www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрема) http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=13&t=2930 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | Rade [Вто Ное 20, 2012 10:36 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрема) |
Поттикнат од репортажата на Ристето за уловот на крапот од скоро 5 кг. на Ц.Река со 5м. боло стап и стандардна лесна спрема, сакам да ја разработиме и оваа тема. Имаше и Ицо Баитс коментар во кој кажува дека на 5 м. боло со 16-ка конец на Подлес успева да извади крап од преку 8 кг. Сите сме свесни дека најголемиот дел од риболовците практикуваат стандарден риболов со болоњез и мислам дека совети и искуства од постарите колеги ќе бидат добредојдени и прочитани. Многу често и скоро на секој од нас ни се случило кога најмалку очекуваме и кога чекаме караш, црвеноперка, попадика или бојник, да удри некој Крап, Мрена, клен 2+ па и Сом и тн. Знаење, среќа, трпение, подготвеност и што ли уште може да влијае во ваква ситуација. Јас би сакал преку примери со опис на опремата и уловот, секој кој сака да го опише неговото искуство и притоа Ве молам имајте почит кон пишаното од било кој колега. Еве го мојот пример кој го имам опишано и во друга тема: Пред 4-5 години, ловам на Тиквешко во Ресавскиот дел. Длабочина не повеќе од 2,5 метри. Многу постар колега ми вика излегува доста крап и ќе седиме едно до друго ама да чекаш и ти крап Фрливме некоја рака пченка, ставив на болоњезите (едниот 4м. другиот 5-ка ДАМ), шпулните со 20-ка влакно, 6-ки или 8-ци јадици и чекам без тапа. Од 04:00 до 12:00, покажувам репсект и не пробувам за друга риба, не кревам врева, ловам на 12-15 м. од брегот. Крап скока на сите страни ама нема удар. Ми пука филмот после 12:00, барам одобрение од дедо Ристо и ставам шпулните со 14-ка влакно, 12-ка основна јадица, 2-ра јадица 14-ка и 1,5 гр. тапа. Ставам по едно зрно пченица и зафрлувам на истото место. Длабочината прилагодена 20 цм. над земја да е долната јадица. 1. Удар после 5 минути. Кратка борба и без многу помош и кажување извадив крапче од 1 кг. 2. Веднаш фрлам на истото место повторно удар, оди полесно вадам 600-700 гр. крапче. 3. Трето зафрлање, веќе цела обала почна да преврзува Тапата на 5-ката Болоњез тргна половина метар во страна и не тоне, контрирам и амортизерот извлече конец, како да е закачена за нешто. Веднаш рибата тргнува кон длабочината и ми зема околу 70 метри конец, мислам дека машинката ми се запали. Назад напред, отпушти, оди по брегот, застани и дедо Ристо по 4-от обид рибата ја имаше во кепчето. 4.1 кг. крап. Кога си го враќам филмот еве што ме спаси во таа ситуација и на што според мене треба да се внимава: 1. Не многу користен конец (иако имаше чвор за 2-ра јадица издржа) 2. Амортизерот на машинката во 90% од случаите ми е прилагоден, на конецот кој го ловам 14-ка (освен кога забравам) 3. Болоњез дам 5-м, одлично ја замара рибата (1.700 ден. купен од Зоки Р.Приказни на времето). Но ако ми удреше на него со 20-ка конец може и рибата ќе го замореше Дамот 4. Немаше никакви препреки теренот, го познавам и не брзав. (ако бев на козјак, сигурно дека ќе остане со празни раце и празна машинка). 5. Многу важна работа која „Туторот“ ми ја сугерираше цело време. „Оди нагоре по брегот, не се доближувај до водата, кога ќе го донесеш до кепчето минимум 15 метри да си нагоре качен, остави ме мене јас ќе го нацрпам“. Е според мене ова беше можеби и најважниот дел. Што повеќе конец тоа поголема еластичност и поголеми шанси на ваша страна. Чекаме други примери, совети и дискусија. |
АвторCOLON | Zoki rib.prikazni [Чет Ное 22, 2012 1:17 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
Seto toa sto go kaza Rade..no posebno e bitno da ne se brza i da ne ve fati panika i inaet.... |
АвторCOLON | spiro_jas [Вто Aпр 02, 2013 11:07 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем | |
Ова е забележано со мојата камера викендов, 30.03.2013, на ГогоМонд.
исто и слично нешто му се има случувано на тројца кои јас ги познавам после 50 мин борба со 0,12 конец крапот да биде како умрен донесен да кажам скоро за да се нацрпи ама конецот пука Жално е само што не го извадивме крапот, а беше стварно риба за респект. што мислите има ли некоја тактика или некое друго решение да се намали ваквото ,,губење,, на риба |
АвторCOLON | Илчо [Вто Aпр 02, 2013 11:18 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
Mislam deka e do konecot e dosta tenok i dosta se opteretuva nemoze da podnese tolku napor. A kako toa da se izbegne poim neam od prosta pricina sto nemam fateno drasticno pogolema riba vo odnos na opremata koja ja imam. |
АвторCOLON | spiro_jas [Вто Aпр 02, 2013 11:30 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
како би се избегнало тоа малтретирање на конецот значи рибата кога ја качиме иаме ајде од прилика да речам 20 метри конец кој се растегнува некој 50-60 см и како се намалува тоа растојание на метража така се намалува и еластичноста или растегливоста на конецот а при помалку конец - од машинката до рибата доага до оптеретување само на таа должина која за брзо време ги губи карактеристиките после толку напор тој ке се кине како да е обично влакно што би се десило ако се проба да се вади со повеке метража или пак ако се има услов да се вратиме неколку метри наназад од обалата а со тоа и би оставиле повеке испуштен конец што мислите има ли ова логика и дали би профункционирало |
АвторCOLON | akiribar [Вто Aпр 02, 2013 11:35 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
obozavam da vadam riba golema na lesna sprema adrenalinot e najjgolem! e sega shto e bitno... prvo mestoto da dozvoluva da ja borish ribata.primer na ezero e 10pati polesno od na reka! dokolku imash prostor za manevriranje vtora najjbitna rabota e da e namesten amortizerot! da ne te fati panika! ako si sedel i naglo ripnesh da secnesh na sonce da ne te udri zut minut,da goizbegnesh uspeshno a si pijel rakija da ne gi slushash naokolu ribarite koga ti davaat soveti da bidesh strpliv i istraen+fizichki pogotven. osetot so amortizacijata na rakata i snaogjanje vo prostorot bitno mnogu za realizacija. predhodno da se skenira vizuelno mesttoto i da se bide podgotven dokolku se najdesh vo vakva situacija da znaesh na kaj da ja terash kvaliteten konec! kvalitetna jadica i dobro vrzana! srekja |
АвторCOLON | Krki [Вто Aпр 02, 2013 11:37 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
Spremi se vo cetvrtok na kafe kaj 2 satot...Da te zapoznam so covek sto na lesna sprema ima izvadeno kapitalci... |
АвторCOLON | akiribar [Вто Aпр 02, 2013 11:46 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
ok |
АвторCOLON | Lafe [Сре Aпр 03, 2013 1:09 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем | |
како би се избегнало тоа малтретирање на конецот
Логика има и тоа многу.А за мене лично и правило е,само ако има место за идење наназад.значи рибата кога ја качиме иаме ајде од прилика да речам 20 метри конец кој се растегнува некој 50-60 см и како се намалува тоа растојание на метража така се намалува и еластичноста или растегливоста на конецот а при помалку конец - од машинката до рибата доага до оптеретување само на таа должина која за брзо време ги губи карактеристиките после толку напор тој ке се кине како да е обично влакно што би се десило ако се проба да се вади со повеке метража или пак ако се има услов да се вратиме неколку метри наназад од обалата а со тоа и би оставиле повеке испуштен конец што мислите има ли ова логика и дали би профункционирало Од искуство! |
АвторCOLON | spiro_jas [Сре Aпр 03, 2013 4:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Лов на неочекувани примероци со болоњез (при лесна спрем |
лафе мене ми имаат удирано примероци кои едвам и прачката во раце се држела - а машинчето да дојде до степен на збудалување(за нецела минута 120метра конец да летне ), ама сум бил во таква положба да сум во вода на сам срт каде нема ни напред ни назад и од 6 удари сите ми скинале(зборам за крап), а за сом нема што да кажам мава и прави јадица или кине нема наназад - само напред оди затоа и ја потегнав оваа дискусија - што би било ако би можело а примерите кои ги наведов на моите пријатели биле од обала - ама не искористиле таа шанса да се подвратат наназад па им остана само да се пздрават од далеку со капиталецот |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |