За ова и нема што многу да се пишува. Традиционално изработени од дрво, обично во форма на тениски рекет но ги има и во други облици. Различни димнзии за различна намена што е и логично. Мала риба , мало кепче и обратно.
Пошто мушичарењето е тесно поврзано со c&r, се повеке кепчиња се произведуваат за таа намена. Мрежата е од посебен помек материјал и без чворови. Ваквата мрежа не ја повредува рибата поточно не и ја уништува слузата на телото која служи као заштита на рибата од инфекции. Секое уништување на слузината кај пастрмката највероватно ке резултира со инфекција и понатаму смрт кај рибата.
Еве едно такво кепче кое го користам.
![[ img ]](http://img256.imageshack.us/img256/5959/img0278jr.jpg)
Еве ја и мрежата од блиску
![[ img ]](http://img703.imageshack.us/img703/7697/img0279dd.jpg)
Кепче со обична мрежичка
![[ img ]](http://img850.imageshack.us/img850/8636/img0280jq.jpg)
И една заедничка слика чисто за споредба
![[ img ]](http://img707.imageshack.us/img707/329/img0281dh.jpg)
Една практична работа е тоа што постојат магнети ко се ставаат на кепчето и на јакната или елечето. Ова ни овозможува да го закачиме на нас. Едно такво магнетче можете да видите на првата слика.