Фала на сите за подршката.Значи собирот имаше 3 цели:
1 запознавање на сите мушичкари и размена на контакти....
2 воспоставување на линк помеѓу постарата (југословенска) и помладата(интернет) генерација на мушичкари
3 претставување пред МРФ за да можат во иднина да не имаат во план,програма,натпревари...
Севкупно се собревме околу 15 мушичкари и неколкумина гости.Иначе имаше многумина кој не можеа да дојдат,кој заради одмори,свадби, Систини...а морам да им се извинам на многумина кој не успеав да ги поканам затоа што немав нивен контакт или пак им се јавив предоцна.Нешто што ме изненади е што кога разговарав со еден мушичкар одма ми даваше телефон на уште двајца други.По моја проценка во МК има над 60 мушичкари.
Најпрвин се собревме на скопска Треска и поставиве држачи за трски.Со ова сакавме да го обнародиме нашето постоење и да си обележиме територија исто како што тоа го прават кучињата на секое дрво
Ископавме дупки,ги зациментиравме држачите и еве како тоа изгледаше
Од тука отидовме на Вардар каде што имавме рекреативен натпревар.На Вардар не пречека Перун каде што направи презентација на живи мамци и нивна вештечка имитација
Не имаше поприлично.Се изнапаркиравме на кејот кај стадионот Македонија
После отидовме до еден ресторан каде што почнавме со работилниците.За жал кафанскиот петок и фудбалот не создадоа добра атмосфера за дискусии ама добро се држевме.
Имаше доделување на прва награда за најуспешниот.Првакот извади пастрмки на Вардар
Сликите се оние што ги постави Сашо погоре.Наградата беше мушичарско елече спонзорирано од Атанасовски.
Др Васил Костов накратко не запозна со 7-те видови на пастрмка кој живеат во Македонија.Муабетот беше доста информативен и не запозна со реалната состојба во МК и пречките кој стојат како предизвик за сите нас.
Трајко -врзувачот се најде со најбистар вид и ни демонстрираше врзување на мушичка.Помладите врзувачи немаа доволно светло
.
На маса се најдоа многу книги,списанија,менгемиња,материјали.....кој несебично се покажуваа.
Сашо и Перун ја прокламираа нивната борба против рибокрадците.
На крајот го предадовме списокот кој едвај содржеше 22 члена .Васил како претседател на МРФ не информираше дека веќе во септември во Босна има некое првенство и дека се вољни да испратат преставници од Македонија.Доколку има заинтересирани треба да се обратат во МРФ,да ги видат правилата на натпреварот,котизации,финансии....
Собирот помина во најдобар ред,без многу испиени пиво и алкохол,со желба ист ваков да се одржи во најскоро време.Затоа што сега за сега немаме никаков FF клуб,јас ги поканив сите да започнеме да комуницираме преку Рибар-форум.
На крајот на овој информатор да кажам дека имам многу малку слики
па би замолил сите што сликаа да закачат по некоја