www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:16 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Parasol - мушици
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 06, 2014 9:43 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Разлисутавајки едно мушичарско списание , наидов на еден текст кој описува една техника на врзување која сигурно ќе инспирира некој од врзувачите да ја примени. Исто така малку историја и размислувања околу оваа мушица. Овде ќе ги пренесам најинтересните делови од текстот , оние кој мене ми привлекоа највеќе внимание.

ОРГИНАЛОТ

Кој прв врза Parasol мушица ?
Во 2010 та бев сеуште убеден дека е европски производ . Одкако почнав подлабоко да го истражувам ова прашање , одкрив дека американците тврдат дека е нивна и дека умот позади неа е Francis Betters познат и иновативен врзувач од Аdriondack. Истражувањата исто така покажаа дека од 1990 до 2000-та овие мушици се повеке користени во САД него во Европа .Денеска сум убеден дека Francis Betters е создателот на рarasol-от . Еве некој од неговите
познати мушици : Ausable Wulff, the Usual, the Hаystack денес позната како Comparadun и Piggy back, првата мушица од овој тип.

Piggy back

[ img ]

Betters за прв пат ја презентира во книгата Patern Guide ( 1986 ). Мушицата е имитација на puppa која виси на конец од 3 до 4 см на кого е врзано клопче од елен кое понатаму е пресечено во вид на топка.
Philippe Boisson европеец, при крајот на 1990 ја врзува својата прва Ombrelle, десет години после Francis Betters, прв примерок од овој вид на мушица врзан од оваа страна на Атлантикот.

Francis Betters

[ img ]

НАМЕНА

Parasol-от или чадорчето е наменето како strike indicator или тапа а не како составен дел од имитацијата поточно самата мушица. Овој модел на мушици се производ на зголемениот интерес за мушичарење со emerger-и. Многу артикли и книги укажуваа на фактот дека мушичарите го пропуштаат/игнорираат фактот кој укажува дека во и одма испод површината на водата има многу повеке инсекти одколку на самата површина. Не е случајност што една emerger имитација од типот на klinkhammer e значително поуспешна од една сува мушица.
Klinkhammer

[ img ]

Кога станува збор за parasol мушиците се поставува едно прашање : Што гледа рибата? Дали ја гледа parasol мушицата како една или две посебни мушици. Незнам колку ова прасање е анализирано но мој заклучок е дека во најголемиот дел од случаеви, рибата го зима emerger-от а многу ретко parasol-от. Јас мислам дека не е вредно да се стави јадица и на parasol-от, како што направи еден пријател кога една голема пастрмка го зема чадорчето наместо нимфата.
Последниве години, мушичарење со parasol-и ми е омилен метод. Бездруго верувам дека овој метод е поуспешен од ловот со обични emerger-и. Чадорчето плови како плута а мушицата ја бираме по она што се рои или она што секогаш го има во водата. Рибата не се плаши од чадорчето а и колку и внимателно да ја зима нимфата или emerger-от, секогаш чадорчето ќе индицира удар.


Инструкција како да се врзе чадорчето кое потоа се спојува со самата нимфа или emerger. Pokraj polygarn, може да се користи и срна-елен , хакел може од ЦДЦ пера или петел за побрзи и поразбранувани води.
Инструкција за "loop to loop" конекција со мушицата

[ img ]

Должината ја правиме по личен избор, во зависност од тоа во кој слој од водата ке ловиме.
Видео инструкција


_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Parasol - мушици
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 06, 2014 10:39 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Малку појаснување за некој зборови за оние кој не се навлезени во мушичарењето. Зборот emerger често се спомнува во текстот. Се потрудив да најдам македонски збор но не успеав, ако некој го знае би му бил благодарен.
Зборот emerger во овој случај се однесува на една фаза на трансформација во која се наоѓа ларвата од некоја мушица. Живеејки како нимфа или ларва од 1 до 3 години на дното на реката , пред самата трансформација во мушица се упатува према површината и овој стадиум го нарекуваме пупа. Крилната кесичка на грбот е значително зголемена.
Доаѓа до самата површина, и во самиот филм на водата започнува трансформацијата во мушица. Во овој стадиум ја нарекуваме emerger, тогаш е и најранлива без шанса да избега од предатори и затоа и пастрмката најчесто се одлучува да се храни со нив.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Parasol - мушици
ТемаИспратеноCOLONСре Јан 08, 2014 9:28 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Интересни мушици. Во суштина, може да се направи лесна нимфа и да и се стави парасол, за да се води во филмот... Дефинитивно ќе го пробам и ова годинава :lepi:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Parasol - мушици
ТемаИспратеноCOLONСре Јан 08, 2014 9:38 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Za mene ovie musici se novina , ali definitivno vredni za eksperiment. Logikata kazuva deka treba da se uspesni, ne bi se iznenadil ako za nekoja godina stanat popularni kako sto e kinkhamerot . Probaj Filip i spodeli iskustvo , mojte uslovi za vakva musica se dosta ograniceni :(

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Parasol - мушици
ТемаИспратеноCOLONСре Јан 08, 2014 9:57 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
И моите се, нема риба :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum