Еве и јас да напишам некој ред за системите за риболов на река
Не користам некој посебно сложени системи,бидејќи ловам со една јадица.Сум пробал неколку пати со две јадици,но не сум нешто посебно задоволен бидејќи системот многу се мрси
Во минатото ловев на 14ка конец,како главен или основен,а подвез користев 10ка-Трабуко
За жал повеќе не го произведуваат па користам уште од залихите
За поврзување на основниот конец со предвезот го користам Surgeon's Knot,од олова користам сачми и долгнавести,а најчесто долгнавести, ги ставам директно врз чворот.Подвез ставам кога ловам на бистра вода,на Пчиња обавезно.Добра работа е кога се користи подвез, е што при закачување,тапата секогаш ја спасуваме
Сега ловам со 12ка-Шкорпион
,мана според мене е што се продава во котури од 100м а не од 150м
На Вардар без подвез,директива а на Пчиња користам подвез,должината на подвезот обично е 15-20см
Од јадици користам најчесто Гамакатсу и Мустад,за бојник ви ги препорачувам токму овие
Најчесто користам бр.14 и 12,за жал во Скопје 12ка нема ни за лек
Од тапи,во последно време најмногу користам Фасса,ги купуваме во Велес
За Вардар обично овие модели носат 2гр.олово
За Пчиња а и за Вардар-зависи од местото,најчесто ги користам овие модели
Обично дома ги тестирам-оптеретувам во шише и на терен не губам време
Последната од десно мие коњак за на Пчиња,колку риба имам извадено со неа
,се сеќавам еднаш во Бадар ја скинав,а ги правев попара,бев толку нервозен што престанав да ловам-некако не ми одеше
Отидов следната недела на истото место,и еден од мајсторите кој ловеа ме препозна ми пријде и ми го врати коњакот,бев најсреќен на свет
Се разбира добро ја натопивме