www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

СКОБАЛ (Бојник, Скобуст)
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=11&t=32
Страна 16

АвторCOLON  Boris [Пет Oкт 29, 2010 11:47 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  СКОБАЛ (Бојник, Скобуст)

Времето залади, се спремаат и првите снегови.

Дали е време за зимски сон на рибарите ?

Секако дека не !

Што да се лови сега, станува едно од најчестите прашања ?

Октомври и Ноември за некои мајстори се најубавите месеци за лов на бојник.Секако водостојот bojnik reна реките кај нас е доста променлив во овие врнежливи денови, ама далеку од тоа дека немозжеме да го најдеме бојникот.

Бојник на слободно возење е најчест начин, на кој повеќето риболовци го ловат бојникот. Во однос на местото што го бираме. Во начело, секогаш треба да ги одбегнуваме местата на кои има јаки вртложења и подводни струења, на водата. Бидејќи мамецот носен од овие струења под водата прави неприродни движења и ја тера рибата од себе.
[ img ]
Откако сме го одредиле местото на кое ќе го бркаме “Бојко“, ја одредуваме длабочината и далечината и почнуваме со риболовот. Не очекувајте, бојникот тапата да ви ја потоне одеднаш, тоа може да се случи единствено, ако јаде како избезумен, но тоа најчесто не е случај. Затоа риболовот на бојник од риболовецот, бара голема упорност и трпеливост. Бојникот мамецот го зема на специфичен начин. Тој за да го зафати мамецот со уста, мора да се сврти на страна и при вакви маневри тој речиси незабележано го преместува курсот на тапата, што само искусниот риболовец може да го забележи ова движење на тапата и да контрира благовремено.

Значи, оваа метода на слободно возење ја применуваме на терен, онаков каков што го дала природата, без наши интервенции, односно без забранување на реката и правење на брани. Ако текот на водата е бавен, тогаш ја оставаме тапата да биде слободно носена, конецот секогаш затегнат, а стапот на готовс, спремен за брза контра. Никогаш не дозволувај конецот да прави мев, со што реакцијата ќе биде бавна, а тоа е недозволиво, при ваков вид на риболов, бојникот е брз, мора да бидеме и ние брзи.
[ img ]
Ако течението на реката е доста брзо, тогаш се користи малку потешка опрема, а тапата се вози по линијата, што сме ја одбрале, со благо, но константно прикачување. Секое затреперување, рггбзастанување, свртување на страна или нагло забрзување на тапата треба да е знак за брза контра.

За оние кои што знаат ОК, за оние кои што не знаат, или се потсетуваат, за риболов на бојник најчесто се користат јадици со големина од 8 до 14. Конецот треба да биде тенок 0,10-0,16. Може да се користи и подебел конец, но со подврзок од 0,10 - 0,12. Изборот на тапа е мошне битен фактор, при ловењето на бојникот. Но видот и големината на тапата секако, ќе ни зависи од брзината на течење на водата и нејзината длабочина.

Најчести мамци, што се користат за риболов на бојник се лебот, белите црви, дождовните црви и тревата. Ало ловите на леб, не заборавајте да понесете доста стари лебови леб-крма, мора да се прихранува со топки од леб повеќе пати во текот на денот. Ако ловите на бели исто така, спремете едно поголемо канче/канта црви кои треба добро да му ги пласираме на бојникот.
[ img ]
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ :arrow:viewtopic.php?f=54&t=195&p=1406#p1406 ,Слики на улови :arrow:viewtopic.php?f=52&t=2284

Бистро на сите

АвторCOLON  stevo. [Вто Дек 14, 2010 10:49 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Здраво,другари! ЈАс сум нов член во форумот и сакам да допринесам во надградбата на информации во врска со риболовот. За почеток, како добра дестинација за лов на бојник би ви ја препрачал Грција (река Пиниос), која знае да изненади со многу добри парчиња на бојник во зимскиот период. Но внимавајте, водостојот е многу променлив, треба да се пропрати временската прогноза најмалку две недели пред да решите да одите. Жалам што немам слики, но верувајте дека, ако се начека добар водостој ќе имате незаборавен риболов.Во просек излегуваат многу добри парчиња(од 300-700 гр.), но не е исклучок и некој килаш. Внимавајте знае да затепа и по некоја мрена, а воопшто не се за потценување. За подетални информации ви стојам на располагање.

