www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Излагање од кола која тоне во вода
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=133&t=5378
Страна 11

АвторCOLON  Boris [Вто Ное 25, 2014 6:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Излагање од кола која тоне во вода

Посебно актуелно деновиве после трагедијата во Србија.

Добро е да се знаат некои работи, ние сме луѓе кои ја сакаме водата и често возиме покрај вода.

Ако колата од некои причини слета во вода во која тоне

Прво сценарио
Прва работа која треба да се направи ако колата е падната, но сеуште не е асално влезена водата и колата плута. Во првите секунди да се откачат појасите и да се отворат или скршат прозорите и секако да се излезе надвор. Сепак, секој од луѓето внатре треба да знае дека отварањето на вратите и прозорите ќе значи и побрзо влагање на водата внатре и треба да се направи добра проценка. Ако колата е падната така што прозорите се сеуште над вода (споро тонење) тогаш добро е да се отворат или скршат прозорите и да се излезе.

Треба секогаш да се има во предвид дека вратите нема шанси да ги отворите затоа што водата прави притисок од надвор и ги притиска вратите, така што од внатре е невозможно отварањето на вратите во прв момент.

Второ и многу битно сценарио
Ако колата е падната така што за многу брзо, или одма по падот се наоѓа под вода, треба да се биде многу приземен и свесен дека спасот е единствено можен ако се сочека водата целосно да ја исполни внатрешноста на колата, а тоа значи дека треба да се бара последниот воздушен џеб во колата, во последен момент да се земе и задржи воздухот, да не се паничи, да не се мрда премногу (така се губи кислородот), и во моментот кога водата целосно ќе ја исполни колата, тогаш се преоѓа на акција, во тој момент повеќе нема да има притисок од водата (бидејќи е веќе целосно влезена внатре), т.е ќе се израмни притисокот од водата надвор и внатре во колата и ќе може да се отворат вратите. Во тој момент се искача и се плива кон површината.

Еве неколку видеа кои помагаат со совети



АвторCOLON  akiribar [Вто Ное 25, 2014 7:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Излагање од кола која тоне во вода

za poplittka voda vtorotto scenario e podobro :)
kako i dae nedaj bozhe chovek dase najde vo takva kloustrofobichna situacija! jas kako shto sum slab plivach shansitte mise mnogu mali :mrgreen:
mnogu korisna tema bratt :lepi:

АвторCOLON  Boris [Вто Ное 25, 2014 7:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Излагање од кола која тоне во вода

Во тебе не сумљам, ти има да искочиш како дабар :D

АвторCOLON  kompir99 [Вто Ное 25, 2014 8:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Излагање од кола која тоне во вода

Panikata e najgolem neprijatel. ..

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/