Поттикнат од репортажата на Ристето за уловот на крапот од скоро 5 кг. на Ц.Река со 5м. боло стап и стандардна лесна спрема, сакам да ја разработиме и оваа тема. Имаше и Ицо Баитс коментар во кој кажува дека на 5 м. боло со 16-ка конец на Подлес успева да извади крап од преку 8 кг.
Сите сме свесни дека најголемиот дел од риболовците практикуваат стандарден риболов со болоњез и мислам дека совети и искуства од постарите колеги ќе бидат добредојдени и прочитани.
Многу често и скоро на секој од нас ни се случило кога најмалку очекуваме и кога чекаме караш, црвеноперка, попадика или бојник, да удри некој Крап, Мрена, клен 2+ па и Сом и тн. Знаење, среќа, трпение, подготвеност и што ли уште може да влијае во ваква ситуација.
Јас би сакал преку примери со опис на опремата и уловот, секој кој сака да го опише неговото искуство и притоа Ве молам имајте почит кон пишаното од било кој колега.
Еве го мојот пример кој го имам опишано и во друга тема:
Пред 4-5 години, ловам на Тиквешко во Ресавскиот дел. Длабочина не повеќе од 2,5 метри. Многу постар колега ми вика излегува доста крап и ќе седиме едно до друго ама да чекаш и ти крап
Фрливме некоја рака пченка, ставив на болоњезите (едниот 4м. другиот 5-ка ДАМ), шпулните со 20-ка влакно, 6-ки или 8-ци јадици и чекам без тапа. Од 04:00 до 12:00, покажувам репсект и не пробувам за друга риба, не кревам врева, ловам на 12-15 м. од брегот. Крап скока на сите страни ама нема удар.
Ми пука филмот после 12:00, барам одобрение од дедо Ристо
и ставам шпулните со 14-ка влакно, 12-ка основна јадица, 2-ра јадица 14-ка и 1,5 гр. тапа. Ставам по едно зрно пченица и зафрлувам на истото место. Длабочината прилагодена 20 цм. над земја да е долната јадица.
1. Удар после 5 минути. Кратка борба и без многу помош и кажување извадив крапче од 1 кг.
2. Веднаш фрлам на истото место повторно удар, оди полесно вадам 600-700 гр. крапче.
3. Трето зафрлање, веќе цела обала почна да преврзува
Тапата на 5-ката Болоњез тргна половина метар во страна и не тоне, контрирам и амортизерот извлече конец, како да е закачена за нешто. Веднаш рибата тргнува кон длабочината и ми зема околу 70 метри конец, мислам дека машинката ми се запали. Назад напред, отпушти, оди по брегот, застани и дедо Ристо по 4-от обид рибата ја имаше во кепчето. 4.1 кг. крап.
Кога си го враќам филмот еве што ме спаси во таа ситуација и на што според мене треба да се внимава:
1. Не многу користен конец (иако имаше чвор за 2-ра јадица издржа)
2. Амортизерот на машинката во 90% од случаите ми е прилагоден, на конецот кој го ловам 14-ка (освен кога забравам)
3. Болоњез дам 5-м, одлично ја замара рибата (1.700 ден. купен од Зоки Р.Приказни на времето). Но ако ми удреше на него со 20-ка конец може и рибата ќе го замореше Дамот
4. Немаше никакви препреки теренот, го познавам и не брзав. (ако бев на козјак, сигурно дека ќе остане со празни раце и празна машинка).
5. Многу важна работа која „Туторот“ ми ја сугерираше цело време. „Оди нагоре по брегот, не се доближувај до водата, кога ќе го донесеш до кепчето минимум 15 метри да си нагоре качен, остави ме мене јас ќе го нацрпам“.
Е според мене ова беше можеби и најважниот дел. Што повеќе конец тоа поголема еластичност и поголеми шанси на ваша страна.
Чекаме други примери, совети и дискусија.