АвторCOLON  Poliz [Вто Дек 14, 2010 4:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Е сега јас малку од моја гледна страна ќе Ви кажам каков е риболовот во Грција.
Да не мислите дека таму рибата игра оро и ве чека со раширена уста.Многу се лажете.Сигурно Стево има набиено јака километража во газот додека да ги најде рибите и да ви каже корисна информација каде има риба.И тоа информација на готово,без да се мачите Вие да проверувате-нешто за кое ние имаме оддвоено и време и пари да го направиме.
Второ ,за да ти држи овој коментар,треба да имаш отидено и со свои очи и трска осетено дали навистина во ГРЧКА има риба.Е кога ќе се вратиш со бојник од ПИНИОС,тогаш можеш да кажеш-да бе луѓе,ГРЧКА врие од риба.За тоа споревме со рибари од Струмица,кои ги пративме на готово кај шо "има "риба,но после 2-3 излета без риба-веќе не мислат дека е толку лесно во ГРЧКА.
Факт е дека има води богати со риба,но треба да се најдат и да се примами таа риба.Па и кај нас има риба.Мајсторите за бојник вадат килаши не од Вардар,туку от реката Струмица,која со залет ќе ја прескокнеш.
Еве ти како бојничар прашуваше за тапата лижавче-гледаш риболовот оди напред,се измислиле тапи за полесно задржување при возење.Можеби ако пробаш со нив ќе видиш дека и кај нас ќе нафаќаш бојници.Не мора да одиш во ГРЧКА.

Мислата ми е една.Не мислете дека Грчките риби се лесни пу..и,и верувајте бараат многу голем труд од логистика,тактика,пратење се до храни и мајсторлак ;)
Стево би сакал повеќе да напише околу ПИНИОС,водостојот ,кога -како е,мамците и рибниот фонд.
ПОЗДРАВ.

АвторCOLON  kompir99 [Нед Дек 19, 2010 12:43 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

moze moze i bojnik uspesno da se lovi na vobler.....
[ img ]

АвторCOLON  Poliz [Нед Дек 19, 2010 1:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Друже,кај секоја риба има исклучоци.И јас сум фаќал костреж на пченка,сом на леб,Америчко сомче на 5 зрна пченка,караш на рипче,сунчица на рипче.....Па зошто да не удри и бојник на воблер.

Ај фати 5-6 бојници на воблер у серија?Не бива нели ;)

АвторCOLON  Dimitar [Саб Јан 22, 2011 3:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Такви не секојдневни работи се дешаваат ако е многу гладна рибата или за време на мрест кога е поагресивна.Имаше случај пред 7-8 години кога еден колега на татко ми на Калиманци фати крап од 3кг и тоа на жабче ловејки клен.

АвторCOLON  filip030682 [Пет Феб 11, 2011 8:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Poliz НапишиCOLON
Друже,кај секоја риба има исклучоци.И јас сум фаќал костреж на пченка,сом на леб,Америчко сомче на 5 зрна пченка,караш на рипче,сунчица на рипче.....Па зошто да не удри и бојник на воблер.

Ај фати 5-6 бојници на воблер у серија?Не бива нели ;)
koj znae dali tvoeto mislenje e tocno na morava,drina cesto go lovat na ripce ili vobler mozda ne ciljno bas nego ama redovno udirat bojnici i mreni.Kaj nas osven plofkarenjeto drugi tehniki ne se razvieni pa zato i e cudno.Mene koga izlegov so feeder na pcinja ribarite mi se smeeja posle dva tri udara site pocnaa da se vrtat okolu mene.Toa ti e makedonija.

АвторCOLON  kire [Вто Феб 15, 2011 8:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник


Еве еден удар на Бојник,пред се колкава мајсторија е потребна да се осети ударот на бојникот. :o

АвторCOLON  Boris [Вто Феб 15, 2011 9:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Хааа, ова е одличен пример, браво за дечките кои го доловиле ова, ова е добар пример за многу луѓе кои ме убедувале дека фаќањето бојник на голема тапа е исто што и на мала, во оваа ситуација на некоја 3-4 грамска тапа, дечкото немаше апсолутно ништо да осети

АвторCOLON  kompir99 [Сре Феб 16, 2011 11:36 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Бојник

Videoto go gledav edno petnaeset pati i :shock: :shock: :shock:
neverovatno setilo.....MUNGOS...Odlicno za linkot....

Страна 16 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/