www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:04 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS16»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONПет Jун 10, 2016 8:26 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Колеги, вчера на УО на МРФ се донесе одлука за организација на државниот мушичарски куп оваа година.
Во понеделник ќе биде готова програмата, локацијата и саатницата на купот и информацијата ќе биде објавена на сајтот на МРФ и на форумов.
Купот најверојатно ќе се одржи на Радика (ќе се одлучи викендов), во еден или два сектори, во зависност од пријавените натпреварувачи. Датумот е веќе фиксиран, 26.06.2016.
Правилата ќе бидат горе-долу исти како претходните две години.

Сите натпреварувачи кои ќе се пријават мора да се од екипи-членки на МРФ кои имаат решение за дејност спорт, истовремено да имаат уплатено членарина во МРФ за тековната 2016 година, да имаат извадено лекарско уверение (за тие од Скопје мора од спортска медицина, а за останатите од градовите каде што нема спортска медицина може од матичен или од специјалист), да имаат договор со клубот за кој натпреваруваат, да поседуваат лично спортско осигурување и да уплатат по 400 денари за спортска легитимација на сметката на МРФ-Спорт.

Околу осигурувањето обратете се кај Јане од форумов :)

Истовремено, МРФ одлучи и годинава да прати една екипа на Балканско во мушичарење, кое годинава ќе се одржи во Црна Гора кај Колашин на реката Тара, од 08-10 јули. Право на учество ќе имаат натпреварувачите кои ќе ги освојат првите три места на купот плус четвртиот натпреварувач како резерва. За екипата ќе биде платена котизацијата и превозот.

Ова за балканското го потенцирам бидејќи вчера на состанокот добивме информација дека имало екипи од Македонија кои сакале да учествуваат таму директно, но донесовме заклучок дека на тој начин се девалвира домашниот државен куп и сите натпреварувачи кои ќе такмичат. Затоа, донесена е одлука да се прати само една екипа составена од победниците на државниот куп кои ќе претставуваат мушичарска репрезентација на Македонија.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 13, 2016 8:29 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
ДРЖАВЕН КУП РАДИКА 2016
„ЛОВ НА РИБИ ГРАБЛИВКИ СО РИБОЛОВНА ТЕХНИКА МУШИЧАРЕЊЕ“

Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЈУНП “Маврово“
Термин на одржување на натпреварот: 26.06.2016 год.
Категорија: Сениори
Конкуренција: Поединечно
Место: риболовен ревир река Радика

Право на учество на куп натпреварите во организиранизација на МРФ, во поединечна конкуренција, имаат сите натпреварувачи регистрирани во РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, имаат решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт, матичното РЗК да има уплатена членарина за тековната година на жиро сметка на МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат.
Рок за пријавување: 20.06.2015
Рок за достава на документи за спортска легитимација: 20.06.2015
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Сите натпреварувачи мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови немаат право на настап.
Натпреварот ќе трае вкупно 5 часа, во две кола од по 2,5 часа. Предвиден е улов на риба само од видот пастрмка.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За првопласираните тројца натпреварувачи како награда се доделуваат пехари, соодветни медали и дипломи.


ПРОГРАМА

Недела, 26.06.2016

7.00 до 7.30 часот - Пристигнување на натпреварувачите на река Радика (собирањето е на паркингот пред кафаната кај с.Скудриње, до старата фабрика за текстил)
7.30 до 8.00 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
8.00 до 8.15 часот - Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
8.15 до 8.45 часот – Распоредување на натпреварувачите по секторите кои се на оддалеченост 1-2 км од збирното место
9.00 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ............... прв сигнал
11.30 часот - Крај на првото коло од натпреварот ................... втор сигнал
11.30 до 12.00 - Враќање на збирното место во Скудриње, ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
12.00 до 12.30 часот - Распоредување на натпреварувачите по секторите кои се на оддалеченост 1-2 км од збирното место
12.30 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ............. трет сигнал
15.00 часот - Крај на натпреварот ................................................ четврти сигнал
15.30 до 16.30 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите поединци
Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.
За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација ќе ангажира доволен број на волонтери кои ќе им помагаат на судиите и натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.
Судискиот колегим ќе биде дополнително одреден.
Натпреварот ке биде во два сектори, со извлекување на сектор и позиции за секој натпреварувач одделно. Патеката ја одредува комисија од МРФ.


ПРАВИЛНИК

1. Право на учество на куп натпреварите во организиранизација на МРФ, имаат сите РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, поседуваат решение за дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт, уплатиле котизација за натпреварот (доколку има котизација) како и членарина за тековната година на жиро сметка на МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат.

2. Сите натпреварувачи мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови немаат право на настап.

3. За издавање на спортска легитимација секој натпреварувач, до Македонска Риболовна Федерација треба да поднесе:
• договор со РЗК членка на МРФ која има Решение за вршење дејност спорт издадено од органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот (Агенција за млади и спорт);
• лекарско уверение од Спортска медицина и
• лично осигурување.

4. За натпреварот ќе бидат ангажирани тројца судии, еден главен и двајца секторски.

5. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов.

6. Дозволен прибор: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.

7. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка.

8. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.

9. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција и забрането е зафрлување во туѓа позиција.

10. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.

11. Секој натпреварувач се обврзува на пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.

12. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.

13. Доколку се доделува награда за најголема уловена риба, најголема риба ќе се смета рибата која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и оние натпреварувачи што ги освоиле првите 3 (три) места.

14. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
• Секоја уловена риба пастрмка носи 10 поени на натпреварувачот
• Секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 1 поен
(Пример: ако натпреварувачот има уловено две пастрмки од 20 и 25 см, се бодува на следен начин: 2 риби х 10 поени = 20 поени, 1 пастрмка од 25 см х 1 поен = 25 поени, 1 пастрмка од 20 см х 1 поен = 20 поени. 20 + 25 + 20 = 65 поени за тој натпреварувач).

15. Рибата се мери од врвот на главата до најдолгиот дел на опашката.

16. Должината на рибата се заокружува на поблискиот цел број. На пример 23.3 см се заокружува на 23 см, а 23.6 см се заокружува на 24. Во случај на пола број тогаш се заокружува на поголемиот.Пример 23.5 см се заокружува на 24 см.

17. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см.

18. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри. Во одредени случаи ширината на позицијата може да се намали на минимални 18 метри.

19. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вршат секторските судии.

20. Патеката за натпревари не смее да се порибува во претходните месец дена пред одржување на натпреварот.

21. Патеката се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки. Во зависност од бројот на натпреварувачи, може да се оформи и дополнителен трет сектор.

22. Натпреварувачите кои во првото коло ловеле во првиот сектор, во второто коло ќе ловат во вториот сектор и обратно.

23. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата.

24. Распоредот по позиции и сектори се извлекуваат со ждрепка пред секое коло.

25. Натпреварот трае 2 пати по 2,5 часа, односно 2 кола по 2,5 часа, со пауза од 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло.

26. На натпреварот се бодува само пастрмката. За важечки улов се смета риба со минимална должина од 15 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода.

27. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето. Потоа рибата се враќа во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.

28. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода, највеќе до 1/2 од ширината на реката на позицијата.

29. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата.

30. За важечки улов не се сметаат риби доколку:
• рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење;
• рибата е закачена за телото, а не за устата;
• ако рибата не е извадена со помош на кепче;
• ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата;
• ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор;
• ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка.

31. Дозволен риболовен прибор:
• мушичарски стап со максимална должина од 10 ft / 305 см;
• макара по слободен избор;
• шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри;
• предвез (лидер+типет) по слободен избор, не подолг од 2 должини на мушичарскиот стап со кој се лови, а истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично. Лидерот може да биде и домашно изработен, односно направен од повеќе парчиња на монофил со различна боја, но не смее да има големи чворови или “бркови“ од конците на чворовите кои би играле улога на индикатор;
• вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор, но со метална кугла на главата не поголема од 4 мм;
• микро прстен за поврзување на лидер и типет со максимален дијаметар од 2 мм;
• чизми/пантолони со ногавици/комбинезон;
• мушичарски елек;
• кутии со мушички;
• поларизирачки наочари;
• капа/шешир;
• кепче.

32. При риболовот не е дозволено:
• користење на индикатор (лидер од домашна изработка во повеќе бои не се смета за индикатор, доколку нема бркови на чворовите и е изработен ислучиво од монофил, а не смее да има делови од бекинг/плетеница или друг синтетички материјал);
• користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично);
• користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм (Се зема во предвид отежнување од тунгстен или месинг. Доколку се работи со стример кој има две кугли во форма на очи, истите да се не поголеми од 3 мм секоја. Стримерите и мушиците кои користат отежнување од епоксид не се ограничуваат на 4 мм).

33. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка.

34. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата.

35. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см.

36. Секторскиот судија по потреба може да изврши проверка на опремата на натпреварувачот пред влегување на позицијата.

37. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите.

38. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот.

39. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции.

40. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари.

41. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода.

42. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари.

43. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македонската Риболовна Федерација.

44. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода.

45. Победник на Куп-от е натпреварувач со најголем збир на освоени поени од двете одржани кола. Понатамошниот пласман се определува од поголемиот кон помалиот збир на поени. Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број на поени, предност ќе има натпреварувач со поголем број на изловени риби. Во случај и на таква еднаквост предност ќе има натпревар со најголем изловен примерок. Во случај и на таква еднаквост предноста се одредува со жребка.

46. При извлекување жрепка се ставаат тројно повеќе ливчиња од бројот на натпреварувачите кои учествуваат во жребањето. Предност ќе има натпреварувач со најголем извлечен број. Понатамошниот пласман се определува од поголемиот кон помалиот број.

47. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот.

48. За прекршување на овие правила и други прописи за време на натпревар, на натпреварувач може да му се изрече казнена мерка и тоа доделување на жолт или црвен картон


ЖОЛТ КАРТОН

49. Жолт картон на натпреварувач судијата доделува доколку не ги почитува одредбите од членовите од овие Правила за кои не е предвидена мерка доделување на црвен картон а особено за:
- влезе на стартното место или монтира прибор пред првиот судиски сигнал;
- за непрописна чуварка која мора да ја замени со прописна;
- со своето однесување ги попречува останатите натпреварувачи;
- зафрлува или лови во неутрална зона или зона на соседни натпреварувачи;
- користи непрописен прибор;
- уловената риба ја држи надвор од кепче или чуварка;
- продолжи да лови по истекот на колото или натпреварот;
- ја извади чуварката од вода пред да дојде тимот за мерење;
- користи мини радиостаница или мобилен телефон за време на натпревар
- користи алкохол;
- не ја почитува утврдената саатница.

Жолтиот картон доделен на натпреварувачот означува укор и повлекува намалување на вкупниот број на бодови за 10%.


ЦРВЕН КАРТОН

50. Црвен картон (дисквалификација) на натпреварувач судијата доделува директно доколку :

- на навредлив и груб начин им се обраќа на судиите, делегатот, претставниците на организаторот, домаќинот, останатите учесници на натпреварот или публиката;
- лови со природни мамки и било какви други ненаведени мамки;
- лови со прибор подолг од пропишаниот;
- лови со повеќе мушички од дозволеното;
- користи индикатор при риболовот;
- користи дополнително отежнување на шнурот или лидерот;
- користи лидер или типет во форма на олово и слично;
- доколку некоректно се однесува со уловените риби;
- употребува недозволена јадица (двокука, трокука);
- направи измама со достава на риба од страна или со риба која не е уловена од натпреварувачот за време на натпреварот;
- предвремено, без дозвола на судијата, го напушти стартното место (позицијата);
- разменува опрема или вештачки мушички со друг натпреварувач за време на натпревар;
- во текот на натпреварот или по неговиот завршеток, уловената риба без дозвола на судијата ја врати во вода, и
- доколку направи прекршок од точка 49 а веќе има добиено жолт картон.

51. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 14, 2016 6:35 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Ovde nema poribuvanje so 1+ kg pastrmki kako pred krapskite natprevari sto se poribuva so krap? :jane:

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 14, 2016 6:41 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Не, ние лoвиме нa диви вoди, не нa језoвири :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 14, 2016 6:44 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Se prifaka odgovorot :D :D :D

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 16, 2016 10:47 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Филип НапишиCOLON
Не, ние лoвиме нa диви вoди, не нa језoвири :)
Стакло свиткавте на дивите води :D

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 20, 2016 10:48 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Препорака до сите да си носат платнени чуварки, поради конфигурација на теренот, можда на судијата ќе му требаат 5-10 минути да дојде да ја измери рибата.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 20, 2016 1:40 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Секторите и позициите вака ќе изгледаат отприлика:

[ img ]

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 23, 2016 2:24 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONНед Oкт 21, 2012 4:14 am
МислењаCOLON45
:oops:
pozdrav do site sportisti musicari!
prvo da vi posakam uspeh vo 2riot musicarki kup koj e za pozdravuvanje od strana na MRF i drugite za organizacija,
Sakav da navedam deka po vtor pat se povtoruva istoto, LOSA ORGANIZACIJA.
1. kako sto znaete za Muslimanite vo tek e RAMAZAN ( post koj trae 29 dena ovaa godina , od 05 JUN do 04 JUL) a vo 5 JUL e Ramazan Bajram, drzaven pranik, i vo odnos na toa mislam deka red ke bese da se prasa za datumot na oddrzuvanje bidejki svesno imame pravo da se bunime. (ovde ne zboruvam samo vo moe ime, tuku najmalku 5 musicari koi za zal nema da ucestvuvame, a sigurno ima i drugi!)
2 isto da kazam deka i ovaa godina organizacijata e mnogu loso napravena, prethodnata godina mnogu musicari ne dobija pokana, a ovaa godina jas isto ne dobiv, a ima i drugi, isto datumot na odrzuvanje bese mnogu blizku otkako se odluci, taka sto mislam deka ne e vo red.
za informacija, duri i jadnarnko poddunavski kup za koj sum mnogu navreme informiran... poradi Ramazan Bajram ne bese vo JUN napraven.
neznam sto da vi kazam povejke , no musicarenjeto vo makedonija dobiva pogresen smer poradi nekoi tvrdoglavi. izvinete ako go kazav ovaa grubo, veruvajte gneven sum zatoa sto po 2 pat se slucuva istoto.
poz.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Државен мушичарски куп 2016
ТемаИспратеноCOLONЧет Jун 23, 2016 8:25 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Фејзула, точно е дека рoкот беше краток (15-тина дена), но датумот беше случајно предложен и одбран на УО на МРФ, како слободен викенд од натпревари во лига крап итн.
Во однос на информирањето, МРФ не информира поединци, туку МРФ ги информира СИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА - ЧЛЕНКИ на МРФ (во кои спаѓа и МК Матка) и информациите ги објавува на својата веб страна. Програмата за купот е објавена на страната на МРФ, тука во темата, а пратена е до сите здруженија, меѓу кои и Матка. Во МРФ Мире Младеновски е пријавен како претставник на МК Матка и изветувањето му е испратено него. Како што имаше време Илија да се пријави и учествува (преку друго здружение, бидејќи МК Матка нема решение за дејност спорт од АМС), така можеле и другите.

А ако ти лично не си добил покана, одговорот зошто е тоа така побарај го кај вашиот претставник во МРФ, Мире Младеновски.

[ img ]

Колку да се знае, наредната година повторно поединци-мушичари нема да добијат покани, туку покана ќе добијат сите здруженија-членки на МРФ. Таков е редот Фејзула.

А во однос на натпреварите кои се одложени поради Рамазан, те поздрави европското првенство во фудбал на кое учествуваат еден куп фудбалери од муслиманска вероисповест.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS16»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum