadium -skoro do izumiranje na ribniot fond
a i toj sto go ima nee preporacliv za konzumiranje zaradi golemiot stepen na olovo
sto go ima vo mesoto od ribata

i veruvajte deka AKO OVAA REKA NEKOGAS SE OPORAVI
PAK KE BIDE EDEN AKO N E I MEGJU PRVITE RIBOLOVNI
TERENI ZA REKREACIJA VO DRZAVATA

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 24, 2011 5:59 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Maр 26, 2011 4:03 pm
МислењаCOLON850
ЛокацијаCOLONbitola
edno od moite omileni mesta za ribolov bese na CRNA REKA na kaskada na vlivot na ELESKA VO CRNA, se vadea klenovi kapitalci i toa vo serija po pet sest no za zal na ovoj del CRNA e tolku zagadena od pettiot kanal smrdi uzasno pokraj nea ne se vrvi a ne da sedis do voda da lovis riba.
Na nekoi mesta na CRNA se uste dava riba no nikogas taa riba ne bi ja odnel doma pa duri ne ni kaj KOMSIITE ZA DA SE OTSTRAMAM :mrgreen: :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 25, 2011 8:19 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON409
ЛокацијаCOLONAERODROM
Жално Баџо ,Жално !!! Реката има прекрасни места и терени за ловење кој не бил на момент може тие убавини да ги долови на неколку клипчиња на youtube. :roll:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 25, 2011 8:45 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 5:41 am
МислењаCOLON166
ЛокацијаCOLONБитола
за жал е уништен ревир на кој јас ги имав почетоците во риболовот.....ревир на кој сите постари рибари од Битола ловеле капитални примероци од сите риби што ги има кај нас.....а сега има јајца на око

_________________
‎"Men and fish are alike. They both get into trouble when they open their mouths." - Jimmy D Moore


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 11:02 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Не само ти Владимир туку скоро секој рибар од Битола поминал барем еден риболовен ден на Црна и добил спомени за цел живот (приказна за раскажување и паметење).Јас мојата ја паметам по една мрена и три кленови :lol: :lol: :lol:
Тргнат бев по сом на местото -КОСА СТЕНА (саат пешачење за тие што не се запознаени) и тамам се наместив на почетокот на вирот под коса стена првото фрлање ми беше мрена од 5,5 килограми и наредните три фрлања 3 кленови 3,8 / 3,3 / 1,9 килограми. Сето ова се случи за неполн саат. Сакате верувајте сакате не ама остатокот од денот го преспав и попладнето одморен како балерина слегов на мостот на Рапеш, иако ранецот ми беше потежок за 14-15 кила. Е тоа е ден за паметење!!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 11:48 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
zalosno,katastrofa! jas ne sum bil na crna reka i po se izgleda i nema ni da idam.posle moabetov ne gledam sto bi me privleklo nataka,na mrtvi reki ne mi se dreme pa makar i na piknik.

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 3:47 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON409
ЛокацијаCOLONAERODROM
Баџо, дали имаш информација дека за до улив на црна може да се стигне по скратен пат од Плетвар кај ресторанот „ЧЕ„ дијагонално има пат преку планината,патот е земјен цик-цак и води до врвот негде до каменоломот. Имам слушано дека од таму негде можело да се стигне на Црна на улив и се мислам дека од таму се оди и тоа е патот.До врвот може со кола,а од врвот надоле се идело пеш и негде околу 40 мин.биле потребни за спуштање.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 4:04 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Не се сеќавам како се викаше селото кон кој води патот ама и од таму имам одено пред десеттина години ако не и повеќе.За слегвање толку е околу 45 минути и се слегува директно на вирот кој е познат како БРОДОТ.Ама за качвање се сеќавам дека половина од рибите ѓи фрлив (душа излезе нагоре) и кога се качив стркалав камен и реков (КОГА КЕ СЕ ВРАТИ КАМЕНОТ НАЗАД ТОГАШ ЈАС ПАК ЌЕ СЛЕЗАМ ОД ОВДЕ) :lol: :lol: :lol: :lol:
ин д минтаим сум се поправил некои +40 килограми и сега и онака нема теоретска шанса за таму да слезам.Ама подобар ти е патот преку Прилеп, Расимбегов мост, Витолишта, Жилово, Врпско и оп нарека !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЦРНА РЕКА
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 4:08 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
to ti e preku belovodica

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS23»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum