www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=133&t=2924
Страна 19

АвторCOLON  Spaiva [Нед Ное 18, 2012 11:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

Ееее колеги, тежок е крапскиот живот, ама сладок.... :lol:
После неколку месечните патeшествија со опрема и несакани инциденти (не дека ги немаше и денес) :D
дојде време да се насладиме на се ново и притоа да ги нападнеме зајците наши најубави мажишта велешки. 8-)

Јас, Тафта, Сашо, Јане, Ховитз, Крсте околу 11 часот се собравме на Велешко каде не пречекаа Ицо Зајак и Даниел-Срцка.
Абе као формула 1 возачи, ќе правиме тест на кривини, а кој беше Шумахер незнам. :D

Се поздравивме ау, кој што како...по некја брцка у ребро и смеење до солзи, :lol: не ни требаше многу време и мислење
за да одма се фрливме на работа. Пуста пасија, не само паметот него и ќесето ни го зема.
НО, најбитно сите сме насмеани. :D

Одма се отпакувавме и почнавме со први визуелни импресии, каде се беше со позитивни коментари и највисоки оцени.
Јане со новите Prologic C3 параболици, Крсте со новите Shakespire и Јас со новите Sportex Competition Carp.

[ img ]

[ img ]

Наместивме системите за фрлање, врзвме leadcore-те, лупање long cast олова кој 90, кој 105гр. и се здадовме на акција.

Почнаа тестови на кривини, бланкови се виткаа, што од мајстори, што од почетници и надежи, што од пасивни риболовци, што од спинерџии (ПОЗДРАВ до САЛЕ).. :D

[ img ]

Ицо беше одма наоштрен за тест, почна да ги склапа Sportex-от, а и се фрли на C3 -та на Јане.
ЗАЈАК У АКЦИЈА (кај си бе зајкоооо бееее) :thumbs_up:

[ img ]

Даниел не остана покус и се фати одма да провери како стојат работиве. Замав невиден. ;)
ПОЗДРАВ СРЦКАА. :lepi:

[ img ]

Со посета не удостои и Професорот Дуле (marks) кој по се што видов и заклучив
е човек со пасија кон крапскиот риболов и голем вљубеник во овој спорт.
Чест ни беше да се видиме и запознаеме, и тоа на вода. :lepi:

Marks со Јане водат дискусија, но Јане не почека и беше спремен ми се чини пред сите и почна да тормози
тоа C3-то па загна машки.
Јанче ТОРПЕДИРА над 120м... :lepi:

[ img ]

Крсте се намести комплет, со колчиња, со сигнализатори, со предвези и хенгери...па и мамци дури...СПРЕМЕН. :D
Крсте во напад, не чекаше ни тетина, ни петина. БРАВО КРЛЕ!! :lepi:

[ img ]

Отиде уште еден спинерџија ничкум. :lol: Ховитз, те со Спортекс, те со Пролоџик во АКЦИЈА.
Став снова....

[ img ]

Погледенте го ова....Викаат 1 слика, 1000 зборови (Јас, Тафта, Ховитц и Ицо како надзорен орган)

[ img ]

Ух ЈАКО, нема коментари коа држиш убав бланк и знаеш дека имаш грб пред да зафрлиш.
После 2-3 зафрлања имав мала незгода (не ви кажувам каква :D ) али беше се во ред и беше од нормални причини.
Морав да оптеретам, дури малце фобија некоја ми се роди и страв од минатите, па со внимание почнав.
Но, после 5-6 пати, го згазгив и јас Спортексот... :yahoo:

[ img ]

Мора да се напомене дека и најмладите кои беа присутни со нас изразија доста желба.
Сашо се погрижи да даде совет и да осетат и колку-толку добијат желба за овој спорт.
Се надевам ке им остане ова во сеќавање и ке паметат еден ден, исто како и јас пред 20год. кога првпат фатив трска во рака.

[ img ]

Ке ги поздравам и Охриѓани (Арнаудов помладиот) со кој се поздравивме и кои ги начекавме во акција.
Дојде и Радован каде направи некое интервју и поздрав до Милчо кој исто така беше спремен со кампот.

Се на се колеги ова беше еден екстра поминат ден, организиран од сите нас заедно.
Сите луѓе кои беа присутни се пред се ГОЛЕМИ ПРИЈАТЕЛИ и секако ГОЛЕМИ РИБОЛОВЦИ.
Ова ми се допаѓа, ова е правилно и вака се оди напред и доаѓа до успеси.
Спортов е неверојатен и доста предизвикувачки. Убаво е вака сите да го чуваме и негуваме.
Поздрав до сите ЗАЈЦИ, пастрмајлииите беа на крај топ. :lepi:
Тоа ќе го видите со видеата кои ќе ги прикачам за ден-два.

Еве една за крај, МИР ЗАЈЦИ! :thumbs_up:

[ img ]

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Ное 18, 2012 11:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

дружба за мерак , убаво искористен ден за едукација и пробување на опрема .
Спаива :bravo: , си ја скоцкал репортажава за мерак :~~ :~~ :~~
Председникот фати С3 во раце и имаше одлични фрлања ... тешко дека ке чека до 55 :eusa_dance:

АвторCOLON  daniel_veles [Нед Ное 18, 2012 11:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

OHOHOOOOOOOOOO KAKVI FOTKIII...MORAM DA KAZAM DEKA STAVOT NA FRLANJE MI E 2 KLASI POJAK OD NA ZAJKO I JANE :lol: :lol: :lol: :lol: ...NORMALNO I DALECINATA E NAJJAKA...HAHAHAHAHAHA

АвторCOLON  howitz [Нед Ное 18, 2012 11:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

Бравооо! :D :bravo: :bravo:

Одлични фотографии и одлична репортажа за денов. Дружба со прекрасни зајци од Велес и многу нови техники на зафрлање :ok_ok:
Браво Спаива! :NotWorthy:

Морам да признаам дека Даниел - Срцка беше најзагреан за C3 :D :D многу имаше ќеф да ги дрма :D

АвторCOLON  daniel_veles [Нед Ное 18, 2012 11:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

SPAIVA...SUPER REPORTAZA DRUZE

Bi sakal vakvi druzbi da ima se pocesto i pocesto..mislam deka bevme dobri domakini ..pa ako vi bese ubavo..povelete i drugiot vikend....ZAJKO CASTI ZA NOVITE TRSKI :lol: :lol:

АвторCOLON  aleks [Нед Ное 18, 2012 11:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

ova mi lici na natprevar vo kasting

АвторCOLON  kompir99 [Нед Ное 18, 2012 11:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

Sale... :twisted: ...I ti li sine Brute...

АвторCOLON  howitz [Нед Ное 18, 2012 11:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

Поздрав и до Ицка со ДОН, човек од овој Ицо може во еден ден да научи многу, замисли на пецање 3 дена :NotWorthy:

Зајко! :lepi:

АвторCOLON  Илчо [Нед Ное 18, 2012 11:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

Iiiiii be zajci se nafrlavte so toa trskite :D
Posebno mi e interesen Howitz nemozam da se iznagledam na slikata mu fali ushe nekoj vobler zakacen an krajot :D
Ushe ednas so zdravje koristenje na trskite i sve kapitalci da ti se zakacuvaat sledniot pat sliki sakam so sportexot svien so ribaa na krajot :volku_golema:

Golem pozdrav do site vas zajci :ico:

АвторCOLON  daniel_veles [Пон Ное 19, 2012 12:00 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ТЕСТ на КРИВИНИ (ВЕЛЕШКО 18.11.2012)

howitz НапишиCOLON
Бравооо! :D :bravo: :bravo:

Одлични фотографии и одлична репортажа за денов. Дружба со прекрасни зајци од Велес и многу нови техники на зафрлање :ok_ok:
Браво Спаива! :NotWorthy:

Морам да признаам дека Даниел - Срцка беше најзагреан за C3 :D :D многу имаше ќеф да ги дрма :D
ISKRENO DA KAZAM....MI NAPRAVI KEIF I TOA SPORTEXOT..AMA BAS KEIF...SAMO BI MOZEL DA GO ZAPNAM USTE MALKU...
IMA DUSA I SNAGA TAA TRSKA VERUVAJTE

Страна 19 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/