www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

ЕНТОМОЛОГИЈА
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=119&t=1900
Страна 11

АвторCOLON  PERUN [Сре Maр 28, 2012 3:24 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  ЕНТОМОЛОГИЈА

Ентомологија или ентологија е наука која ги проучува инсектите и нивните навики и се смета дека почнала да се развива од 14век,денес ентомологијата е развиена и поделена на многу посебни гранки на пр.колеоптерологија која ги проучува бубачките,диптерологија-мувите,мирмекологија-мравките...Нас како мушичари би требало да не интересираат речиси сите гранки од оваа наука како би знаеле која имитација во кое време од годината,месецот,денот,температурата на водата,воздушниот притисок,надморската висина...да ја врземе на нашиот типет.Исто така задолжително би требало да ги знаеме навиките на инсектите што живеат во и околу водата како би постигнале совршена презентација и совршено водење на мушичката,со што би биле сигурни дека сме ја избрале вистинската имитација и истата сме ја презентирале правилно и правилно ја водиме.Не постои добар мушичкар кој нема познавање на инсектите кои живеат во и околу реката во која најчесто лови.

АвторCOLON  PERUN [Сре Maр 28, 2012 3:34 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

предлагам тука да ставаме слики од инсекти што ги срекаваме во и околу водата со текст
-име на мушичката ако знаете
-период од годината кога е сликана
-река и место каде е сликана
-големина одредена според јадица
-по можност температура на водата
-време(утро,навечер,пладене,облачно,ведро,сончево...)
-други карактеристики што сте ги приметиле кај мушичката и околината и мислите дека се важни

АвторCOLON  cakule [Вто Jун 25, 2013 8:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

Деновиве на Радика има доста роење на каменјарки. Како и ларви од кадис и "Rhyacophila " Еве што уловив
со мојот фотоапарат.

Каменјарка полна со јајца кои ке бидат положени во водата.(големина негде околу 5цм)

[ img ]

Rhyacophila (големина ко за 12-10 јадица)

[ img ]

Сите заедно (нимфи од каменјарки кои веќе си одлетале ;) )

[ img ]

И некои „терестриал“

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  ilija [Вто Jун 25, 2013 11:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

I jas mozam da potvrdam za kamenjarkite.
Vidov kako letaa kaj Boskov most vo nedela

АвторCOLON  PERUN [Сре Jун 26, 2013 1:24 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

masala golema kamenjarkana,a nie si lovime na 10.12 jadici,za ovaa treba x7 dolg vrat na 4ka jadica :lol: :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  cakule [Пет Jул 05, 2013 7:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

Еве нешто од Беличка . Таа храна иде секако во Треска има премногу " shrimps" или "scuds" најчесто во сива боја и по некоја каменјарка.

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Филип [Саб Jул 06, 2013 12:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

Не си начекал од големите чаури, шо се прават на 8-ца

АвторCOLON  cakule [Пон Aвг 26, 2013 10:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

Сабајлечки на Радика овие денови ја има оваа мушичка која незнам од кој тип е :confused:

[ img ]

АвторCOLON  cakule [Пет Ное 29, 2013 5:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

Интересен сајт за мушишки во Европа.

http://www.euroflyangler.com/

АвторCOLON  b.mucunski [Чет Oкт 01, 2015 2:42 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЕНТОМОЛОГИЈА

[quote="cakule"]Еве нешто од Беличка . Таа храна иде секако во Треска има премногу " shrimps" или "scuds" најчесто во сива боја и по некоја каменјарка.

[ img ]

[ img ]

Ваква како на втората слика за прв пат во мојот живот видов ова лето на Брегалница кај нас со златесто рѓава нијанса (боја) :)

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/