www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Проблем со машинката
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=111&t=3734
Страна 11

АвторCOLON  sinooksk [Пон Jун 03, 2013 6:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Проблем со машинката

Викендов машинката одеднаш почна чудно да работи то ест да не ми работи. Предниот амортизер престана да "крцка" при вртење и подесување. Да не знае некој што може да биде проблемот и дали лесно се санира? Вака како што е, не можам баш прецизно да одредам колку да го затегнам или попуштам предниот амортизер. Anyone?

АвторCOLON  dobre2000 [Пон Jун 03, 2013 8:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Проблем со машинката

Postoi covek kaj nas vo Kumanovo sto ima delovi vo izbilststvo, inace i majstor si e .... Ako sakas donesi ja ili prati ja mislam deka od 150den. nema povece da te cini popravkata

АвторCOLON  sinooksk [Пон Jун 03, 2013 8:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Проблем со машинката

Фала многу колега на информацијата, за мајстор мислам дека можам и тука во Скопје да ја дадам, мислев ако некој знае што е проблемот и ако не е комплицирано, да ја средам сам. Ако има таков јунак да сподели знаење ;)

АвторCOLON  caparius [Пон Jун 03, 2013 8:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Проблем со машинката

sinooksk НапишиCOLON
Викендов машинката одеднаш почна чудно да работи то ест да не ми работи. Предниот амортизер престана да "крцка" при вртење и подесување. Да не знае некој што може да биде проблемот и дали лесно се санира? Вака како што е, не можам баш прецизно да одредам колку да го затегнам или попуштам предниот амортизер. Anyone?
Може да е скршено "федерчето"(не знам како точно се вика) на самата шпулната од внатрешната страна и затоа да не крцка.Извади ја шпулната и види дали го има тоа делче.

АвторCOLON  Филип [Вто Jун 04, 2013 7:43 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Проблем со машинката

Тоа е, најчесто се крши ташачето, или се витка ако е од метал, па некогаш е доволно да се подисправи и пак да крцка :)

Инаку, ти пак можеш да си ловиш со машинката, само нема да ти прави крц крц на поголема риба :D

АвторCOLON  martinMK [Вто Jун 04, 2013 5:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Проблем со машинката

sinooksk НапишиCOLON
Викендов машинката одеднаш почна чудно да работи то ест да не ми работи. Предниот амортизер престана да "крцка" при вртење и подесување. Да не знае некој што може да биде проблемот и дали лесно се санира? Вака како што е, не можам баш прецизно да одредам колку да го затегнам или попуштам предниот амортизер. Anyone?
По ова што кажуваш.. мислам дека ти е скршена ти е крцкалицата.. која се движи по запчаникот.. лесна опоравка е тоа.. само треба да се отвори капачката од амортизерот и да се смени да се стави нова..
Зборувам за крцкалицата која кажува колку си го стегнал амортизерот.. не за крцкализата кога ти зима конец од шпулна.. а ако т.е. кога ја вртиш шпилната крцка.. а не крцка капачката тогаш е капачката.. ако е обратно тогаш е шпулната..

АвторCOLON  sinooksk [Вто Jун 04, 2013 5:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Проблем со машинката

Да да, шпулната си крцка, кога ја вртам со рака, а кога го стегам амортизерот, не крцка. Ќе ја отворам сега, чисто визуелно да видам како е од внатре. Фала колеги.

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/