www.ribar.com.mk
http://mail.ribar.com.mk/forum/

Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар
http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=104&t=2891
Страна 16

АвторCOLON  Предраг [Чет Ное 08, 2012 9:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Денес 08.11.2012 година, во Апелационит суд Скопје, соба број 95 во 14.00 часот ќе биде читана пресудата во спорот помеѓу МРФ и ЗСРРК Вардар од една страна како тужители и ЕВН Македонија од друга страна како тужен, поради настанат помор на риба на реките Треска и Вардар во 2007 година, чиј причинител е ЕВН Македонија.

АвторCOLON  Rade [Чет Ное 08, 2012 9:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

E vo vakvi slucai ni fali Talionskoto nacelo "oko za oko, pasta za zabi".

Odnosno neka platat paricna osteta za narusuvanje na ekosistemot, neka odgovara nekoj prekrsocno ili krivicno (i fizicko i pravno lice), a za ribata: KOLKU toni riba e UNISTENO, TOLKU toni mali ripcinja da bide PORIBENO.

Pa neka se mislat posle od kade ke uvezat tolku pastrmka i ostanata riba i dali nema da vnimavaat naredniot pat. :foottap:

АвторCOLON  Предраг [Чет Ное 08, 2012 9:53 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Неофицијално барана е оштета од 100.000 евра а повторно ќе кажам неофицијално треба да платат 54.000 евра е дали судиката ќе прочита овака ќе видиме.
Повикани се сите медиуми да присуствуваат на читањето на пресудата, да видиме дали ќе се пренесе веста и кава е пресудата :yahoo:

АвторCOLON  Филип [Чет Ное 08, 2012 9:58 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Само да не отидат парите во Вардар (нема да се вратат во реката), нека отидат во МРФ сите, колку и да се :eusa_pray:

АвторCOLON  stevogarecot [Чет Ное 08, 2012 12:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Neka dade nekoj podetalna informacija za pomorot i zosto EVN e vinovnikot...da bideme vo tek site

АвторCOLON  Филип [Чет Ное 08, 2012 12:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

http://star.vest.com.mk/default.asp?id= ... Makedonija

Риби се удавија во Треска!?

22/09/2007

Се претпоставува дека причина за масовниот помор на риби што вчера утрото бил забележан по текот на Треска и Вардар е наглото испуштање на вода со тиња од акумулацијата Матка

Поголема количина пцовисана риба вчераутро била забележана во водите на Треска, во близина на акумулацијата Матка, и во реката Вардар, кај Градскиот парк. Граѓаните што го забележале поморот, веднаш ги известиле ветеринарната и земјоделската инспекција.
Според првичните информации, рибата не е отруена од токсична материја туку пцовисала од вода со тиња која во Треска утрото била испуштена од акумулацијата Матка. Инспекциските служби велат дека, најверојатно, имало чистење на акумулацијата, па дошло до одлевање на поголеми количини органски материи кои го намалуваат кислородот во водата и може да предизвикаат масовен помор на рибите.
Пријавите во инспекциите за пцовисаната риба стигнале од локалното население, но и од поголем број рибарски здруженија. Тие инсистирале екипи од двете инспекции итно да земат мостри од водата за да утврдат од што пцовисала рибата. Но за да биде мистеријата поголема, кога инспекторите се појавиле на терен, не пронашле ниту едно парче мртва риба.
"Имаме сознанија дека уште рано сабајлето, кога луѓето ја виделе рибата на површината на водата, почнале да ја собираат. Со некои луѓе што разговаравме ни рекоа дека кај акумулацијата Матка локалното население полнело цели кошници со мртва риба", ни рече вчера Ванчо Димитриев, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.
Според Димитриев, анализите од земените мостри ќе треба да ја откријат вистинската причина за поморот на рибата.
Абдујалзел Догани, раководител на одделот за ветеринарна инспекција, вели дека неговите инспектори вчера го пребарале целиот тек на реката Вардар во делот на Градски парк, но не успеале да најдат мртви риби.
"Мостри од водата се земени и ќе бидат испратени на анализа во лабораторијата на Ветеринарниот факултет во Скопје. Испитувањата треба да покажат од што пцовисала рибата", вели Догани.

АвторCOLON  howitz [Чет Ное 08, 2012 12:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Спорот е од 2007 - ма година. Какво супер кул судство имаме.

АвторCOLON  kircask [Чет Ное 08, 2012 1:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Tuzis 2007 doagja presuda 2017 godina kaj go ima ova bre samo kaj nas, + pari na pola od vkupnata barana suma, ovie imale da stedat 10 godini za da si go platat slucajov hahahha

АвторCOLON  Илчо [Чет Ное 08, 2012 1:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

Kaj nas zakon e samo za da lici ne funkcionira epten nekoj covek ako ubie deka morat go sudat.... :hit_head:

АвторCOLON  Предраг [Чет Ное 08, 2012 3:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Читање на пресуда за помор на риба на Треска и Вардар

ЧУДНО НО ВИСТИНИТО !!!!
ТУЖБАТА Е ОДБИЕНА :!:
Точно е дека имало помор, неспорно е дека се случило не НЕМАТЕ ПРАВО НА ОШТЕТА :o за поморот нетреба никој да плати !!!
Борис е правник сигурно ги разбира подобро правните работи, имаш доказ, делото е случено и НИКОЈ НЕ Е КРИВ!!!
Сепак ова е Македонија :head_bang:

Страна 16 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/