www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:06 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Јан 24, 2012 12:03 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Како да почнам да пишувам на кирилица ?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Јан 24, 2012 12:50 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
За тие што имаат инсталирано македонски јазик, многу лесно. Со истовремено притискање на копчињата ALT и SHIFT, долу во десниот ќош иконата EN ќе се промени во МК.

За полесно снаоѓање и вежбање, покрај заедничките букви со латиницата, овие копчиња се користат за преостанатите букви од кирилицата:

Q = Љ
W = Њ
Y = Ѕ
X = Џ
[{ = шШ
]} = ѓЃ
;: = чЧ
'" = ќЌ
\| = жЖ

Еве, за тие што не знаат како се инсталира, иако 99% од компјутерите имаат инсталирано, едно кратко упатство:

Проверка дали е инсталирана Македонска поддршка на Вашиот компјутер

Погледнете доле десно на вашиот монитор. Дали наоѓате EN на Taskbar* (*Taskbar е плавото поле на долниот дел на вашиот монитор. Лево е Start копчето, па во десно се шират иконите за отварање на програми, а најдесно е часовникот) Значи, пред часовникот т.е. пред стрелката би требало да се наоѓа EN

[ img ]

Ако го гледате EN, кликнете на него со левото копче на глувчето и ќе го добиете следново:

[ img ]

Со кликнување на English или Macedonian можете да изберете со која азбука ќе пишувате. Независно во која програма се наоѓате (Word, Exel, PowerPoint, Corel, Notepad и т.н.) може да правите избор во секој момент и да пишувате со азбуката која ви одговара. Кога ќе го направите изборот доле десно ќе се промени EN во MK или обратно, зависно која азбука е одбрана.

Распоред на букви на вашата тастатура
Распоредот на кириличните букви се разликува за малку од распоредот на кој сте наученни со користење на TTF фонтовите Mac C Swiss, Mac C Times и т.н. На долната слика (Слика 3) со црвено е прикажан распоредот на кириличните букви

[ img ]


Како што гледате малку се разликува. Во десниот дел се групирани сите карактеристични кирилични букви (ш.ѓ,ч,ќ,ж) Другите се на исти места како и кај TTF фонтовите (Mac C Swiss, Mac C Times и т.н.) За кратко време ќе видите дека овој распоред е позгоден. Со копчето Shift се активираат големи буквио. И тоа важи за сите. Не како кај некои TTF фонтови со притискање на Shift се куца мало ш, ѓ, ќ.

Резиме
Значи со кликнување на EN во десниот долен дел на екранот се појавува листа на која ви се прикажани инсталираните unicode поддршке. Со кликнување на соодветната азбука го вршите изборот.

Скратена команда за промена на азбука е со притискање на копчињата Alt и Shift на левата страна на вашата тастатура. Ајде пробајте. Со палецот на вашата лева рак притиснете го и држете го притиснато копчето Alt , а со некој од другите прсти на левата рака (мене лично ми е најзгодно со домалиот прст) притиснете го кратко копчето Shift и пуштете ги обете. Ќе видите долу десно на екранот дека се променила состојбата на EN во MK или обратно, зависно кој била претходната. Ајде пробајте пак, ама вака, притискајте и пуштајте го копчето Shift со пауза од 1-2 секунди. Правете го ова со левата рака и гледајте доле десно како се менува состојбата на EN и MK.

Тоа би било се’ за избор на Македонска поддршка.

Во случај да ја немате инсталирано на вашиот компјутер, објаснувањето следи во:


Инсталирање на Македонска поддршка!

Кликнете на копчето Start (долу лево на екранот) и застанете со стрелката на Settings за да на десно Ви се отвори панелче со список на команди. Најгоре, на тоа панелче, се наоѓа Control Panel. Кликнете на Control Panel.

[ img ]

Ќе ви со отвори прозор со содржината на Control Panel. Два пати кликнете на Regional and Language Options.

[ img ]

Ќе се отвори прозорот на Regional and Language Options. Во горниот дел кликнете на TAB - Languages.

[ img ]

Ќе ви се смени горниот дел како на сликата подолу.

[ img ]

Кликнете на копчето Details и ќе го добиете прозорецот Text Services and Input Languages, како на следната слика.

[ img ]

Со кликнување на копчето Add ќе се отвори прозорец. Сега кликнете на стрелката на десната страна од полето Input language, и ќе се покаже паѓачка листа во која ќе ја пронајдете FYRO Macedonian.

[ img ]

Кликнете еднаш на FYRO Macedonian, па приtиснете go копчето OK. Како што гледате се враќате на претходниот прозор (Text Services and Input Languages), но сега во сегментот Installed services се наоѓа и FYRO Macedonian. Со кликнување на копчето OK или (ова е сеедно) на копчето Apply, па на копчето OK, постапката е завршена.

[ img ]

Но, за да ви се појави симболот EN на долниот десен дел на екранот, треба да притиснете на копчето Language Bar. Ќе се отвори помошно прозорче Language Bar Settings. Во помошното прозорче Language Bar Settings, треба да ги штиклирате опциите како што е прикажано на подолу. Кога ќе го направите тоа, кликнете на копчето OK.

[ img ]

Сега сте повторно во прозорецот Text Services and Input Languages. Како што споменав погоре, со кликнување на копчето OK или пак прво на копчето Apply па на копчето OK, постапката е завршена. Сега треба да се затвори и прозорот Regional and Language Options, со кликнување на OK. И на крај го затвораме и прозорецот на Control Panel. Значи како ги отваравме прозорците, така и ги затвараме.
После оваа процедура, во долниот десен агол ќе биде појавен симболот EN, од каде може да се избира потребната азбука. Или како што пртходно е кажано, може да се користи скратената наредба Alt+Shift на левиот дел на тастатурата, за премин од една во друга азбука.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum