До сега бев на работа и не можев да напишам ништо, а читав од на телефон од време на време.
Скобал во делот кај Струга нема. Спиро, нема да куртулиме од Мифтар ако го бркаме скобалот на тој дел, и тоа 100 % ќе не јади.
Скобалот во Охридско Езеро од година во година се повеќе и повеќе го снемува. Зошто е тоа така не знам да кажам, можеби Васил Костов има повеќе информации и баш ќе го прашам. Знам само дека не е мета на мрежарите, а го снемува.
Овој дел од Црн Дрим па се до даљанот има влијание исклучиво од Охридско Езеро. Ако слези некое рибче од езерото, ќе има, ако не - нема да има. Ова е вака затоа што даљанот е непремослива пречка за рибите. Е сега, даљанот во лето е отворен, ама браната кај црквата св. Петка истотака е непремослива пречка за рибите. Како што претходно кажав, скобал во ОЕ речиси и да нема, а од друга страна не е можно да се качи од долу, значи во делот кај Струга нема скобал. Јас никогаш во живот не сум видел скобал на тој дел.
Што се однесува за делот после даљанот, го има во целиот тек на Црн Дрим се до Глобочичко Езеро, а и во езерото. До пред некоја година речиси воопшто не се качуваше над Ложани поради мрежи и др. глупости, но последниве години го има, и тоа во големи јата, се до даљанот.
Значи како што напишав во претходните постови, овој дел на Црн Дрим е добар за почетници и деца, што е за право порано беше добар и за стаза за спортски натпревари, ама сега со шанковите и масите ...
И да, во зима кога нема каде поради студот овој дел е добар за да се извади некоја плашица и кленче за мезе со добро винце