www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:32 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 3:39 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 26, 2017 4:02 pm
МислењаCOLON137
Дали можи на Охридско во лето да се лови со дубинка на далечина од 100 до 250 метри далечина од брег.
Ако се зафрла до 100 метри речиси и нема улов.
Е сега со опрема за Wind Surf - трска од 4 до 4.5 метри и тежина на зафрлување од 100 до 200 грама со некоја крапска машинка дали би можело да се улови нешто покрупно од над 200 грама па до неколку килограми како крап, клен, црна мрена, грунец, јагула, писа.

Ова ме интересира бидејќи речиси и неможи да се улови нешто до 100 метри далечина, бидејќи покрупните риби се во подлабокото, а во плиткото одма удира ситнежот кој ја кради мамката.

Освен што треба потешка опрема дали треба за мамка да се користи нешто поеластично како чкембе за да не отпаѓа при зафрлувањето, или голема дождовна глиста да се прицврсти со фино еластико.

Пошто е голема веројатноста при влечење да запни јадичето во трева или камења, па за предвез да се користи слаб конец од 0.2 мм, за да се откини тој дел и да не мора да се сечи и изгуби основниот конец кој би бил со дебелина од 0.3 до 0.45 мм. Позади него да има вирбла која со стопер е разделена од лизгачко олово со тежина од 100 до 150 грама.

Исто прашање е на таква далечина дали рибата би се хранела на дното за да ја пронајди мамката или бара храна во погорните слоеви.

Што мислите дали овај риболов би бил успешен.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 4:10 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Мошне интересни прашања поставуваш но мислам дека нема да добиеш соодветен одговор.

Мое мислење е дека и многу поблиску има крупна риба само треба да сенајде, а од друга страна
нели е поедноставно и попаметно да седнеш во некое чамче - кајче и да си ловиш како човек.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 4:34 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 26, 2017 4:02 pm
МислењаCOLON137
Bobi_Brada НапишиCOLON
Мошне интересни прашања поставуваш но мислам дека нема да добиеш соодветен одговор.

Мое мислење е дека и многу поблиску има крупна риба само треба да сенајде, а од друга страна
нели е поедноставно и попаметно да седнеш во некое чамче - кајче и да си ловиш како човек.
да ама чамче немам, а со овие нашите закони, со душа барат да казнат некој без причина, па не би ризикувал со тие дозволите за лов од кајче


Да прашам ова кога ловите од кајче во подлабоко дали ловите на дно или некаде на среден слој, по тоа ќе знам дали би успеало и дубинка

Инаку ако начекам поблиску до брегот поголеми риби што не можат д се најдат, т.е. јас што немам наченако оти многу ретко рибарам, прво би пробал со спин ако е клен, ако е мрена на тапа или дно.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 7:54 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Друже ако успееш да дофрлиш над 100-250 метра пријави се во крапска репрезеација :lol:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 8:30 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
prvo treba da znaes koja riba koga se priblizuva kon bregot. i klenot i krapot se lovat i poblisku ama ne sekade. frlanje 200m jas barem nit sum videl niti ke vidam vo dosledno vreme. za dlabocina treba sonar. ako e klen olovoto e najdole i toa ke se vlece a ne jadicata. bez hranenje bilo koj ribolov dzabe tie.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 1:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
И битен е периодот и што риба сакаш да ловиш....

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Ное 30, 2017 5:25 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Идејата ти е многу оптимистична но нефункционална, еве 2 совети

1. Поголемите риби кои ги бараш, како што ти пиша некој претходно, исто така доаѓаат кон брегот, можеби преку ден и во галама на обала ги нема или ги има помалку но навечер се придвижуваат сите тие кои ги имаш наведено кон брегот, затоа приквечерината, ноќта и рано сабајле се периоди кога можностите за улов се поголеми и тоа е досега многупати докажано. Ако имаш можност направи си сесија риболов од неколку дена како што прават крапџиите и ќе се увериш. Ќе си прихраниш поблиску до каде можеш да дофрлиш и ќе тераш.

2. Во однос на далечината и да успееш некако да дофрлиш на 200 метри џабе ти е ако не храниш таму, а за да храниш пак ти треба чамче, а кога ќе имаш чамче може и со веслање (развлекување) да ги однесеш мамките до 200 метри ако си се нафурал дека баш таму ќе имаш улов. Чамчиња помали и гумени имаш и за 2-3 илјади денари така што можеби е добро да размислиш да си купиш.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 01, 2017 12:46 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Ponekogas prasanjata na forumov nalikuvaat na Hipoteticko ili Retoricko prasanje koga od sogovornikot, slusatelot ili citatelot ne se ni ocekuva da dade odgovor. Tuku samo da se zadlaboci vo sustinata na samoto prasanje i da razmisluva.

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 01, 2017 2:06 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Aпр 15, 2011 3:11 pm
МислењаCOLON553
ЛокацијаCOLONSkopje
u majkumu :shock: :shock:

_________________
Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum