Мала Утеха за нас :
ПС ДЕЛЧЕВО СИ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА РАБОТА ПРОФЕСИОНАЛНО !!! ИМ БЛАГОДАРИМЕ !!!
ПС Делчево поднесе кривична пријава против правното лице Трговско друштво за производство на млечни производи млекара „Делчево“ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево и против одговорното лице И.К.(33), управител, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „загадување на добиточна храна или вода“. На 19.02.2014 година, претседателот на Спортското риболовно друштво „Брегалница“-Делчево пријавил дека во потечението на реката Брегалница имало помор на риби. Од страна на увидна екипа е извршен увид и се земени мостри за испитување на риба и вода, при што од страна на УКИМ Институтот за сточарство во Скопје од извршената анализа е констатирано дека причината за поморот на рибите е акутно труење со киселина. Извршени се проверки кај правното лице млекара „Делчево“ ДООЕЛ, при што е утврдено дека во процесот на чистење на опремата која се користела за обработка на млекото е употребено хемиско средство, по што на наведената дата ја испуштиле штетната вода во одводните води на млекарата, а потоа во реката Брегалница со што истите ја загадиле реката и го довеле во опасност опстанокот на животинскиот свет и помор на поголем број риби.