www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Дек 26, 2024 3:51 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS678910ELLIPSIS16»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 24, 2012 11:24 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... ne be Кочан, 2 подвижни Окца како шо си е и стандард, и на крајојте кратење по моја мерка ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 24, 2012 11:37 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Дек 11, 2011 8:08 pm
МислењаCOLON115
abe lepi ete imam edna 5 m karbon GALAXY od eftinite i kazimi kade ja skrati i jas taka da ja napram za pouba parabola da imam odnosno podobra akcija kako sto velis ti poopsirno opisi stvarno me interesira 4.5 metri karbon mi izgleda mnogu interesno za na reka ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 24, 2012 11:57 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Промениго врвот на трската и долзината-големината на кариките.Ела утре дома сум цел ден, досјија ке ја дотераме ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 3:10 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Дек 13, 2010 9:53 am
МислењаCOLON103
kocan НапишиCOLON
prijatele mojot kolega dinbt ima tica wonder 6-ka a jas ja koristam tica swing 6-ka i dvete so iskljucitelno dobri performansi pa ti sega biraj i koja da ja zemis od ovie dve nema da zgresis za takov ribolov kako sto praktikuvas a isto taka ako si zainteresiran za 7-ka SHIMANO kako nova prijatel moj ja prodava po mnogu dobra cena mislam deka 8000 den proveri na forumot pozdrav
Jas bev vo pregovori so ribarce za taa sto ja ima objaveno Tica-Exclusive i skoro da padna dogovor ama mi se zdesi kvar na kola pa otidoa parite za popravki pa posle mi se zdesi smrten slucaj vo familija i taka ostana rabotata.
Iskreno mene mi fajka oko za hunterov posto dosta dobra e cenata a lujge se falat od nea.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 8:48 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... Кочан, те бунит геометријата во математиката. Скрати 10цм од оздола и 30тина цм од врвот спрема саканата акција = на то шо ти кажвам. Њухантерот е доста лесно-акциона Трска па затоа ја прам подинамична. Требит некогаш сам да експериментираш ...
... кај Перо наспроти Бит Пазар ги земав првите 2 пред 5 години по 1300 денари, па поскапеа и сега се мислам 1500 денари 5м, со Окца и Држач за Машинка. Ги имат и готови кај Жаре мислам дека тука така е цената


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Општо за болоњезе стаповите
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 11, 2012 2:01 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Мал вовед:

Еден од најраспространетите начини на риболов и она што речиси сите нас не врзува за нашите почетоци, е риболовот со болоњезе. Ова е и најчестa и најшироко користена техника за риболов со пловка во слободниот риболов, а во натпреварувачкиот дел приматот поодамна веќе и го превземаат риболовот со штек и меч стапови.

Малку за историјата и нивниот изглед:

Како што и самото име кажува, потекнува од Италија поточно од Болоња од каде денес доаѓаат неколку познати брендови Tubertini, Maver, Sarfix и др. Болоњезата е развиена од тамошните риболовци, кои најчесто ловеле по реки во 80-тите години од минатиот век. Идејата начелно била како да се лови крупна риба на што поголема далечина (дотогаш најчесто ловеле со директни стапови).
Болоњезите се најчесто графитни стапови со спроводници/окца во должина од 4 до 8 м. Спроводниците може да бидат кратки (short-leg) и долги (long-leg) и најчесто се зацврстени/премотани со фин конец и прелакирани со некој епоксид/смола. Во почеток самите италијани, поради нивната сува медитеранска клима имале мал број на спроводници, онолку колку што има сегменти болоњезата и биле средни по должина, а држачот за машинката бил ниско поставен во долната зона на дебелиот, најдолниот дел од бланкот. Но потоа, кога почнала нивната поширока примена, откако се користеле на влажни поднебја, тогаш се покажале нивните недостатоци и како резултат на ова се зголемил бројот на спроводниците и се примениле по прв пат долги спроводници. Целта на ова било да се избегне лепењето на конецот за бланкот или самиот стап. Првите помошни/подвижни спроводници најчесто 1 или 2 на број, се појавиле на горниот сегмент (врвот) но поради поголемото и нерамномерно оптеретување често доаѓало до пукање на делот под него. Од тука, се појавиле и 3 и 4 подвижен спроводник, а држачот за машинката се наоѓа малку погоре, позициониран некаде на 1/3 од вкупната должина на првиот дел, па така некако и изгледа денешниот болоњез.
* Постојат и одредени модели како што се Milo Stradivari i Milo Top Class 3099 кои на секој сегмент имаат подвижен спроводник и како такви се создадени за влажни поднебја. Но ова некако ми преминува и наликува на една друг тип на стапови кои англичаните ги имаат како најчеста алатка за риболов и ги имаат доведено до совршенство(Match техника).


Некои детали:

Многумина од нас риболовците се мачат со преголема транспортна должина на болоњезата, а најчесто кога патуваме во група и уште во некоја помала кола, 1.40 м. или 1.50 м. знаат многу да не` изнервираат. Но според многумина искусни риболовци, производители и практикувачи, токму должината на овој прв дел од на стапот е многу важна за квалитетот и неговото однесување. Добра болоњезе трска достигнува транспортна должина и до 1.50 м., или преку пример, некои од моделите на Shimano на вкупна должина од 5 м., транспортната должина им изнесува 1.40 м. Овде исто така неопходно е нејзините ѕидови да се доволно силни (дебелина) како би ги задржала далечните зафрлувања или појаките контрирања, а да не ви остане само првиот дел во рака.
Поголемата должина на првиот дел е од големо значење и од уште еден друг аспект. Таа претставува нашата продолжена рака во риболовот, значи овој дел не смее да се витка и треба да биде колку е можно по крут. Па така, ако имате болоњез кој е долг 6 метри, а првиот дел кој практично не се витка (не работи) е со должина од 1.35 м., излегува дека максимално 4.65 м. работат при уморувањето на рибата, па ако сака нека биде и некоја капитална мрена на Вардар или некој залутан крап на Козјак додека сте ловеле попадика. Многу од поквалитетните боло стапови ги имаат појачано и вториот, третиот па и четвртиот дел (со спирално преплетени карбонски влакна), па така е добиен исклучиво крут стап, со екстремно крута ½ од должината на стапот, што резултира со многу брза акција и правовремена контра.
Освен должината на првиот сегмент, особено значаен е уште еден момент, а тоа е обемот или дебелината на бланкот односно целокупната должина да го следи обемот, пропорционално. Што значи ова? Наједноставно кажано, колку потенок прв дел од стапот толку подобро. Значи разликата на првиот дел со последниот дел (врвот ) треба да е што помала. Конусот кој го формира формата на целиот болоњез, треба да е со што поблаг агол/наклон. Во пракса, ова најчесто значи остар, квалитетен и јак стап, а поради тоа што ова побарува многу труд од производителите, современа технологија и прецизност, нив ги одликува и поголемата цена. Еден од првите производители на ваквите болоњези е италијанската ARTICO и скоро сите нивни нови серии имаат сегменти во кои разликата на пречниците е помала. Исто така MILO со нивните престижни серии на болоњези KOEX 8000 I KOEX 9000 кои според познавачите имаат акција која е неспоредлива со традиционалните, класични болоњези.

Кога секој грам е важен:

Изработката на самиот стап е од фини карбонски влакна кои формираат цврста, издржлива и истовремено еластична структура. Карбонските влакна, самите по себе се одликуваат со многу мала специфична тежина, а вообичаено потенкиот ѕид на бланкот значи и полесен болоњез, што и тоа како е важно доколку со него поминете 5-6 часа во рака, на некоја од нашите реки. Од тука кога најчесто на форумот се дискутира за купување на нова трска, еден од главните фактори за одлука е тежината на самиот болоњез. Заклучокот за жал е дека тежината на болоњезот е во обратнопропорционален однос со неговата цена
*Според некои искуства на добрите познавачи на овој тип на трски, понекогаш се случувало палецот на риболовецот да пропадне во првиот дел, од само малку појак стисок, но и тоа се серии кои се ултра лесни и кои само си го бараат својот пат до потрошувачите. Па доколку сте малку погруби или едноставно не сакате премногу да се „замарате“ при риболовот, тогаш внимавајте и на овие работи.

Ова се накратко некои основни информации за овој тип на стапови за риболов, нивната историја и неколку практични согледувања. Во некоја од следните теми ќе продолжиме со други специфичности околу болоњезите

* Извори: Користени се податоци од интернет портали, кои третираат слична или иста тематика

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Општо за болоњезе стаповите
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 11, 2012 10:40 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Со задоволство го читав,а и нешто околу историјата научив никогаш ми немаше текнато за ова да штракам по нет :bravo: :lepi:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Општо за болоњезе стаповите
ТемаИспратеноCOLONЧет Oкт 11, 2012 10:48 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Браво за трудот Раде :thumbs_up:
верувам дека сите сме почнале со овој начин на риболов и сите имаме некакво интересно искуство со болоњезите ;) . За мене Тубертинито и Шекспирот беа незаменливи болоњези во однос на квалитетот , но ова беше пред некои 20 години :oops: .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Општо за болоњезе стаповите
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 12, 2012 8:32 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Taftabit, Tubertini i togas ocigledno bilo poim za bolonjeza, pa uste i prva trska/prva ljubov, sigurno deka ke ti ostane vo dusa. Jas t.s. tatko mi, imavme eden Silstar 4m. no daleku bese toj od denesnive izrabotki. Denes navistina postojat prefineti bolonjezi no kako sto rekovme tuka cenata igra uloga.
Sepak pred dve godini koga se odlucuvav za nov bolonjez, zemav Tubertini Level 4000 - 6m. Akcija od 0 -30 gr. Tezinata nekade okolu 290 gr. so pojacani sprovodnici i stap koj ke izdzi i pogolema riba. Cenata mu bese okolu 3.500 den. (zaboraviv) od kaj Zoki R.Prikazni. Ova e niska cena za 6m. bolonjez no i tezinata mu e "solidna", ama jas posto go koristam na mirna voda i si stoi na drzac ne mi menuva mnogu, iako so levata raka potesko mozam da go kontroliram.

Eve nekoja slika od nego vo akcija, karasi do 1 kg. gi vadi bez problem od voda na pogolemo ne sum go probal.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Општо за болоњезе стаповите
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 12, 2012 8:50 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Болоњез за мене е убава работа, ама кога се лови на езеро и трската ти е потпрена на држач :)

За на река, прав болоњез е тешка работа, цел ден да го држиш во рака и да мафташ со него...
Затоа кај нас по продавниците најчесто се носат директаши од 4, 5, 6 метри, кои се многу полесни во однос на класичните болоњези, и на нив се ставаат спроводници и држач за машинка (најчесто надолу, така сакаат мак. рибари).

Јас имам еден болоњез од 5м, со држач за машинка поставен над 1/3 од првиот наставак, и еден директаш од 5м со монтирани окца и држач долу, и освен разликата во тежината (50 грама е потежок болоњезот), друга разлика засега немам приметено, на риби до кај 2 - 2,5 кг. И двете без проблем се справуваат.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS678910ELLIPSIS16»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum