Почитувани колеги риболовци,
По иницијатива на дел од членовите на Форумот на
http://www.ribar.com.mk и со целосна подршка на сајтот, се организира една хумана акција - Крводарителска акција која ќе се одржи во Понеделник на 17-ти декември во 16 часот во Клиниката за трансфузиологија во Клиничкиот центар во Скопје. Досега се пријавени околу 20 луѓе од нашиот форум. Се повикуваат сите хумани риболовци кои сакаат да земат учество да го пријават своето учество во истата со цел да бидеме поорганизирани и со цел од клиниката да знаат колкава група крводарители доаѓа во Понеделник.
Што повеќе, тоа подобро !
Да бидеме хумани - Да даруваме крв - Да спасиме живот !
Инаку еве ја изворната тема, ама да не испадне некој не ја видел, еве ја тука и во Разно
viewtopic.php?f=133&t=2993&start=80