www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Новозеландски стил на мушичкарење
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=119&t=3451
Страна 11

АвторCOLON  Dragan [Нед Maр 10, 2013 3:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Новозеландски стил на мушичкарење

Новозеландски стил на мушичкарење е малку поинаков тип и комбинација од повеке други.
Се работи за лов најчесто на две мушички од кои едната сува а едната нимфа. Првата е сува и поголема мушичка од типот на цикада, скакулец, вилинско коњче... која освен што служи како мамец, намената и е да го замени индикаторот кој се користи кај нимфарењето. Може и да се користи и индикатор но се избегнува за полесно, подалечно и попрецизно зафрлување. Овој метод може и да се сретне под името Tongariro Nymph Rig, именуван по местото од каде што потенува реката Тонгарио.
Должината на лидерот и типетот до првата сува мушичка е околу три метри, а нимфата се наоѓа на околу 30-40 сантиметри подолу.

[ img ]

Слична на оваа техника е Hopper, copper, dropper rig. За разлика од претходната се користи една нимфа повеќе. Вака е и покомплицирана за зафрлување.

[ img ]

Оваа техника бара вежбање и искуство во зафрлувањето. Луѓето од Нов Зеланд имаат измислено зафрлување за овој тип на мушичкарење кој се вика Tongariro Haul or Tongariro Roll Cast (TRC). Финалната фаза од зафрлувањето е многу слична на скандинавското зафрлување "под рака" - underhand casting, кадешто лидерот се лепи на водата блиску до риболовецот, и се исфрлува нанапред со одсечно зафрлување. Движењата кои водат до ваквото одсечно зафрлување е чудна комбинација на Spey cast и собирање на шнурот на некој начин измислен во Австралија.



Ваквиот тип на мушичкарење бара многу од риболовецот во смисол на поминато време во вежбање на самото зафрлување и нормално прилгаодување во зависност од опремата која што ја има. На овој начин ја бараме рибата и на површината, а во зависност од тежината на нимфата и средните и долните слоеви на водата.
Останува на нас да пробаме.

АвторCOLON  Илчо [Нед Maр 10, 2013 11:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новозеландски стил на мушичкарење

Ova mene mi izgleda premnogu komplicirano samo zafrlanjeto,a ne pa mestenje na mushicite :D mada sto znam jas ne sum mushicar

АвторCOLON  cakule [Пет Јан 24, 2014 9:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новозеландски стил на мушичкарење

Треба да го пробам овој метод сезонава. Би требало да биде забавно иако не ми игледа многу естетски. На пр. еден клинхамер и подоле некое фазанче :roll:

АвторCOLON  PERUN [Пет Јан 24, 2014 10:18 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новозеландски стил на мушичкарење

interesno drugar obratno od sistemot sto go fakam jas,ha ha ha

АвторCOLON  Atanasovski [Пет Јан 24, 2014 10:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новозеландски стил на мушичкарење

Spored mene nepotrebno kompliciranje pri zafrlanje i plasenje na ribata, ajde u brza voda ke mu projde ali na pomirna voda ne mu proaga :eusa_snooty:

АвторCOLON  PERUN [Пет Јан 24, 2014 10:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новозеландски стил на мушичкарење

zbesnale tie od NZ imaat premnogu ribi i sega kompliciraat so nekoi nivni stilovi i nivni zafrluvanja,neka dojdat so ovoj niven nacin na nymphing na balkanov pa da im go vidam resultatot,ova so droperot na kraj nema logika nikakva.

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/