Јован јас не ни мислев конкретно на крапот туку пред се на другите видови риби кои воопшто не се размножуваат по рибниците, а кои историски и генерациски се поврзани со нашето население и риболовци ...кркушка, мрена, клен, смуѓ, грунец, костреж, сом, бојник и повеќе други.....значи сите овие риби се дел од нашите води и ги има во риболовните основи, но за жал таму Васил, или Хидробилошки Охрид ги форсираат крапот и пастрмката и затоа денес никој не ги размножува и неможеш да одиш и од некој лиценциран рибник да купиш и порибиш на пример со 500 кила мрена....во контекст на овој моабет треба да има и конкретни рибници за производство на атохтони риби како што е моментално моабетов со крапот во преспа
Divi zajci da pocneme da razmnozuvame , moze li ? Krapot i pastrmkata imaat pred se ekonomsko-prehrambena vrednost kaj nas . Znaes , toa e ona da jademe i da preziveeme ?? I ne samo kaj nas nego i posiroko vo Evropa . Ajde najdi liceniciran ribnik za mrena na Balkan i jas ce gi platam tie 500 kg . mrena , moze li ? Mrena ce poribuvas
Znaci li toa deka i mrenata ja izlovija krivo-rekreativcite . Ima li nekoj napraveno istrazuvanje deka e drasticno namalen neziniot broj vo rekite pa treba poribuvanje ? Mrena ce poribuva gospodin Boris , zamislete samo
A ova e legendarno vejce ...licenciran ribnik za krkuski
A licenciran ribnik za klenovi e kapak na se
REprocentri za Grunci , kostrezi more duri i za bojnik treba nekoj da otvori
Jas sakam da otvorat licenciran reprocentar za podmladok na onie mali zeleni sto krekaat vo vodata ama da bidat ATOHTNI , si ja sakam istata melodija , ne sakam uvozna , nekako namalen im e brojot ... gi nema da me zaspijat so nivnata krek-krek melodija
Dajte bidete malku seriozni so zelbite kolegi , vakvi zelbi ni dedo mraz ne ispolnuva
Полека со мавање по глава ќе те заболи....а тоа што се смееш доволно говори какви ти се погледите ...
Прво - Јас кога зборувам за репроцентри, зборувам за порибување на нашите реки и езера, за риболов, а не за економско-прехранбена вредност. Значи јас не зборувам за рибарници на пазар што ќе продаваат, туку за риболовците во вода што ќе ловат. Ме заболе мене, а и најголем дел од риболовците за економско-прехранбена вредност на рибите, во прв ред рибарите гледаат да имаат риба на трска, да имаат убави риболови, да има адреналин и све останато што иде со риболов.
Второ - кога зборуваме за риболов не секој риболовец е заинтересиран баш и само за крапот и пастрмката, има многууууу риболовци болни за риболов на мрена, клен, бојник, сом, смуѓ и да не ги бројам сите други риби кои ги набројав, па и кркушката. Ако сакаш и од прехранбен аспект многу луѓе се дават во јадење кркушка, костреж, сом, многу пати сум слушал дека луѓе и бараат да купат вакви риби. Така што ако ти се смееш за порибување со вакви риби јас може да констатирам дека или ти си ограничен во погледите, или нешто не во ред со тебе. Бараш истражување за тоа дали бил драстично намален бројот на рибите во реките ....е ова е за смеење, ма и за плачење
Какво пусто истражување бараш црни Келтан ....не туку се ориентирај по тоа вукојебината кај што одиш ти и каде што тешко пристапува чоек, туку гледај во цела Македонија, оди промубаети со рибарите низ државава од разни краеви па да видиш дали ти треба “истражување да се утврдело дали снемувало риби“
Трето - Ти можеш да се смееш колку сакаш за порибувања со клен, мрена, кркушка, бојник....ама секое здружение риболовно, а посебно тие што се концесионери на реките, па и на езерата прво и основно во својата работа треба да се водат од интересите на своите членови и муштерии на водата која ја концесионираат и кои доаѓаат кај нив да извадат карти, а таму многу од луѓето кои што доаѓаат да ловат доаѓаат токму да ловат вакви риби попадика, кркушка, бојник, мрена, клен....прашај кого сакаш и каде сакаш со разни варијации ловењето на тапа сеуште е риболов кој најмногу го практикуваат широкиот круг на риболовци и луѓето ги бараат овие риби и концесионерите се заинтересирани за порибувања со овие риби, а дел од нив скришно и незаконски и порибуваат со вакви риби. Така што незнам зошто концесионерите да бидат во ситуација да прават криминали и скришно да порибуваат со вакви риби. Јас не кажав дека баш мора и да има посебни рибници баш за некоја риба, ама сигурен сум дека може на поедини рибници на пример од 10 линии или дупки во 2-3 да произведуваат некоја од овие риби, колкав ќе биде интересот ќе видиме, ама јас сум сигурен дека цело производство ќе биде купено од концесионерите....и тука доаѓаме до четвртото, а тоа е да нема фаворизирање риби и да се поттикне ваквото производство на риби од страна на институциите
Четврто - Во риболовните основи треба да се престане да се фаворизираат крапот и пастрмката. Додека другите риби само се спомнуваат дека ги има во водите, за крапот и посебно за пастрмката се инсистира на конкретни бројки, тежини и единки кои мора да се пуштаат секоја година. Тие риболовни основи директно се поврзани и со договорите за концесија кои МЗШВ ги потпишува со концесионерите и концесионерите веќе влегуваат во правен однос со конкретна обврска порибување на крап и пастрмка, така што ако некој концесионер сака да порибува со нешто друго прво и основно се соочува со проблем со неговите обврски, т.е договорот, а таму јасно е наведено колку треба да се истртори за да купи пастрмка на пример, а кога ќе се истртори за пастрмка ќесето веќе му е празно за други порибувања. Кој го прашува него дали риболовците кај него се заинтересирани за ловење пастрмка или дали има традиција за ловење пастрмка. Ќе му дојде на крај на година инспектор и ќе му бара доказ дали ги исполнува обврските, т.е дали купил и порибил со пастрмка, кој го прашува за други риби. Конкретни примери има колку сакаш, куп здруженија негодуваат на вештачки наметната обврска да порибуваат со пастрмка, или крап. Ене прашај ги на пример Брегалница од Штип...прашај ги кој тип на риболовци им доаѓаат на река, што сакаат да ловат и адекватно на тоа што треба да се порибува,...дали се тоа крапот и пастрмката.
Петто и последно - Кога се случуваат помори по рекиве што мислиш ти Келтан од досегашно искуство што си прочитал кои риби најмногу страдаат, во најголем дел тоа се кркушката, мрената, попадиката, кленот итн...и што се случува понатаму...и ако се успее да се добие некакво обештетување од некоја фабрика или загадувач кој концесионер и каде ќе ги најде овие риби да ја надокнади штетата ??? Умреле 10 тона вакви риби, концесионерот треба да пориби со 10 тона пастрмка
....е ова е смешно Келтане...затоа што вештачки се менуваат цели структури на риби, а со тоа и желбите на рибарите што тоа сакаат да риболоват.